sv.GRIGORIJ.PALAMA.jpg

СВЕТИ  ГРИГОРИЈ ПАЛАМА  И НЕБЕСНИОТ СОБОР


sv.Grigorij.Palama1.jpg


Оваа визија ја запишал  Патријархот Филотеј Кокинос, летописец на светиот Григориј Палама. Исто така, неа ј а повторил  и Јеромонахот Атанасиј од Парос во животописот на свети Григориј Палама.

Во Големата лавра на Свети Атанасиј на Света Гора  живеел аскет, совршен во својот подвиг.
Го поминувал  времето во   осама и молитва; овој исихаст никој ниту го видел, ниту го чул, освен еден или двајца монаси.

 Еднаш, овој подвижник имал желба Бог да му ја открие состојбата на светиот Григориј Палама, каде е и со кого е, овој свет избраник од Бога. По подолго време и деноноќни молитви кон Бога, ја имал следната визија:

На Исихастот му изгледало како да се наоѓа во Константинопол, во големата и преубава црква Премудрост Божја (Аја Софија), иако, тој во својот живот никогаш не ја видел  ниту оваа црква ниту Константинопол.
Во центарот на црквата го видел заседанието на Светиот Собор. Меѓу присутните Отци го препознал великиот Атанасиј, Василиј и Григориј, Јован Златоуст,
 Григориј Ниски, мудриот Кирил и многу други свети богослови.

 Додека нивната дискусија траела , побожниот исихаст се обидел да чуе за што разговараат, но не успеал. Изгледало како разговорот да се приближувал кон крајот. Тогаш слушнал конечно како сите едногласно прокламирале:

„Не можеме да гласаме или да ја одобриме сегашната одлука без Григориј, ерархот Солунски.
 
Веднаш потоа, еден свештенослужител отишол да го повика ерархот. Набрзо се вратил и рекол дека не може да му се приближи и да разговара со Него, зашто ерархот стоел покрај Царскиот Трон и дека лично со Царот разговарал.
 Теолозите повторно му заповедале на свештеникот да се врати  и да чека поволна прилика  за да му се обрати.
Кога успеал да разговара со него, му рекол:
 „Соборот не може да ја одобри својата одлука без Вашето присуство“.

Штом ерархот ги чул овие зборови, отишол на заседанието на Соборот. Оние, кои успеале да го видат свети Григориј, станале и го дочекале. Тогаш,  тој бил доведен да седне меѓу нив на главно место, заедно со Свети Василиј Велики, Јован Златоуст и  Григориј Велики.
Светецот гласал и со тоа ја  одобрил нивната одлука.

На општа слава на Црквата Христова, расправата се однесувала на учењето кое Светите Отци го учеле во раните години на Христијанството. Во потполност истакнале дека овие учења се точно формулисани.

Тогаш, потврдиле дека Свети Григориј Палама,  инспириран од Светито Дух, внимателно ги собрал нивните записи, ги проучил и одлично ги објаснил, успешно борејќи се и посрамувајќи ги новите ереси.
 Потоа, заеднички и индивидуално долго му укажувале почит, На крајот, сите станале од своите места и Соборот го завршил заседанието.

Сега на Небесата, Тој  се радува во Соборот на благословените, зашто бил кроток, живее во земјата која кротките ја наследуваат.

(Пофалби на Св. Григориј Палама во втората недела на Великиот пост, глас први)
 
Ти сега Бога го славиш со Светите богослови покрај Тронот на Семилостивиот Бог, зашто беше  на нив еднаков со начинот на живот ,
 о, мудар Григориј, ерарх Солунски,
 слава на Епископите, украсен со почестите на високото свештенство.

Од “Столбови на Православието“, Скит на Светите Апосотли, (стр. 579 - 581)

Подготви: М. Даниловска

Prevod s engleskog: Vladimir Srbljak
29. 12. 2011.
http://www.manastir-lepavina.org/vijest.php?id=5939