логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Монах Арсениј Влианкофтис

Нашава епоха е епоха на голема духовна конфузија и отпадништво од Божјата волја. Татко на таа состојба е ѓаволот, кои употребува луѓе што ги вовлекува во заблуда, за да го реализира својот човекоубиствен план. Таа конфузија ја негуваат воглано групите на таканаречената “Нова Епоха”. Нивна основна догма е дека сите религии се исто. Сите се патишта кои водат кон истата цел. Меѓутоа, Самиот Господ наш Исус Христос ги побива велејќи во Евангелието: Јас Сум Патот и Вистината и Животот (Јован. 14, 6). Според тоа, не постојат многу патишта кон спасението, освен едниот и единствен, а тоа е Христос и Неговата Црква.

Проповедниците на конфузијата ја поистоветуваат христијанската молитва со јогата и со медитацијата, кои се техники на источните религии и на окултизмот.

Со тоа што ќе го кажеме во продолжение верувам дека ќе ја растуриме таа конфузија.

Христијанската аскеза

Аскезата е озаконета од Самиот наш Господ во светото Евангелие. Аскезата е средство за да се стигне до целта на христијанскиот живот, а тоа е ослободувањето од страстите и соединувањето со Бога (обожување по благодат). Форми на аскеза се: постот, бдението, молитвата, искреното покајание и исповед, смирението, трудот за отсекување на сопствената волја бивајќи послушни на Божјата волја, немањето доверба во сопствените непостоечки сили, туку во Божјата сила, да Му ги оддаваме на Бога сите наши добра и секој наш непредок на патот на добродетелта, а врз себе да ја префрламе одговорноста за нашите гревови. На ова треба да го додадеме и изучувањето на Божјото слово и свесното учество во Светите Тајни на нашата Црква, особено во Светата Тајна покајание и исповед и во Светата Тајна на Божествената Евхаристија. Аскезата не е само за монасите и за клириците, туку е за сите христијани, како што јасно се гледа во светото Евангелие и во житијата на Светите на нашата Црква. Тој пат на спасението го чекореле милиони Светители на нашата вера. Аскезата всушност е човекот да го тргне од својата страна: “сакам”. “Можам” го става од Своја страна Сесилниот Бог.

Така полека полека се исцелува болниот од гревот човек. Тоа исцелување се случува само во духовната болница која се нарекува Црква. За да се постигне исцелувањето неопходна е аскезата.

Аскезата во Православното терапевтско предание не е некаква техника. Не е збир од вежби.
Напротив, аскезата е усрдно одговарање на Божјата љубов. Значи, да правиме човечки сé што е потребно за да го очистиме внатрешниот човек, па да дојде и да се всели во нас Божјата благодат. Впрочем Бог го прави првиот чекор за да го сретне човекот, а не човекот за да Го најде Бога. Сега доаѓаме до критичната точка.

Наводни сличности

Постојат некои сличности помеѓу аскезата во православниот и во вонправославниот простор, кои можат да му направат впечаток на некого што останува на привидната сличност на дрвјата во однос на лисјата, а не ги гледа разликите во трупот, во корените и воглавно во плодовите.

Надворешните сличности на т.н. психосоматски метод на умствената молитва со техниките на медитацијата станаа повод за да се пишува многу, воглавно последниве години. Да не забораваме дека фалшливото секогаш го имитира автентичното. ѓаволот може да се преправи дури и во ангел на светлината за да заблудува.

Меѓутоа што е молитва? Молитва е разговор на душата со Бога. Многу позната во монашкото предание е т.н. умствена молитва (Господи Исусе Христе, помилуј ме), која ја негувале и ја негуваат сите богољубиви души, а не само монасите.

Во што општо се состои т.н. психосоматски метод на умствената молитва? Во следново: Седи човек на едно ниско столче со наведната глава, така што да гледа кон градите под срцето и се обидува да го усогласи дишењето со Исусовата молитва, во чии што зборови и смисла се обидува да го сконцентрира својот ум и да го стоплува своето срце.

Меѓутоа тоа не се дава како рецепт, ниту го даваат сите учители на умствената молитва, ниту им се дава на сите кои би сакале да се занимаваат со тоа. И не треба да забораваме дека тоа може да помага, но тоа не е целта. Ова прашање ќе го развиеме во продолжение.
Медитацијата од друга страна ја дефинира Индискиот гуру Сатва Саи Баба како метод преку кој умот учи да се концентрира1.
Во овој случај на поврзување на умствената молитва и медитацијата се прави еден нечесен обид. Тоа е обид да се прикаже дека наводно имаме два различни, но суштински сродни патишта, кои водат кон истата цел, и дека имаме две различни преданија, но кои всушност го опишуваат истиот опит. За жал дури и професори на Православни Теолошки факултети, како што е на пример професорот Сава Агуридис, го поддржуваат тоа гледиште.

