Николај Е. Пестов
ПРАВОСЛАВНО ВОСПИТУВАЊЕ НА ДЕЦАТА
 
 
ПРИМЕР  НА РОДИТЕЛСКАТА ПОБОЖНОСТ
 
 Бидете со духот пламен .
Римј. 12,11.
 
Преподобен Серафим Саровски  во разговор со Николај Александрович Мотовилов ,  ја одреди целта на христијанскиот живот  како  „стекнување   на Духот Свет Божји“.  

Значи, и ние, родителите  и нашите деца имаме една цел во животот. Разликата меѓу нас и децата  е единствено во тоа што ние,  возрасните , можеме свесно да тежнееме  кон таа цел  и во склад со неа  да го обликуваме нашиот живот , а душата на детето органски ќе се обликува  во духовната атмосфера која што владее околу него.


Вештината на воспитувањето   се содржи во тоа , духовното обликување да се извршува , постепено, но без прекин  и детската душа  како цвет да процвета , со убавината на христијанските добродетели  во светлината на Духот Божји.
 
Преподобен Серафим Саровски  говореше: " Стекнете дух на мирот  и околу вас илјадници ќе спасите “.
 Кога  постои љубов,  „дух смирен“,  дух на праведност тогаш и верата  на родителите  ќе се прошири и на детето.
 
Апостол Павле вели:    "А плодот на духот е: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста , добротата, милосрдноста, верата , кротоста, воздржливиста“   (Гал. 5,22 - 23).
 
Природата  на детето  во основа е чиста, блага и отворена за добро.  Ако нам, на возрасните ни е потребен многу напор  во борбата со нашите  грешни  склоности,  кај децата добродетелите во одредени услови може да се развиваат лесно и брзо .
 Еден од главните фактори на нивниот духовно растење  ќе биде подржувањето на постарите  и усвојување на плодовите на Божјиот Дух  од средината која што го опкружува.
 
Дете то кое умее да љуби  , такво и ќе израсне , само ако растело во атсмосфера  на взаемна љубов .  Тоа и кога ќе порасне  ќе има радост во себе и душевен мир, ако тие чувства    владееле во неговото семејство. 
Во него нема да се јавуваат сомнежи , ако верата на родителите била силна. Неговото срце ќе биде чувствително и отворено за туѓите страдања, ако тоа, заедно со родителите било постојан сведок , а во свое време, и учесник  во милосрдните дела, широкоградост, обилни милосрдија, активно служење и сочувство со сите несреќни.

Децата кои се воспитувани во таквиот дух   обично со голема радост  и подготвеност помагаат на родителите во ваквото служење на ближните, давајќи свој придонес.
 
Да се сетиме како ревносно  седумгодишното момче Вартоломеј (идниот преподобен Сергиј)  го повикувал старецот – монах во домот на своите родители, знаејќи ја нивната љубов кон богомолците – талкачи.
 Исто така,  ревносни помошници биле децата за кои вака раскажува авторот на „ Кажувања на еден богобарател“:
„Слушнав зад себе извик: „Питачу, питачу, застани“.
Тоа викаа и трчаа кон мене  дечиња – момче и девојче. Застанав, а тие  , притрчувајќи ми  ме фатија за рака.
„Ајде,  да одиме кај мајка ми , таа сака сиромаси“.
– „ Јас не сум питач, - им велам, - туку минувач“.
– „ Од каде ти е тогаш  бовчата? 
Да одиме задолжително, мама ќе ти даде пари за пат“.
 
Во однесувањето и зборувањето на овие деца постои голема желба да го примат намерникот и да сторат добро дело, што го попримиле од своите родители.
 
По примерот на постојаната и усрдна молитва на родителите се раѓа и молитвта на децата .
Исто така, на живи примери децата се учат на стравот Божји, смирение, кротост, трпење и воздржување (во зборови, храна и сл. ). 
Тоа се услови во кои врз основа на законот на подражување може да созрее во нашето дете  „ во срцето на сокриениот човек, во постојаност и тих дух “
(1.  Петр. 3, 4).
 
Господ рекол : „ Духот Свет, кого што Отецот ќе го испрати во Мое име , Он ќе ве научи на се` и ќе ви напомни за се` што сум ви зборувал“ (Јн. 14,26).
 
И ако  само родителите се погрижат за очистување на своето срце и за стекнување на Духот Свет Божји, Самиот Дух Божји ќе ги направи мудри и ќе ги раководи во воспитувањето на децата и ќе ги приведе кон спасение и нив самите  и нивните деца. 
 
О. Александар Јелчанинов пишува:
 "За воспитување на децата  најважно е да видат дека нивните родители живеат со Бога духовен живот“.
 
Превод :М. Даниловска
 
http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Porodica/PravoslavnoVaspitanjeDecePestov/PravoslavnoVaspitanjeDecePestov09.htm