Од чудата на Свети Лука Кримски

„Јас дојдов кај тебе за да те оперирам“

„На 15 јануари 2006 година неочекувано силно ме заболе десното уво. Еден од моите познаници, кој многу го почитува Свети Лука, ми подари книга со неговото житие. Прво, што ми дојде во глава, е да се помолам на Светителот за да ми помогне, бидејќи во душата верував, дека тој е голем Светител. Јас ставив во увото малку памук, го помазав со масло од кандилото, и одозгора ја ставив иконата на Свети Лука и ја заврзав со шамија.

Со мојата роднина матушка А, почнавме да размислуваме, дали да одам во државна болница или не. На крајот решив да не одам никаде. Сепак знаев дека нема да заспијам од неподносливата болка. Но набрзина заспав. Во сонот ми се јави самиот Архиепископ Лука, во архиерејски одежди. Во рацете држеше некој медицински инструмент, сличен на долга игла. До него стоеше А. П. – мојот другар, кој ми ја подари книгата за Свети Лука. Светителот ми рече:

„Јас сум Свети Лука, и дојдов да те оперирам. Не плаши се, нема да те боли.“ А потоа се заврте кон мојот пријател и му рече: „Гледај, како јас сега ќе ја направам операцијата“. Тој стави цевче во моето уво. Јас почувствував некое пробивање, но беше безболно.

Разбудувајќи се утрото, разбрав, дека увото не ме боли. Памукот во увото целиот беше натопен со гној. Јас отидов кај докторот отоларинголог А.Г. на преглед. Тој потврди, дека е направена пункција на ушното тапанче и постави дијагноза – силно воспаление на средното уво. „Госпоѓо, ме праша докторот, – вас кој ве оперираше? Хирургот, кој ја направи хирушката интервенција, навистина е професионален хирург.“ Јас му одговорив: „Докторе, гледам, на работната маса имате икона, и знам дека сте верник, и затоа ќе ви раскажам“.

Јас му кажав за тоа, што се случи ноќта, му раскажав за Свети Лука и му подарив книга со житието на Светителот и негова икона.

Докторот се согласи со мене. Ми препиша антибиотици и рече – среќа, што гнојот излезе, инаку вие можевте да останете без слух.

После една недела повторно отидов кај докторот, и тој ми соопшти, дека сум целосно здрава.

 

Избор од фб профил на

Николај Филотеев

+++

 

За слугите на гревовите и слугите на праведноста

Има добри души, а има души наклонети кон зло, полни со гревовни желби.

Кај мнозинството луѓе, душата е потчинета на телото и се стреми кон тоа, да служи на неговите страсти, наклонета е кон презаситен живот со многу задоволства. На оваа душа треба да ѝ се погубат, истребат сите нејзини ниски телесни барања, кои го сквернават и телото и самата душа.

Свети апостол Павле се обраќа на Римјаните кои поверувале во Христа, кои го напуштиле некогашниот пагански начин на живот, полн со гревови и разврати, со следните зборови: Но, благодарејќи му на Бога, вие, иако бевте робови на гревот, од сѐ срце му станавте послушни на оној вид учење, на кое му се предадовте. Откако се ослободивте од гревот, вие станавте робови на правдата (Рим. 6,17-18).

Пред да го познаат Бога тие биле исполнети со секаква неправда, блудство, злоба, лукавство, користољубивост, полни со завист, убиства, расправии, измами, лоши нарави, озборувачи, клеветници, богомрасци, силеџии, фалбаџии, горди, измислувачи на зло, непослушни кон родителите, неразумни, неверни, недружељубиви, непомирливи, немилостиви (Рим. 1,29-31).

После големиот спасоносен преврат, во нивната свест се откажале од робувањето на гревот и станале слуги на праведноста.

Свети Лука Кримски

 

 

IИзбор од фб профил на

Православие.Мк †