Овој обид за конфузија се вклопува во синкритистичките рамки, низ кои ги гледа нештата т.н. Нова Епоха. Како што кажавме и на почетокот, го велат тоа за да ги заблудат и заведат неутврдените, дека наводно сé е исто. Меѓутоа, во суштина ниту тие самите не веруваат во тоа, бидејќи веруваат дека нивната вера ñ припаѓа на Новата Епоха и според тоа се наоѓаат на повисоко развојно ниво од нас христијаните, кои сме останале, како што велат, залепени за старата епоха, односно за Епохата на Рибите, како што ја нарекуваат епохата на Христијанството!

Би можеле да кажеме многу за сфаќањето за Бога, за човекот и за светот, врз кое се темели христијанската православна молитва. Од друга страна би можеле да кажеме подеднакво многу за сфаќањето за Бога, за човекот и за светот, врз која се темелат јогата и медитацијата. Овие две сфаќања се меѓусебно потполно спротивни и неусогласиви. За нас христијаните Бог е Личност. Од љубов го создал човекот, кој е исто така личност. Бог исто така од љубов го создал светот и за интересира за него, како што, се разбира, и многу повеќе, се интересира за човекот. Напротив, пак, согласно со источните религии и со “Новата Епоха”, Бог е безлична надсвест која се поистоветува со севкупниот свет. Значи, имаме пантеизам. Согласно со нив, човекот е капка која треба да изгасне во океанот на безличниот Бог - вселена. Не постои слобода ниту одговорност согласно со сфаќањето на “Новата Епоха”. Велат дека сé се детерминира врз основа на слепиот закон на кармата и на реинкарнацијата, кој секако не е закон, туку е едно религиозно верување на источните религии и на окултизмот. Согласно со таа заблуда, душата по телесната смрт влегува во друго тело, било човечко било животинско. Може да влезе дури и во растение или во камен, бидејќи сé во суштина е истото, како што велат.

Православниот став

Православниот став во врска со заблуденото гледиште дека наводно медитација и молитва е исто, може да се резимира во следново: Читам во книгата “Силата на Името” од Епископот Диоклиски г. Калистос Вер, профессор на Оксфордскиот Универзитет: Заедно со сличностите постојат исто така и разлики. Сите слики имаат рамки и сите рамки на сликите имаат некои заеднички карактеристики. Тоа што нé интересира е сликата, не рамката. Во случајот на Исусовата молитва, природните вежби се како рамка, а умственото повикување на Христа е слика во рамката. “Рамката” на Молитвата наликува на некои нехристијански “рамки”, но тоа не треба да ни го одвлекува вниманието од единственоста на сликата која е обвиткана со карактеристичната содржина на молитвата. Суштинската точка во Умствената Молитва не е нејзиното повторување само по себе, ниту како седиме или дишиме, туку кому му зборуваме; а во овој случај зборовите јасно Му се упатуваат на Воплотениот Спасител Исус Христос, Синот Божји и Син на Дева Марија.

И продолжува: (Исусовата молитва или умствената молитва е) повикување упсатено кон една друга личност, кон Бога Кој стана човек, Исус Христос, кон нашиот личен Спасител и Искупител. Според тоа, Исусовата молитва многу се разликува од некој изолиран метод или техника. Постои во еден одреден контекст, и ако се оддели од тој контекст, тогаш ја губи својата вистинска смисла. Контекстот на Исусовата Молитва е најпрво контекстот на верата. Повикувањето на Името претпоставува дека некој кој ја кажува молитвата верува во Исуса Христа како Син Божји и Спасител. Поздаи повторувањето на една форма зборови треба да постои жива вера во Господа Исуса, во тоа што Он е и во тоа што Он го прави лично за мене.
Второ, контекстот на Исусовата молитва е контекст на заедницата. Не Го повикуваме Името како одделни индивидуи, потпрени исклучиво на сопствените внатрешни сили, туку Го повикуваме како членови на заедницата на Црквата...Ниту за еден момент (нашите Свети Отци) не се соочиле со повикувањето на Името Исусово како замена на Светите Тајни, туку прифатиле дека оној што ја употребува, би требало да е активен член на Црквата.

И за да ги дополниме овие мисли:
Нашата цел во молитвата е да комуницираме со личноста на нашиот Господ Исус Христос и да се соединиме со Него, (но тоа соединување не ја укинува личната поинаквост), а во медитацијата целта е да се раствори индивидуалното Јас како капка во океанот на сесветската надсвест, која не е личност.

