Едно момче постојано се жалело дека го фаќаат „уроци" и одел кај некоја жена која, наводно, знаела како од тоа да го заштити.

„Како може таа да ти помогне?"

„Не знам, зашто се што кажува, го кажува во тајност и не можам да чујам".

Старецот Пајсиј рекол:

„Црквата ништо не прави во тајност!"

Потоа му дал крст и го посоветувал:

„Носи го овој крст и никој не ќе може да те погледне со „урокливо око". Отиди на исповед и причести се. Само на луѓето, на кои им се далечни овие две работи, подложни се на „урокливо око".

 

+++

„Отче, сакам да најдам убава девојка и да се оженам". Старецот одговорил:
„Ако сите бараат само убави девојки, што ќе правиме со другите? Ке ги фрлиме ли на буниште?"

 

Извор: СТАРЕЦ ПАЈСИЈ СВЕТОГОРЕЦ

Издавач: Повардарска епархија

+++

 

 „Кога се обидуваме да се ослободиме од страстите и никако не успеваме во тоа, тогаш тоа се случува или поради нашиот егоизам и гордост или, пак, затоа што ги критикуваме и осудуваме ближните.“