SV.Tadej.t

              “Да се напуштат тие партии, да се обединат политичарите, да се спасува куќата. Не мора една држава да има преку сто партии. Тоа значи дека скроз сме се разединиле. Државата е едно домаќинство со многу членови. Ако сите нејзини членови не се едно, за да се спасува куќата, таа куќа пропаѓа. Ако се обединат, за да се спасува куќата, ќе видат како сè ќе се преобрази. Да бидеме единствени, во одбрана на куќата, во средување на домаќинството, својата држава..
Народот, обичниот човек, може со молитва да помогне.
                Кога народот би се преобразилтогаш и политичарите би се преобратиле. Бог е господар на сите умови. Кога бараме сите од срце, Он е тој кој дава благодат да се ослободиме од злото.
                Не знаеме да мислиме зло, ги сакаме сите, а тоа е огромна сила. Огромна сила, обединета и непријателите стравуваат.“

 

Свети Старец Тадеј Витовнички