Оти, само на малкумината не им грижа ниту за здравје, ниту за среќа, туку да се соединат со Христа преку Причеста и да бидат едно со Него, со сите и со сѐ преку Него. Но, сепак милоста Негова е безмерна и сите ќе нѐ прими, но ќе им се открие само на оние кои Го бараат повеќе од јадење и пиење.

 

 

Причеста не е награда за еднонеделен пост (или повеќенеделен) определен на своја рака заради прочистување, ниту е еликсир за здравје иако мнозина ќе се туркаме во неред за да пристапиме скоро со затворена уста пред Путирот со мисла да не се заразиме од лажичката, но сепак споменете си дека причеста сама по себе не е цел за здравје и среќа нема врска со нашите инстант сфаќања, туку е единство со Оној кон Кого мнозина се повикани, а малкумина се избрани.

Оти, само на малкумината не им грижа ниту за здравје, ниту за среќа, туку да се соединат со Христа преку Причеста и да бидат едно со Него, со сите и со сѐ преку Него. Но, сепак милоста Негова е безмерна и сите ќе нѐ прими, но ќе им се открие само на оние кои Го бараат повеќе од јадење и пиење.
Наравоучение: не правете ништо на своја рака без исповед и благослов, оти ништо нема да биде од она што сме намислиле дека ќе биде, само ако еднаш годишно правиме нешто пред Бога, и за жал и тоа во своја слава.

Отец Горан Стојчевски

 

 Извор:

ФБ страна на о.Горан Стојчевски