„Не можам да разберам зошто луѓето не го бараат мирот од Господа?
Та Господ толку многу нè љуби, што за ништо нема да нè одбие.

Јас порано не го знаев тоа, и мислев:
„Дали Господ ќе се грижи за мене штом толку Го нажалувам?

Но, кога мојата душа се исполни со љубовта Божја и со сладоста на Светиот Дух, и тоа толку многу, што кога Господ би ме прашал:
„Сакаш ли да ти дадам повеќе од Мојата љубов и од благодатта на Светиот Дух?”, тогаш мојата душа ќе речеше:

„Господи, Ти гледаш дека јас не можам повеќе да поднесам, и ќе умрам”.

И штом Господ го милува грешникот со Својата несфатлива милост, тогаш што да речеме за Светиите? Колкава ли благодат имаат тие?

Можеби некој ќе рече:
„Зошто Господ мене не ме љуби толку, и не ми ја дава таквата благодат?”

Така, некој старец му кажал на Антониј велики:

„Зошто ти, оче Антониј, имаш поголема слава од мене, а се трудиш помалку од мене?”
На тоа Антониј му одговорил:
„Затоа што јас Го љубам Бога повеќе отколку ти”.

 

 

 

ПРАШАЊА ЗА СВЕТИТЕ ОТЦИ

- Зошто кога човек ќе се разболи, велат, дека Бог го посетил?

„Кога е човекот болен, тогаш и душата почнува да го бара Господа. Затоа и вразумувањето е добро, доволно е само вразумениот да благодари“.

Преп. Ефрем Сирин

- Зошто се испраќаат болестите на луѓето?

„Болестите се испраќаат за простување на нашите гревови, а понекогаш за смирение на гордоста“.

Преп. Јован Лествичник

„Видов луѓе што тешко страдаат, кои телесните маки како некоја епитимија ги очистува од душевните страсти“.

Преп. Јован Лествичник

- Едни велат дека треба да се лекуваме кај лекар, а други дека треба се` да оставиме во рацете на Бога и да не посетуваме никакви лекари?

„Како што не треба да се избегнува медицината, така е нецелисходно врз неа да ја полагаме целата наша надеж.
Но како што се ползуваме во земјоделието од опитот, а за плодовите го молиме Бога , така и одејќи кај лекар, не престануваме да се надеваме на Господа“.

Св. Василиј Велики

 

Подготви: Мина Даниловска

Преземено од фејсбук страната