Погрижи се да влезеш во своето внатрешно сокровиште, и ќе го видиш небесното сокровиште. Зашто и првото и второто се едно; и со еден влез ги здогледуваш обете. Скалилата на другото царство се сокриени внатре во тебе, т.е. во твојата душа. Изми се од гревот и ќе ги најдеш таму праговите на скалилата по кои можеш да се искачиш до него.


✜ Потруди се да влезеш во твојата внатрешна одаја; таму ќе ја видиш небесната одаја, зашто тие две одаи, всушност, се една единствена одаја; со навлегувањето во едната, истовремено ќе ја видиш и другата.
✜ Кога умот ќе го соблече стариот човек и ќе се облече во новиот, во благодатниот, тогаш ќе ја види својата чистота, слична на небесен цвет, кој, старешините на Израилевите синови, го именувале, „местото каде што стоеше Бог“ (2. Мој. 24, 10), кога Бог им се јавил на планината.
✜ Којшто постојано ја запазува својата душа, срцето негово ќе се развесели со откровение. Оној што умот свој го усредоточува внатре во самиот себеси тој ја гледа во себе зората на Духот. Оној што се гнаси од расеаноста на својот ум, тој Го гледа својот Господ – внатре во своето срце.
✜ Оној што сака да Го види Господа во себе, да се труди со сите сили да го очисти своето срце со тоа што постојано ќе си спомнува за Бога, и така, во светлината на својот ум, секој час ќе Го гледа Господa.

 

За Преминпортал подготви: Т.С.