7.Vselenski.sobor

Поука I
ЗА ОДРЕКУВАЊЕТО И ОДВОЈУВАЊЕТО ОД СУЕТНИОТ ЖИВОТ

7.Vselenski.sobor
                                                                      
 
 Нашиот Бог и Цар, е добар, предобр и седобар (кога им се говори на слугите Божји, всушност и со Бог треба да се започне) ги создаде сите словесни суштества и ги обдари со достоинството на слободата.
Едни, затоа се пријатели Негови, а другите, вистински слуги, некои Му се слуги некорисни, другите, пак, сосема  се отуѓиле,  а други Му се противници,  иако ништо не Му можат.
 
Пријателите Божји, како што  ние тоа во својата ограниченост го сметаме, честити оче, всушност се духовните и бестелесни битија околу Него. Вистински слуги се сите кои се неуморни и воодушевено секогаш го правеле и го прават само тоа што е по Неговата волја.
 
Бескорисни слуги се оние, кои што се сметаат себе си за крстени, а заветот на крштението не го исполниле  како што треба.
Отуѓени, пак, од Бога и непријатели Божји, мислиме дека се оние што во Бога не веруват или  веруваат искривено.
Богоборци пак, се оние  кои не само што сами ги прекршиле и отфрлиле  заповедите Господови, туку со сета сила се борат и против оние кои што ги исполнуваат.
Секој од споменатите видови изискува посебна и пригодна книга. Но нам, неуките, во овој случај, излагањето за тоа не би можело да ни користи.

 Ајде, затоа, сега да побрзаме, да ја испружиме покорно и без поговор својата недостојна рака  кон вистинските слуги Божји, кои со своите наредби побожно нè принудија и љубезно нè присилија  да пишуваме, од нивните знаења да ја позајмиме трската за пишување, да ја натопиме  во темното мастило на светлото смиреноумие, па тогаш, како на некоја хартија   (или  подобро – како на табличка духовна) да ја спуштиме на нивното измазнето и чисто срце.
Запишувајќи ги Божествените зборови, како Божествено семе да сееме, да почнеме вака:
   Бог е живот и спас на сите кои со слобода сте обдарени:
 верните и неверните,
праведните и неправедните,
побожните и безбожните,
бестрасните и страсните,
монасите и световните,
паметните и глупавите,
здравите и болните, младите и старите, како што без разлика и за секого се – светлината, сонцето, воздухот.
 Бог не гледа кој е кој (Рим.2,11;уп. Еф.6,9).
 
Безбожникот е смртно битие кое има разум, а своеволно бега од вистинскиот живот, та за Творецот Свој Кој вечно постои, мисли дека не постои. Престапник е оној што законот Божји го толкува  по своето злоумие и мисли дека верува и покрај тоа што е обземен со богоспротивно мислење.
 
Христијанинот е вистинска слика Христова колку што е возможно на човекот, во зборови, во дела и мисли, со вистинска и непогрешлива вера во Светата Троица. Богољубецот е оној кој учествува  во се` што е природно и безгрешно и кој не пропушта спрема своите можности  добри дел да чини.  Воздржливиот, е оној кој и покрај искушениојата, замките  и метежот се искачува со сета сила да го подржува Оној кој што е далеку од сето тоа.
 
Монахот му припаѓа на ангелскиот чин и (води) ангелски живот  кој се остварува во вештенственото и валкано тело. Монахот е човек кој се држи само за Божјите заповеди и зборови, во секое време, на секое место, во секоја работа.
 Да се биде монах значи непрестајно да се принудува природата и неуморно над своите сетила да се бдее.
Монахот има посветено тело, очистена душа и просветлен ум.
 Монахот е преболна душа, постојано обземена  со сеќавањето за смртта, било да бдее, било да спие. Одвојувањето од светот, омраза кон она што луѓето во светот го фалат и спротивставување на природата заради постигнување на она што е надприродно.
 
Сите оние кои што спремно го отфрлија она што му припаѓа на овој живот, секако, поттикнати беа (со желба) за идното Царство , или заради мноштвото гревови, или, пак, заради љубов спрема Бога.
 Ако од ниедн од спомнатите цели не се раководеле , нивното напуштање на светот бесмислено е. Само во тој случај, добриот наш Судија очекува да види каков ке биде крајот на нивниот животен пат.
 
