vozdvizenie.jpg

            „...Ниту една од овие работи не се сокриени од вас, ако вие совршено ја имате таа вера и љубов кон Исус Христос, кои се почеток и крај на животот. Бидејќи, почетокот е верата, а крајот е љубовта.

Овие две работи, кои се нераздвојно поврзани меѓу себе, се од Бога, додека сите останати работи кои се потребни за свет живот следат после овие две.

               Ниту еден човек кој навистина исповеда дека верува – не греши, и тој што има љубов – не мрази никого.

Дрвото се познава по плодот; така што тие кои исповедаат дека се Христијани, ќе бидат препознаени по нивното однесување.
Бидејќи, сега не се бара просто исповедање, туку човекот да биде постојано во силата на верата се` до крајот...“

Свети Игнатиј Богоносец