Во медитацијата не му се обраќа човек на некоја посебна личност, со која го поврзува љубовта, туку  се обраќа на Себеси, верувајќи дека самиот во својата суштина е Бог. Секако тоа е демонска заблуда и прелест, што за да ја поткрепат, погрешно ги толкуваат искривувајќи ги Христовите зборови: Царството Божјо е внатре во вас (Лука. 17, 21). Меѓутоа, тоа не значи дека човекот по својата природа е Бог, како што заблудувајќи и заблудени веруваат и проповедаат новоепохистите, туку значи дека штом некој е крстен, тогаш во него живее несоздадената Божја благодат, односно Светиот Дух, а оној што ја има во себе Божјата благодат, тој од сега го живее тоа што го нарекуваме Царство Божјо.

Значи, медитацијата не е движење на излегување од егото, не е движење на ослободување од егоизмот, односно движење на љубов, туку е егоцентрично струјно коло.

Во медитацијата има обраќање кон медитативниот објецт, како што го нарекуваат. Тоа би можело да биде, согласно со следбениците на медитацијата, формата на Буда, огнот на една свеќе, или било што друго ( и зошто не, додаваме ние, и формата на Луцифер, доколку тоа го “вдахнува” и му “помага” на тој што медитира).

Кога тие што практикуваат медитација им се обраќаат на христијани, за да ги заведат, велат дека во часот на медитацијата можат да го сконцентрираат своето внимание на Исуса Христа. Така ја негуваат конфузијата, бидејќи на терминот “Христос” му даваат друга содржина. За нив Исус Христос не е, како што е за нас, Бог и совршен човек, туку е еден од големите учители помеѓу другите. Меѓутоа, пред сé, како што велат, е состојба внатре во нас! Велат дека сите сите по својата природа сме Христоси. Меѓутоа ние Православните не веруваме во демонската лага дека наводно ние по својата природа сме Богови, туку се бориме со Божја помош да Му се уподобиме на Христа и следствено на тоа да станеме Богови по благодат, како што се Светителите. Разликата е огромна. Во случајот на медитацијата се применува луциферската лага на автоспасението, а во случајот на молитвата се осветува човекот во заедница на љубов и на послушност со Единствениот Свет Троичен Бог.

Следбениците на медитацијата зборуваат и за надминување на медитативниот објект.
Меѓутоа, тоа “надминување на медитативниот објект” е потполно туѓо и неусогласиво со Православната молитва. Исус Христос не е за нас некаков медитативен објецт, ниту, пак, наша цел е да го надминеме достигнувајќи до некоја “состојба на чиста свест” или “на подлабоко спознавање на Себеси”.

Еден друг момент што треба да го нагласиме е дека со техниките на медитацијата човек достигнува до височините на гордоста, а со молитвата се смирува, не презира никого и, реално спознавајќи се себеси, кога доживува состојби на Божјата благодат, се смета себеси полош од другите, дури и од бесловесните животни. Подолу од сета твар, како што читаме во “Старечникот”.

Медитирачот кој верува дека во својата суштина е Бог, не може да каже “помилуј ме”, два збора кои се клучот на умствената молитва. Со други зборови, следбеникот на догмата “сакам и можам” на новоепохистичката “позитивна мисла” да се смири.

Впрочем, медитацијата во конечна анализа, го води тој што медитира во состојба на автохипноза. Стремежот за соединување со објектот на медитацијата (што е главна цел на медитацијата) не е ништо друго освен производ на фантазијата, која согласно со Православниот аскетски терапевтски метод треба да се маргинализира. Тоа движење во просторот на фантазијата (поточно во просторот каде што реалноста и фантазијата се мешаат) може да достигне до состојби кои се во компетенција на психијатријата, како што се случи, на пример, со еден следбеник на “позитивната мисла”, кој се обидел со “силата на умот”, како што верувал, да запре еден воз, при што се разбира беше прегазен од возот. Постојат мноштво слични безумни примери. Секако, демонскиот елемент ги потпомага сите тие состојби.

Покајание и смирение

Аскезата не е техника. Тоа се виде и од споредбата помеѓу умствената молитва и медитацијата. Не е нешто со кое можеме да извршиме насилство врз Божјата слобода. Аскезата во Православното предание не е цел за себе, туку е средство. Нашата цел со аскезата не е да ги умртвиме страстите и да му наштетиме на телото. Ние не сме научени да бидеме телоубијци, туку страстоубијци, вели авва Пимен во “Старечникот”.

