логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

sv.Jovan.Kronstatski6.jpg


1. Нашата несреќа е во тоа што со нашата вера ни се меша кратковидото расудување.
2. Задачата на нашиот живот е да се соединиме со Бога.
3. Добриот човек и самиот е спокоен и на Бога му е пријатен, а на луѓето им е мил.
4. Кој ги мрази другите, тој се измачува и тиранисува себе.
5. Без Христа суетно е сето образование.
6. Љуби без лукавство, љубовта е едноставна.
7. Моли се за луѓето, моли се за нив како за себе.
8. Секој грев е војна против Бога.
9. Животот на срцето е љубовта, а неговата смрт е злобата и непријателството кон братот.
10. Парите ти доаѓаат едноставно и без голем труд, така и ти дели ги парите со другите.
11. Скржавоста е од ѓаволот, а дарежливоста од Бога- Он е Отец на сите дарови.
12. Љубовта тежнее да даде задолоство на љубениот и се прави за него.
13. Се е Божјо, ништо не е наше.
14. Без принуда на самиот себе на добро, нема да се спасиш.
15. Живата е непоколеблива вера може одеднаш да направи големи чуда.
16. Мирот е целовитост и здравје на душата, губењето на мирот е губење на душевното здравје.
17. Нашиот живот е детска игра, но не наивна, туку гревовна.
18. Кој е нестрплив и раздразлив, не се спознал себе и човековата природа и не е достоен да се нарече Христијанин.
19. Секој грев потекнува од самољубието.
20. Моли се со срцето и ќе заспиваш со спокоен, здрав и смирен сон.
21. Не занесувај се со гледањето на човечката убавина, туку гледај ја душата.
22. Неверувањето е исто што и лагата.
23. Срцето е око на човечкото битие; колку е почисто, тоа појасно гледа.
24. Молитвата не заштитува и избавува од гревот.
25. Треба да се молиме огнено, со енергија од срцето.
26. Ако го љубиш својот непријател ќе бидеш премудар.
27. Не заборавај дека зборот е почеток на животот.
28. Љуби го секој човек како себе си, бидејќи тој е „другиот ти“.
29. Во секој поглед е добро да се дава на сиромашните.
30. Срцето е фино, лесно, духовно и небеско по природа – чувај го.
31. Неволјите се голем учител.
32. Овој свет го распна и се до денес го распнува Синот Божји.
33. Нема човек во кој нема макар и најмало добро.
34. Милостината е добро пред се за оној кој ја прави.
35.  Треба да се сакаат непријателите пред се затоа што ѓаволот нив ги потикнува да не мразат.
36. Смелоста е голем дар Божји и големо богатство на душата.
37. Каде што нема борба, нема ниту добродетел.
38. Наука над науките е победата на гревот во нас, или на страстите кои делуваат внатре во нас.
39. Нашата несреќа е во тоа што често нашето зло го препишуваме на другите.
40. Едноставноста е човеково најголемо добро и добродетел.
41. Колку пати сум се молел со вера, Бог секогаш ме слушаше и ги исполнуваше моите молитви.
42. Нема ништо поважно на светот отколку спасението на душата.
43. Гревот е силен, но Господ е посилен; гревот е брз да фрли во пропаст, но Господ е побрз да не спаси.
44. Ако не сакаш неволји, не ја прави на другите.
45. Цврсто верувај дека секој збор кажан на молитва ќе ти се исполни.
46. Подобро кажи пет зборови од срце отколку мноштво од јазик.
47. Оној кој е дрзок кон ближниот, дрзок е и кон Бога, а такви се многумина од нас.
48. Љубовта не го трпи самоправдувањето, не се превознесува и не се гордее.
49. Надежта е во молитвата, а молитвата без надеж е гревовна молитва.
50. Телото е недоверлив и минлив пријател.

Подготви: дипл. теолог Александар Ивановски
(извадок од книгата „Терапија на душата по Светите Отци)

 

Друго:

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6419
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5612
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная