Објаснување на некои изреки
на свети Антониј Велики
-  дадени по смртта на светиот отец од страна на еден старец.


2.  Прашањеː „Зошто авва Антониј му рекол на својот ученик Павлеː „Оди, седи сам, за да ги проучиш демонските напади?“


Одговорː „Затоа што му посакувал совршенство. Зашто совршенството на монахот се состои во навикатаː со духот да управува со сѐ во себе си. Но, таквото самоуправување доаѓа заедно со чистотата на срцето. А чистотата на срцето се придобива кога со него управува умот, а со умот управува непрестајната молитва. Нападите од  демоните биваат преку помисли и привиденија, кои се посилни тогаш кога сме осамени и безмолвни.


Забелешкаː Осаменоста овозможува непрестајни случаи на суптилни помисли, кои биваат испраќани од демоните. Оваа борба ја води умот, кој е молитвено во Бога и бдее над срцето, кое управува со умот. Непрекинливоста на овој духовен подвиг при разновидноста на искуствата на овие борби нѐ учи на духовно самоуправување и создава навика и во неа е сето совршенство на монахот и на секој христијанин.  


Изворː ДОБРОТОЉУБИЕ – Том I

 

Подготви: Т.С.

14-ти јулу 2017 лето Господово

 

 Тропар на светиот
Антониј Велики
17 јануари / 30 јануари

 глас 4
 Ревноста Илиина во својата
природа ја вгнезди,
правите патишта на Крстителот ги следеше,
оче Антоние, на пустината
бивајќи жител,
вселената ја утврди со твоите молитви.
Затоа, моли го Христа Бога
да ги спаси нашите души.



Извор МПЦ – ОА