Пред нашите очи се случува тивка трагедија. Во нашите домови, а се однесува на нашите деца. Статистиките се поразителни и најлоши во последните 15 години. Покажуваат дека децата се во лоша емоционална состојба.

Ова се деталите:

– Едно од пет деца има ментални проблеми;
– Хиперактивноста е зголемена за 37%;
– Тинејџерските депресии се зголемени за 37%;
– Стапката на самоубиства меѓу деца од 10 и повеќе години е зголемена за 200%.

Се обвинуваат образовниот систем, генетиката и слично, но најголема вина имаат родителите.

Денешните деца се лишени од основите на здравото детство, како што се:

– Емотивно достапни родители;
– Јасно дефинирани граници и насоки;
– Одговорности;
– Балансирана исхрана и адекватен сон;
– Вежби и игри на отворено;
– Креативни игри и социјална интеракција;
– Можност за неструктурирано време и досада.

Освен тоа, децата добиваат:

– Дигитално опседнати родители, кои постојано гледаат во телефон;
– Попустливи родители чии деца се „владетели на светот“;
– Чувство за права, но не и за одговорност;
– Неадекватен сон и небалансирана исхрана;
– Седење, недвижење и живот во затворено;
– Бескрајна стимулација со технолошки „бебиситерки“;
– Моментален успех и отсуство на каква било досада.

Како тоа да се поправи?

Потребно е враќање на основите. Поставете граници како родители и запаметете дека сте родител на вашето дете, а не пријател. Дајте им го на децата она што им е потребно, а не само она што го сакаат. Не плашете се да кажете „не“ за одредени работи.

– Обезбедете квалитетна храна;
– Поминете еден час дневно во природа;
– Имајте семејна вечера без мобилните телефони;
– Играјте по една друштвена игра дневно;
– Детето нека биде задолжено за една домашна обврска дневно (да ги среди играчките, облеката и слично);
– Одредете време за спиење и не користете технологија за заспивање;
– Учете ги на одговорност и независност;
– Не штитете ги премногу од мали пропусти, тоа ги тренира нивните вештини што се потребни за преоѓање преку поголемите животни предизвици.

Научете ги вашите деца сами да можат да се грижат за себе и не завршувајте ги сите работи наместо нив. Учете ги да бидат трпеливи и да не ја избегнуваат досадата по секоја цена бидејќи таа ја буди креативноста. Бидете емоционално достапни за нив и намалете го користењето на технологијата.

Воспитувајте ги да бидат културни и учтиви, да ги почитуваат другите. Учете ги да се соочат со фрустрациите и бесот и поврзувајте се со нив емотивно. Не е доцна за воспитување морално, етички и емоционални здрави генерации.

 

Извор:https://deca.mk/tivkata-tragedija-koja-ja-zhiveat-nashi/