Кој го напушта светот за од себе  да го отфрли бремето на гревовите, нека се угледа на оние што седат на гробовите вон градот и нека не ги прекинува жешките и горчливи солзи свои, ниту нечујниот лелек на срцето, додека и самиот не го здогледа Исуса како доаѓа за да ја откорне  карпата на скаменетоста  на срцата и не го ослободи умот од врските на гревот – како што Лазар го ослободи  ( Јн. 11,44) – заповедајќи им на своите послушни ангели:
 „ Разрешете го од страстите и пуштете го кон блажената бестрасност да оди! “ Инаку тој нема никаква полза од напуштањето на светот.
 
На сите нас кои сакаме да излеземе од Египет и да побегнеме од  фараонот, безусловно ни е потребен некој Мојсеј, посредник по Бога помеѓу нас и Бог, кој ревносен во делата и согледувањето би ги испружил  за нас рацете свои кон Бога за да го преминеме морето  на гревовите под негово водство и Амалика стрстите во бегство би ги натерале.
Со самото тоа, се излажаа некои кои надевјќи се на своите сопствени сили мислеле дека никаков водач не им е потребен. Зашто, оние кои од Египет излегоа  го добиле Мојсија за водач, а оние од Содома што побегнаа имале ангели. (Пост.19,1 итн).
Првите наликуваат  на луѓе кои се препуштаат  на негата на лекарот за да ги илекуваат болестите на душата своја: тие се оние  кои излегоа од Египет. А вторите наликуваат  на луѓе силно што сакаат да ја соблечат од себе сета нечистотија на  гадното тело: затоа им е потребен ангел. Воколку ни се потешки раните, дотолку ни е попотребен вешт лекар.
 
На луѓето кои се нафатиле со тело да се искачат на небото, потребен им е навистина краен напор, проследен со безгранично страдање (особено на почетокот на нивното одрекување), додека сластољубивата наша природа и нечувствителното срце  со помош на вистинскиот плач не се претворат во богољубие и чистота.
 Зашто, каењето, длабокото каење и големата, невидлива горчина неизбежни се во овој подвиг,  најмногу кај оние кои што живет површно,  се` додека умот наш, тоа бесно и гладно куче, преку простотата, длабоката кротост и ревносен  труд  не стане  буден стражар на чистотата.
 
Но, да  бидеме храбри, сите ние,  страсните и немоќните и со вера непоколеблива, како со десница,  да Му принесеме и да Му ја  признаеме на Христа немоќта и слабоста на душата своја. Тој неизоставно ќе ни помогне, дури и повеќе отколку што заслужуваме, само доколку се држиме непрестајно во длабоко смиреноумие.
Нека знаат сите кои пристпуваат кон овој убав, суров, мачен но и лесен подвиг, дека дошле за да се фрлат во оганот – доколку сакаат оганот духпвен да се всели во нив.
Затоа, секој нека се испита себе си, па дури потоа нека јаде од лебот  на монашкиот живот  замешан со горчливо зелје и нека пие од чашата со солзи исполнета, за да не се бори на сопствена осуда. Кога ни секој крстен не се спасува – останува подобро да премолчам!...
 
Оние кои го започнуваат овој подвиг, за да постават сигурен темел, потребно е од се` да се одречат, треба се` да презрат, се` да исмеат, се` да отфрлат.
 Цврст, троен и тростолбен темел го чинат:
безазленоста, постот и целомудрието.
Сите деца во Христа нека започнат со овие добродетели, земајќи ги во предвид вистинските деца: во децата нема нималку зло.
Никогаш во нив нема да се најде расипаност, ниту глад незаситна, ниту стомак  ненаситен, ниту тело од похоти распалено. (Всушност, можеби тие страсти се рзвиваат со човековата возраст, распрскувајќи оган во нас).
 
Навистина е  одвратно, а и опасно  е борачот да малаксува, а  само што ја започнал борбата, зашто секој во тоа ќе го види предзнакот на неговиот пораз. Во секој случај,  одлучниот почеток ќе ни биде од полза и подоцна кога малаксалоста ќе настапи: храбрата душа, изморена во подвигот, ја поттикнува сеќавањето на првобитната ревност како бодило. Некои, благодарение на тоа, често се подвизувале.

