TVIT1095

                "Голема предност е кога човекот се препушта во Божји раце! Луѓето си поставуваат цели и се трудат да постигнат успех, а не им паѓа на ум да се запрашаат каква е Божјата волја, ниту пак, сакаат да ѝ се прилагодат. Треба со надеж да Му се препуштиме на Бога, за Тој правилно да нѐ насочи, па сами да правиме сѐ што е потребно и тоа со голема посветеност.

               Ако човекот не се надева на Бога и не се препушти целосно во Неговите раце, ќе се мачи. Обично луѓето прво прибегнуваат кон човечката утеха, а кога ќе се разочараат од луѓето, дури тогаш се вртат кон Бога. Но, ако не сакаме да се мачиме, треба веднаш да бараме Божја утеха, бидејќи таа е единствената вистинска утеха. Не е доволна само верата. Надежта во Бога ја привлекува Неговата помош. Христијанинот верува и се надева на Него до упокојувањето, а тогаш јасно ја гледа Божјата рака која го спасувa."

Cвети Јован Кронштатски