1. Авва Памво го праша св. Антониј што да прави, и тој му одговори: „Не надевај се на својата праведност; покај се вистински поради поранешните гревови, зауздај го јазикот, срцето и стомакот“.

2. Истото прашање му го постави и авва Пимен, а Антониј му одговори: „Пославно од сите други дела што човек може да ги направи е – исповедањето на своите гревови пред Бога и старците, осудувањето на самиот себе, и подготвеноста за напади од секакви искушенија до последен здив“.

3. Некој друг го праша: „Што да направам за да Му угодам на Бога?“, а тој одговори: „Каде и да одиш, секогаш имај Го Бога пред очи; што и да правиш, барај потврда за тоа во Светото Писмо; и не напуштај го лесно местото каде што живееш. Запази ги овие три заповеди и ќе се спасиш“.

4. Аввата советуваше еден ученик: „Бегај од својот стомак и барањата од овој век, злобната похота и човечките почести, за да не бидеш во светот, и ќе пожнееш мир.“

5. На еден брат, кој немал ревност, и кој го молел да се моли за него на Бога, авва Антониј му одговорил: „Ниту јас, ниту Бог ќе се сожали на тебе, доколку ти самиот не се погрижиш за себе, и доколку не се молиш на Бога.“

 

Извор: http://pravoslavie.mk.

 


Не е грев она што се прави според законот на природата, туку е грев лошото што се прави според слободната волја;

Не е грев да се јаде храната, туку е грев да ја јадеме без благодарност, без побожност и невоздржливост;
Не е грев да се гледа едноставно, но е грев кога гледаме со завист, горделиво и ненаситно;
Не е грев кога слушаме мирно, но грев е кога слушаме со гнев;
 Не е грев кога го тераме јазикот да благодари и да се моли, но е грев кога клевети и осудува;
Не е грев кога нашите раце се зафатени со давање милостиња, но е грев кога им дозволуваме да крадат и да убиваат.

И така, секој дел греши според нашата слободна волја правејќи зло место добро - спротивно на Божјата волја.“


Св Антониј Велики