Живееше еднаш еден лош свештеник. Лош го нарекуваа, не за прошетките по паркови, туку за тоа што имаше тежок карактер.

Еве, на пример, ќе го повикаат него за да причести болен, а болниот сакајќи да се оправда зашто немаше желба да биде воведен во духовниот живот, велеше: Знаете, јас познавам еден старец духовник. Така лошиов поп на тоа сигурно ќе забележи дека таков преподобен духовник знаат сите без исклучок, а ако таквиот преподобен  духовник би го познавал болниот, тогаш без никаков сомнеж, самиот би посакал да го причести.

Тој уште сакаше да задава непријатни прашања на оние кои сакаа да го примат Светото Крштение, од што многу ги збунуваше дури и своите браќа.-Верувате ли вие во Бог?- го измачуваше некако човекот пред да го крсти.

-Па, во апстрактното, - не се збуни човекот.
Лошиот поп исто така рече дека поради тоа што тој не познава ниту еден апстрактен човек, тогаш и апстрактен Бог да си замисли не може. И тука одеднаш почна да го чита Симболот на верата, прашувајќи после секој ред, во Овој ли Бог верува барајќи просветлување. А добивајќи одречен одговор, не се двоумеше да го одбие од Светата Тајна.

А доколку испитуваниот одговори дека во Бог верува, лошиот поп започнува да го обесхрабрува од Крштението. -За што ви е тоа вам?- прашуваше тој. – Дали вие сакате да го запазите постот, секојдневно да се молите, да читате Библија, да одите секоја недела во храм и да живеете според заповедите? Дали вие сте подготвени да се откажете од себе во тоа за да колнете срамно, да украдете нешто од работа, да скршнете на лево еднаш или два пати?

Треба ли Крштението да е за тоа, за да се скршите себеси, простувајќи им на непријателите и смируваќи ја својата гордост?

И беше сосема задоволен, ако човекот, исплашен од средновековните барања, одлучи дека за да се крсти сé уште не е подготвен.

Впрочем, тоа беа сé уште цветови. Овој поп им предлагаше на покајниците за абортус, да ја разгледаат опцијата враќање на тој ден на демонскиот времеплов:
-Вие тогаш би го сочувале животот на бебето или сé исто би го убиле него?-Што, сите петнаесет? Сите да се родат, или што?- еднаш се обиде да го вразуми една постара жена.

Залудно, се разбира.Лошиот поп одби дури и разрешителна молитва да прочита!

Еве каков беше тој. На отчитка (егзорцизам,молебен за истерување на зли духови) ги благословуваше само оние, кои испуштаа крици на квичење и мјаукање кај Чашата, не можејќи да се причестат. Не ги одобруваше новите икони, со сомнителност се однесуваше кон старците и пророштвата за последните денови. Не веруваше во исцелителната моќ на млекото и месото за време на постот, проповедувајќи медицина дури и во случај на горушица.
А еднаш дојде до тоа да не благослови една баба да се лечи со пчелин подмор.Што тој, гледате ли, во пчели не се разбира. Па, во ред, запрети. Да се смири мојата христијанска совест. Така не! Одговори, што ниту закана, ниту одобрување не може да се даде. Бабата ја збуни со еден збор.

Но, не гледајќи на тоа, лошиот поп го љубеа редовните парохјани:

-Млади уште, жешки, многумина не знаат, - го заштитуваа тие него пред навредените.

Така замина тој свештеник со човечката добрина и милост.        

                                                                                    Протоереј Сергеј Адодин
                                                                                        
Извор: http://www.pravoslavie.ru/101981.html

 

 

Подготви: Снежана Корнет

25-ти март лето Господово 2017

 

Друго: