Aко едните ги мразиш, другите ниту ги сакаш, ниту ги мразиш, а некои, пак, ги сакаш умерено, некои многу, тогаш од оваа неуедначеност на љубовта разбери дека си далеку од совршената љубов која те побудува подеднакво да го сакаш секој човек.

На оној кој го сакаш, секако настојуваш и да му служиш. Значи, ако некој Го сака Бог, секако настојува да го прави она што Му е Нему угодно, а ако некој го сака телото, тогаш го прави она што му е угодно на телото.

Луѓето не го ценат златото толку заради некоја потреба, туку заради тоа што златото им служи за многу уживања.

Постојат три причини на љубовта кон богатството: сластољубието, суетата и неверието. Но, полошо од првите две е неверието.

Сластољубивиот го сака среброто затоа што со помош на тоа раскошно живее. Суетниот, пак, со него да се прослави; а неверниот за да го сокрие и чува, плашејќи се од гладот што доаѓа или од старост, или болест, или прогонство и повеќе се надева на своето сребро отколку на Бог Создателот на секоја твар и Промислител и за најпоследните и најмалите созданија.

Постојат четири групи луѓе кои собираат богатство: три се погоре споменати, а во четвртата спаѓа економ. Очигледно е дека само овој правилно го собира богатството, за раздавајќи секому според потребата, никогаш да не осиромаши.

Св.Максим Исповедник

Избор од фб профил на

Весна Ѓоќевска