Душата којашто се предала на волјата Божја, лесно ја поднесува секоја неволја и секоја болест, затоа што и во болеста таа се моли и Го созерцува Бога: “ Господи, Ти ја гледаш мојата болест. Ти знаеш колку сум грешен и немоќен. Помогни ми да трпам и да Ти благодарам за Твојата благост.” И Господ ја олеснува болеста, и душата ја чувствува Божјата помош, и се радува пред Бога и Му благодари.

Ако те снајде некоја неволја, тогаш размислувај: “Господ го гледа моето срце, и ако Му е угодно, тогаш ќе ми биде добро и мене, и на другите.” И така, твојата душа секогаш ќе биде во мир. А ако некој ропта: “Тоа не е така, а тоа не е добро”, тој никогаш нема да има мир во душата, дури и ако пости и многу се моли.

Свети Силуан Атонски

 

Избор од фб профил на:

Ivica Trajkovic

30ти март 2019 лето Господово