СВЕТИ ИСАК СИРИН
„Навистина со чисто срце е оној кој сите луѓе ги гледа добри и кому никој не му е нечист и осквернет.“

 

„Без оттуѓување од светот никој не може да Му се приближи на Бога. Добродетелта на оддалечувањето од светот се состои во тоа, умот да не се занимава со светот.“
„Светот е општо име кое го опфаќа она што го нарекуваме страсти. Кога сакаме да ги именуваме сите страсти заедно ние го користиме зборот свет, а кога сакаме да ги разликуваме според видовите, ние ги нарекуваме страсти.“
„Навистина со чисто срце е оној кој сите луѓе ги гледа добри и кому никој не му е нечист и осквернет.“
„Навистина со чисто срце е оној кој сите луѓе ги гледа добри и кому никој не му е нечист и осквернет.“
„Она што длабоко се соединило со твојата душа сметај го за твој имот не само во овој свет.“
" „Кога на една страна ќе ги ставиш сите останати подвижнички дела, а на другата тихувањето, ќевидиш дека тоа (тихувањето) ќе натежне на вагата.“
„Смирението и без подвизи ги чини многу прегрешенија да бидат простени, а без смирението и подвизите се бескорисни, па дури и ни причинуваат многу тешкоти.“
„Смиреноумниот никогаш не застанува да погледне на собири, на народни трибини, на гужва, метеж и распуштеност. Тој не обраќа внимание на зборови, говори, викотници и расеаност на умот. Тој не сака да има многу, ниту постојано да е зафатен со работи, туку има постојана жед за длободно време, за спокој, за мир, за скромност, во побожност„ „Навистина со чисто срце е оној кој сите луѓе ги гледа добри и кому никој не му е нечист и осквернет.“
„Светлината ги покажува работите реално, и се преумножува или отстапува во зависност од начинот на животот.“
„Како што сенката го следи телото, така милоста Божја го следи смиреномудриот.“
„Приближувајќи се кон својата постела кажи и: може оваа ноќ да ми бидеш гроб. И не знам оваа ноќ дали на мене наместо привремениот ќе дојде вечниот иден сон.“

 

Подготви: презвитер Горан Стојчевски