Бидејќи аскезата не е цел за себе, затоа и Православниот човек нема за цел да гледа светлини или виденија, да има “опити” или да прави чуда. Ако некогаш и некаде се појави случајно некоја “желба за виденија” или “желба за чуда”, ќе треба да знаеме дека тоа се скршнувања од Православниот менталитет и етос. Православниот човек ги одрекува “опитите” што ѓаволот е подготвен да ги понуди “овде и сега” и без да му бидат побарани. Се разбира, многу повеќе кога ќе му бидат побарани.

Постои голем јаз помеѓу еден вистински пророк, односно еден Светител на Православието, и еден окултистички магионичар, факир, чудотворец, медиум.

Отварајќи една мала заграда ги изложувам синоптички основните точки на разликата:
1. Пророкот, односно Светителот, не е самоизбран, туку е Богоизбран.
2. Вистинскиот пророк има чувство на својата ништожност, а магионичарот - чудотворец е полн со демонска гордост.
3. Вистинскиот пророк не отвара “фирма за пружање услуги”, ниту го повикуваат луѓето; тој оди при нив.
4. Вистинскиот пророчки збор е обично непожелен од оние кон кои е упатен и ги предизвикува, а не им ласка.
5. Содржината на пораката на вистинскиот пророк не е нова, туку стара која се заборавила.


И за да се вратиме на прашањето за виденијата и “опитите” затварајќи ја заградата, можеме да додадеме дека: Божјата благодат може да ги посетува очистените и достојните, како што и кога што таа ќе оцени дека е полезно за нив самите или за надградба на Телото Христово, односно на Црквата. Меѓутоа тие опити ниту се изнудуваат ниту се цел за себе.

Светителите советуваат да бараме покајание, кое и самото е Божји дар, и кое според светиот Исаак Сирин е највозвишено од сите добродетели. Значи, покајание да бараме, а не да правиме чуда, што може, доколку немаме смирение, да ни наштети или дури да нé уништи.
Начинот на кој Светителите го одбиваат искушението на желба за “опити” е смирениот начин на мислење.

Во житието на блаженоупокоениот Старец Паисиј Светогорец се наведува следнава случка:
Една вечер додека бдеел молејќи се, му се сторило дека се отвара таваното на келијата и дека ќе се појави Христос да го благослови. “Боже мој, кој сум јас за да се удостојам да Те видам?”, била смирената помисла што веднаш ја помислил, и видението што го подготвувал ѓаволот да му го покаже молничаво исчезнало.

Критериум за автентичноста на Православната аскеза е истата да се врши со усрдност (поим што особено го нагласуваше блаженоупокоениот Старец Паисиј) и љубов, со смирение и расудување и, се разбира, без да ја следиме сопствената волја. Значи, да се врши со послушание и тоа со “радосно послушание”, за да се сетиме и на еден друг голем наш современ Свет Старец кој се упокои, а тоа е отецот Порфириј.

Можеби некој лесно може да направи петстотини метании следејќи ја својоата волја, своето мислење, својата проценка, имајќи доверба во себеси. Меѓутоа, да направи сто со послушание е потешко, бидејќи во тој случај лукавиот е тој што попречува и војува, а во првиот случај дава сила и укрепува.

Разликата помеѓу Православната аскеза од една страна и демонската “аскеза” од друга страна, се гледа во расказот од Старечникот во врска со авва Макариј Египетски:

Еднаш кога одеше Авва Макариј кон својата келија, носејќи палмови гранки, го сретна ѓаволот по патот со срп. И сакаше да го удри, но не можеше. И му рече: “Голем отпор наоѓам кај тебе, Макариј, не можејќи да ти сторам зло. Меѓутоа, сé што правиш ти, правам и јас. Ти постиш? А јас не јадам воопшто. Бдееш? А јас не спијам воопшто. Само едно нешто имаш со кое ме победуваш”. Авва Макариј го праша: “Кое е тоа нешто?”. А тој му одговори: “Твоето смирение. Тоа ме обессилува”.

Од она што беше наведено до сега, верувам стана јасно дека Православната аскеза, а особено молитвата, во суштина нема никаква сличност и сродност со јогата и со медитацијата што ги негуваат далекуисточните религии и групите на т.н. Нова Епоха. Оние кои го велат спротивното, тие или ги заблудуваат луѓето негувајќи ја новоепохиската конфузија на ересите, или паѓаат како жртви на таа конфузија.

Единствениот безбеден начин за да не падне некој како жртва на ересите е свесно и органски да ñ припаѓа на Православната Црква, која е единствениот ковчег на спасението за човекот, бидејќи го одржа нефалсификувано Евангелието и преданието што ни го предаде во наследство Светиот Дух преку Светите Апостоли и преку нивните наследници. Само тогаш бива покриван од Божјата благодат, се просветлува од Светиот Дух и безбедно бива воден кон спасението.

Превел: А.С.

Посети:{mshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5803
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6404
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5598
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная