1335383549_iona-odesskiy4

Премногу рано почнавме да се радуваме на „возродувањето на верата“ и премногу брзо заборавивме, дека погрешната вера e полоша и од безверието, и дека Христос не го распнале атеисти.


Смислата на верата – е во внатрешното преобразување на човекот, а ако нема таква цел, тогаш верата за брзо станува фанатизам и лицемерие, или само ритуал, кој е потребен да се убеди човекот, дека е „духовен“ и „верник“.


Ние треба да сфатиме, дека добри луѓе во светот има многу, но тие се премногу зафатени со себеси. Не помагаат добрите, туку нерамнодушните. И токму такви – нерамнодушни – треба да станеме. Доколку ништо не се промени во нашата вера и во нашиот живот, многу горчливи библиски пророштва за израилскиот народ ќе вкусиме и на личниот опит, од што да нè избави Господ Бог.

Схиархимандрит Јона (Игнатенко).

з.д/п