логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  ПОУЧУВАЊЕ ВО ПЕTOK ВО ПРВАТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ

  Телото ваше е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас.  
 1 Кор. 6, 19.


 
Св. Игнатиј (Брјанчанинов)


Возљубени браќа! Во сегашно време, кога се подготвуваме да станеме учесници во Светото Тело и Светата Крв на Богочовекот, пристојно е да размислиме од колкава важност е нашето сопствено тело. Неговата вредност е исклучително важна. Неговото значење го претстави Светиот Апостол Павле на следнив начин: Вашето тело е храм на Светиот Дух Кој живее во вас.

Браќа! Дали ние обрнуваме внимание на вредноста на нашето тело? Дали ние го гледаме овој предмет лесно и површно како на предмет кој не ни е неопходен во било какво анализирање? Меѓутоа, Бог ни објавува преку устата на Апостолот: Телото ваше е храм на Светиот Дух Кој живее во вас.

Човечкото тело беше земено од земјата, но не е создадено за земјата. Падна во распадливост, но не беше создадено за распадливост. Тоа е создадено, украсено од Создателот за вечноста и вечното. Тоа веднаш по содавањето беше оживеано од бесмртната и света душа, заедно со неа вознесено од земјата во светол рај за да пребива (остане, живее) во неа, за духовна дејност, за духовно насладување; за телесно задоволство беше неспособно. Во спротивно, тоа не би можело да излезе од рацете на Светиот Творец, освен како целосно чисто и свето; подоцна гревот го искриви и го изобличи. Неговото око беше толку беспрекорно, што не ја виде голготата на другите членови, кои за возврат не претставуваа ништо што требаше да биде прикриено. Душата не беше преплавена и вознемирена од страстите; ниту пак телото беше вознемирено. Крвта не зовриваше од гнев и не се оладуваше од жал и тага. Смртта не беше својствена на ова тело; болестите му беа несвојствени; тоа немаше потреба да се заштити од стихијните влијанија; тоа не било оков и темнина на душата: тоа беше за неа чудесна, вечна нова облека.

Човекот падна. Гревот ја порази со смрт, како неговата душа така и телото. Областа на смртта над човештвото е толку сеопфатна и толку моќна што ниту еден од многубројниот човеков род не ја избегнува; секој човек се раѓа веќе со почетокот на смртта во себе и може да биде подложен на неа во секој момент од својот земен живот и сигурно ќе се појави во неговиот час. Нема да погрешиме ако признаеме дека сите скитници на Земјата се мртовци во движење! Што е нашиот живот на земјата ако не постојана борба со смртта? Од таква состојба, ние никако не можеме да извлечеме заклучок за состојбата која му беше природна на човекот до неговиот пад; не можеме никако да судиме за телото на првобитните според нашето тело. За првосоздадената, блажена и бесмртна состојба ние можеме да размислуваме само во Божествено Откровение. Ние можеме да видиме опитно, потполен нејзин доказ во нашиот Господ Исус Христос и делумно во оние избраници Божји кои ја пројавија силата на откупот не само во душата, туку и во своето тело, дарувано од Богочовекот на човештвото.

Телото на Адам не потона во водите, не изгори од огнот, беше непристапно за смртта[1]. Такво беше телото на новиот Адам, нашиот Господ Исус Христос; тоа ја вкуси смртта, но ја вкуси единствено по волјата на Богочовекот: вкусувјќи смрт тоа не престана да биде живо, зашто откако беше одделено од душата, не се оддели од Божественото. Тоа се вознесе на небото, со одново воодушевување на Адамовото тело во рајот. Тука тоа ги привлекува телата на вистинските христијани: каде што е светото тело, таму ќе се соберат и духовните орли (Лука 17:37). Иако ги гледаме сега телата на починатите татковци и браќа како се спуштаат во мрачниот гроб и се  покриени со земја; иако очекуваме дека истото ќе се случи и со нашите тела; но веруваме и знаеме дека овие тела нема да останат секогаш на Земјата. Тие ќе воскреснат. Освен тоа,воскреснатите праведници и живите праведници – праведниците ги нарекувам вистински христијани – нема да останат на земјата: во последниот ден на овој преоден свет, во почетокот на невечерниот ден на вечноста ќе бидат вознесени со своите тела во воздух, за да се сретнат со Господ и така таму на небото секогаш ќе бидат со Господа[2]. Телото кое е посеано во гроб во распадливост, ќе стане нераспадливо, ќе стане во слава, ќе стане во сила; земното тело ќе стане тело небесно, телото душевно ќе стане тело духовнo[3].

Тоа е целта на човечкото тело. Се раѓа заразено со смрт и грев, се раѓа во смрт според сликата на телото со кое е создадено првото тело, создадено од прав и ќе се врати во прав смртниот човек; но ќе се прероди во крстилницата за спасение по образот на телото кое го примил Небесниот Човек, зачнувајќи се и раѓајќи се од Светиот Дух и Пречиста Дева: сите кои во Христа се крстија, во Христа се облекоа (Гал. 3,27). Преку чудеснато Таинство на Евхаристијата, нашето тело се соединува со Телото на Самиот Христа, – телото се соединува со Божественото Тело, крвта со Божествената Крв. Кој јаде од Моето Тело и пие од Мојата Крв, рече Господ, пребива во Мене и Јас во него (Јован 6,56). Оној кој го јаде Светото Тело Христово и ја пие Светата Крв Христова, преку такво целосно вкусување, доаѓа до совршена заедница со Богочовекот: неговото тело се создава од Телото на Богочовекот, неговата крв се создава од Крвта на Богочовекот. Вистинскиот христијанин почива во Господ и Господ почива во него; христијанинот е облечен во Христа и повторно, во христијанинот е Христос. Согледувајќи ја оваа величина на христијаните, Апостолот ни вели: Вашите тела се Христови членови (1 Кор.6,15). Телото е за Господ и Господ за телото (1 Кор. 6,13). Облечете се во Господа нашиот Исуса Христа и грижата за телото не претворувајте ја во похоти (Рим. 13,14). „Даровите на Светиот Дух’’, вели еден голем угодник Божји[4], „веќе се природни за обновената природа’’. За телото веќе е природно да стане едно со Телото Христово, да биде Храм на Светиот Дух: каде е Христос, таму сплотено и неразделно со Христос е и Светиот Дух.

Многу вистински служители Божји за време на земниот живот пројавиле присуство на Светиот Дух во телата и со тоа опитно покажаа дека телата на христијанините треба и можат да бидат храм на Светиот Дух. Сенката на Светиот Апостол Петар ги излекува болните[5]; полагањето на платната кои ги имал Светиот Апостол Павле за своја употреба, ги принесуваше кон болните и болните при полагањето на нив се исцелуваа, а нечистите духови кои ги мачеа излегуваа од нив[6]. Змијата отровница, таа најотровна змија го нападна Апостолот; Но, тој остана неповреден, како да беше неподложен на каснувањето на змијата. Некои светители одеа по вода, преминуваа како крилести, значителни пространства за најкратко време, при молитвите тие се воздигнуваа со своите тела од земјата, како да предвидуваа, според зборовите на некој свет писател[7], бидејќи вознесувањето во воздухот се јавува како возвишена способност. Не само во нивната душа, туку и во самите тела дејствуваше Светиот Дух! Како што во телата човечки подобни на животните несловесни зовриваат различни страсти, така спротивно на тоа, во осветените тела врие и се излева Божествената благодат, угодувајќи го телото со небесна и духовна сладост умртвувајќи го за грев. По одвојувањето на душата од такво тело, распадливоста не се осмелува да го допре, бидејќи без разлика на отсуството на душата, во него е присутен Светиот Дух, откривајќи го Своето присуство на различни знаци, достојни и својствени на Духот.

Зошто нашите тела му се туѓи на духовното осветување? Зошто нашите тела се способни само за чувства што се подобни на животните, додека Светиот Дух сведочи дека друго е телото човечко, а друго е телото на животните (1 Кор. 15,39)?

Затоа што не внимаваме на предупредувањето на нашиот Господ, Кој рече: Пазете се вашите срца да не бидат оптоварени со прејадување и пијанство и грижа за овој свет (Лука 21,34). Отежнаа срцата наши, се прилепија кон земјата нашите души: таквата состојба на духот доведува до безделничење на телото и ние остануваме туѓи на опитот што го знаеме, а тоа е дека нашето тело може да се радува за живиот Бог (Псалм 83,3): Горе да ги имаме срцата и тука следствено по срцето се повлекува и телото. Да Го возљубиме Господа така како што Он ни заповеда да Го љубиме, со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила (Марко 12,30), что е невозможно да се исполни без учество на телото. Да ги направиме нашите тела духовни, небесни! Да ги избавиме од тешкиот премин од темнина во темнина: од темнината на гробот во темнината на адот. Имаме неопходна должност да го направиме тоа: ние сме првично создадени за небото, а потоа по падот, ние сме откупени за небото. Ние целосно Му припаѓаме на Бог, а не на себе. Не припаѓате само на себеси, ни вели Апостолот: купени сте по цената, по цената на бесценетата Крв на Синот Божји. Затоа прославете Го Бога во своите тела и во своите души кои се Божји: зашто и вашето тело, не само душата, е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас (Кор. 6, 19 – 20). Амин.

Св. Игнатиј (Брјанчанинов)


[1]   Прп. Макариj Велики, слово 4-то, глава 3
[2]   1 Кор. (15, 51–52); 1Сол. (4, 15–17)    
[3]   1 Кор. 15, (40, 46)
[4]  Великиј  Сисој. См. Скитски  Патерик
[5]  Дела (5,15)
[6]  Дела (19,12)
[7]   Калист и Игнатиј Ксапфопулов за безмолвието и молитвата, гл.25, Добротол., д. 2
--------------------------------

Извор:

https://pravoslavie.ru/2977.html                                        

Подготви: Снежана Корнет

15ти март 2019 лето Господово

 

Друго:



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5803
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6403
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная