SV.Efrem.Filotejski.k

 

+++На овој ден - 8 Декември (25.Ноември)- 2019 г. заспа во Господа Големиот Светилник на Православието, ЕФРЕМ ФИЛОТЕЈСКИ-СВЕТОГОРЕЦ АРИЗОНСКИ, на 91 г.Современ Светител и голем чудотворец, духовно чедо на Великиот подвижник светогорски Јосиф Исихаста.
Нека му е вечен споменот и нека не спомне пред Бога во Царството Небесно.


-ПРОЧИТАЈТЕ ЗА МОЌТА НА МОЛИТВАТА НА СТАРЕЦОТ ЕФРЕМ ФИЛОТЕЈ
-ОДБЕГНАТА АВИОНСКА ТРАГЕДИЈА-
                Во понеделникот, 9 октомври 2017година, за време на утринскиот лет од Тус-Аир,од Кипар до Израел, се онесвести кипарскиот пилот Панајотис .
Десет минути пред слетувањето откажаа моторите, пилотот изгуби свест и почувствувал како две топли раце ја преземаат командата и го приземјуваат авионот назад кон Ларнака, од каде што полета.
Дваесет и двајцата еврејски патници обземни од паника викаа:
-"Ќе умреме, ќе умреме"!
Само еден православен архимандрит, отец Андреј од Назарет, остана мирен и молчејќи се молеше на својата бројаница.
Летот беше успешно завршен и пилотот дојде побожно да му ја бакне раката на архимандритот. Беше многу потресен и упорно го повторуваше истото прашање:
-"Каде е Старецот што седеше покрај вас?"
Архимандритот одговорил дека никој не седел до него!
           Пилот не можеше да верува на своите уши и упорно објаснуваше:
-"Еден низок, многу слаб старец, со бела брада, кој ги држеше моите раце на управувачот, зарем не го видовте ?Тој нè спаси!"
Тогаш архимандритот ја извади фотографијата на старецот Ефрем Филотејски, сега Аризонски и му ја покажа на пилотот. Пилотот остана запрепастен, препознавајќи го Старецот на фотографијата.( истиот тој кој ги спасил).

sv.Efrem.Filotejski.k1


                 Старец Ефрем Филотејски беше жив свет отец кој од Св Гора отиде да живее во Аризона. Имаше 91 г. Тој вели:
-„Доаѓаат многу тешки денови. Обрнете внимание на својата душа.Обединетесе и ставете се во подвиг".
Старец Ефрем излезе од Св. Гора (од изолираност). Старецот молеше од Господ да го продолжи времето, но Господ му рече дека антихристот се спрема и дека веќе започнуваат тешките години.
Нашето време е темпирано. Нé очекуваат големи маки и опасности на земјата. Разбеснетиот сатана сака да нé проголта и да нé однесе во пеколот. Само благочестивите луѓе ќе се спасат и ќе ги избегнат неговите заби и ќе се вселат во Царството Небесно. Од година во година ситуацијата се влошува. Има сé повеќе и повеќе грешници, блудници, изопачености; гревовите секојдневно се преумножуваат.
Таквата состојба не може долго да трае и ќе дојде Божјиот Суд. Затоа мораме да побрзаме да им помогнеме на нашите ближни да ги сакаме и љубиме.
Мораме да им помагаме на нашите блиски, на нашите браќа и сестри во Христа, да им помагаме во нивната болка и страдање.
Ние сме сигурно заштитен само ако сме под заштита на Пресвета Богородица, а во опасност сме ако живееме под јаремот на постојано грешење, кое во моментов е во постојан пораст во светот.
Старец Ефрем Филотејски (Аризона, Мораитис) е духовно чедо на Јосиф Исихаст кој пишуваше за својот духовен отец во прекрасната книга „Мојот живот со старецот Јосиф’’.
--Еве уште нешто за Старец Ефрем:
            Можеме ли да кажеме, дека Отец Ефрем се пожртвувал себеси, преселувајќи се од Света Гора(рајот на земјата) во пустината на Аризона?
Да, баш така.Тој излезе од рајот (од Света Гора) и отиде да гори во пустината на Аризона .Но благодарение на тие манастири кои тој ги изградил таму, се спасуваат не илјадници, а милиони луѓе.
Јас бев во неговиот манастир и таму видов кинези, монголци, жители на Далечниот Север. Се сретнав таму со еден млад брачен пар со мало детенце од Индонезија, дојдени од другиот крај на светот, и ги прашав: «Вие дојдовте во Америка да работите?»
А слушнав во одговор «Не, ние дојдовме кај старец Ефрем ».
          Луѓето со часови летаат со авиони, само за да го видат старец Ефрем. Тоа е пример како еден човек, кој се затворил во пештера и почнал да ја говори молитвата
«Господи Исусе Христе, помилуј ме»
кој се оддал на послушние на својот старец и почнал да се променува себеси, а денеска спасува илјадници луѓе.


-Во спомен на старец Ефрем Филотејски!-