Кога душата, издавајќи се самата себе, ќе ја изгуби блажената и мила топлина,  грижливо нека се испита, заради каква причина се лишила од неа, па со сета ревност и сила нека настојува  да ја отстрани. Таа топлина невозможно е да биде вратена низ друга врата, освен низ онаа на која што излегла.
Човекот кој од светот се одрекол покренат од стравот, личи на запален темјан, кој најпрвин ќе замириса, а потоа звршува со чадот. Оној, пак, кој тоа го напрвил заради награда, потсетува на  воденички камен кој секогаш еднолично се врти. А човекот кој што од Божествена љубов го напушта светот, веднаш, на почеток  стекнува оган. Тој, како во некоја шума да е фрлен, за миг израснува во огромен факел.
 
Има луѓе кои градат на темел од камен; други, без никаков темел, на гола земја, ги загреваат жилите и зглобовите, та побрзо чекорат. Кој е паметен, ќе ја разбере сомболичната поука.
 
Сесрдно да потрчаме на повикот на нашиот Бог и Цар! Инаку, како што сме со краток век би можело да се случи на денот на смртта да останеме без никаков плод, та  од  глад да ни дојде крајот.
 
Да Му угодиме на Господа како што војниците на царот му угодуваат: од самото стапнување во војната служба од нас се бара совесно да служиме.
Да се боиме од Господа барем толку колку што од ѕверовите се плашиме.
 Видов луѓе кои во кражба тргнаа, не плашејќи се од Бога; а кога на тоа место лавежот на кучињата го слушнаа - веднаш се вратија.  Она што стравот од Бога не можеше да го направи, го направи стравот од ѕверовите.
 
Да го засакаме Бога барем толку, колку што ги сакаме своите пријатели.
 Често сум гледал луѓе кои Бога го навредија и нималку за тоа не се насекираа; а кога истите тие луѓе со некоја ситница   ги навредиле пријателите свои – ги употребиле сите средства,  се премислувале на секој начин,  се` трпеле, за се` се извинувале, и лично, и преку роднините  и со подароци – само за да ја обноват првобитната љубов.
 
Во самите почетоци  на подвигот на одрекувањето од светот, добродетелите се стекнуваат, секако, со труд и мака.  Напредувајќи понатаму, стануваме нечувствителни за тешкотиите, но ги чувствуваме само уште малку.
А кога ревноста потполно ќе обземе и ќе ја освои нашата телесна природа, добродетелите ги стекнуваме веќе  во потполност проткаени во радост, копнеж и во божествен пламен.
Колку се за пофалба  оние луѓе кои веднш, на почетокот, радосно и сесрдно ги извршуваат заповедите Божји, толку се јадни оние, пак, кои целиот свој век го поминаа во подвиг извршувајќи ги заповедите – но, сеуште со мака.

Ниту одрекувањата кои што се предизвикани од надворешни околности не се за потценување  и осуда. Знам за некои, кои  бегајќи  неочекувано се сретнале со царот, се приклучиле на свитата негова, влегле во дворецот и биле поставени на царската трпеза.

Видов семе, случајно на земјата паднало, како напреден и обилен плод донесува. Се разбира, возможно е и обратното. Видов и човек кој дошол во болница за некква друга работа, а не да се лекува; меѓутоа бил освоен од љубезноста на лекарите, му паднал  мракот од очите, па се задржал на лекување.  Така  она што на некои им се случило против нивната волја, вредело и им значело повеќе отколку  она  што другите намерно го прават.
 
Никој не би требало да се нарекува недостоен за монашкиот позив, под изговор дека има многу тешки гревови и потценувајќи се себеси заради сластољубивост, измислувајќи изговори за гревовите ( Пс.140,4).
 Кај што има многу гној, таму е потребно поопсежно лекување, за да се отстрани нечистотијата. Здравите не се за во болница.
 
Кога овоземен цар би нè повикал, со намера да нè прими во своја лична служба, ние нема да се двоуиме, не би наоѓале изговори, туку подготвено би оставиле сè и бу му поитале во пресрет.
Затоа, да внимаваме, заради својата мрзливост и лекомисленост, да не го одбиеме повикот, кога Царот над царевите, Господарот над господарите ќе нè повика во овој небесен чин, па на Големиот суд да не останеме без оправдание.
 
Може да оди и човек кој е врзан со синџирите на светските бизниси и грижи, но тешко; и оние на кои нозете им се оковани често мораат да одат, но постојано се спрепнуваат и се здобиваат со рани.
 Неоженетиот човек, врзан за светот исклучиво со работата, личи на оној на кого му се врзани само рацете (зашто, кога ќе посака да тргне по патот на монашкиот живот, врзаноста не го спречува).
А оженетиот личи на роб на кого што му се оковани и рацете и нозете.
 
Некои од оние кои водат површен живот во светот ми го поставија следното прашање:
„Како можеме да му се приближиме на монашкиот живот и покрај своите жени и деловните грижи?“
Им одговорив: „Секое добро дело кое можете да го сторите, сторете го.
Никого немојте да го нагрдувате. Никого не ограбувајте.
Никого немојте да го лажете. Не се правете важни пред никого.
Никого немојте да го мразите. Често посетувајте ја црквата.
 Бидете милосрдни кон сиромасите.
Никого не соблазнувајте. Не допирајте туѓа жена: нека ви биде доволна само вашата. Ако така постапувате, нема да бидете далеку од Царството небесно“.
 
Да тргнеме со радост и со страв Божји на  кај овој прекрасен подвиг, не плашејќи се од нашите непријатели. Зашто, тие, иако невидливи, внимателно го посматраат лицето на душата наша. Кога ќе видат дека од страв се изменило тие уште пожестоко насрнуваат врз нас, зашто забележуваат, лукавите, дека се препаднавме. Да се подготвиме храбро за борба со нив: никој не смее да му се спротивстави на оној кој својски се бори.
 
Господ по својата промисла им ја олеснил на почетниците таквата борба, за во самиот почеток да не се вратат во светот. Затоа секогаш радувајте се во Господа, сите слуги Божји, бидејќи во тоа се гледа првиот знак на љубовта Господова кон нас, како и тоа дека Тој самиот нè повикал.
 
Всушност, се знае  дека Бог и вака прави: кога ќе види одважна душа, Тој веднаш во битка ја воведува, зашто сака веднаш да ја овенча во слава. Ја сокрил Господ од оние од светот неугодноста од ова поприште (иако тоа е всушност угодност).
Кога за тоа би се знаело, никој не би се одрекол од светот.
Усрдно посветувај Му го на Христа трудот на својата млдост, па во староста ќе се радуваш  од богатството на добрината.
Тоа што во младоста се стекнува, ги крепи и ги теши изнемоштените од староста. Да се спрегнеме со воодушевување и да живееме трезвеноумно, зашто мигот на смртта е неизвесен.
 
Навистина, зли и опасни, препредени и подмукли, моќни и будни, бестелесни и невидливи непријатели имаме; непријатели на кои оганот во рацете им  е и кои Храмот Божји сакаат да го запалат, токму со оној оган кој што во него гори.
 
Никој од младите не смее да ги слуша непријателите свои, демоните кои советуваат:
„Немој да го исцрпуваш телото свое, за да не те снајдат неволји и болести“.
 Особено во наше време, тешко дека ќе се најде некој  кој би се решил да го умртви своето тело, иако, по некој се одрекува од обилна и вкусна храна.
Демонот  во тој случај  сака веќе започнувањето на нашиот подвиг да го направи млитав и површен, сметајќи дека крајот ќе биде како почетокот.
 
Оние кои одлучиле сериозно на Христа да му служат, треба да се погрижат како со помош на духовните отци и врз основа на своето сопствено сознание да си изберат себе си соодветно место, начин на подвигот и занимање.
Не е за секого опшштожителството, особено не за оние кои што се слатсољубиви, ниту е за секого испосништвото, зашто, испосничкиот осаменички живот содржи многу поводи за гнев. Секој треба да размисли кој начин на живот најмногу му одговара.
 
На три најглавни видови на подвизи се сведува целокупниот монашки живот: на подвижничко напуштање на светот и осамништво,
 на подвигот на безмолвие со еден или најмногу  со двајца и најпосле, на трпеливо живеење во општожителство.
 
Не свртувај се, вели
 Еклисијаст, ниту надесно, ни налево, туку по Царскиот пат оди. И навистина, средниот од споменатите патишта на многумина им одговара.
 Тешко на осамениот, вели Еклисијаст, зашто нема никого од луѓето за да го подигне кога ќе падне во униние, или поспаност, или мрзеливост, или во очај.
А каде што се двајца или тројца собрани во мое име, таму сум и јас меѓу нив, рече Господ  (Мт.18,20).
 
Кој монах е тогаш верен и паметен?
Оној кој што  го сочувал својот жар и кој секој ден, до крајот на  својот живот, не допуштил да додаде пламен на пламен, жар на жар, ревност на ревност и копнеж за Бога .
 
Кој се уцврстил на овој степен, нека  не  се осврнува на она што е зад него.


Подготви: М. Даниловска
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/lestvica/pouka01.htm