Adot.Lestvica.jpg

Во еден женски манастир во Петроград, на почетокот на 20. век, живеела една монахиња по име Татјана. Видението кои таа го имала ја допушта претпоставката дека немала особени духовни достигнувања. Затоа опишаната случка за неа имала само поучно-покаен карактер, а за следните поколенија станал сигурно сведоштво за важноста на Исусовата молитва:

Еднаш, рано наутро, околку 5 часот, за време на одморот после утрената служба, монахиња Татјана се наоѓала во својата ќелија. Тоа било време на краток одмор пред наредната служба. Само што заспала, имала таинствено видение. Како на јаве видела како се подготвува да оди на Божествената Литургија во храмот Св. Никола во Петроград. Била облечена во целосна монашка одежда. За да стигне на службата, седнала во некаква кочија, и во тој момент одеднаш се нашла на небесата на некоја мрачна рамнина. Ја опфатило чувство на страв и беспомошност. Здогледала мноштво луѓе чии лица биле темни и издазувале потиштеност. После кратко молчење, Татјана ги запрашала: „Зошто сте така очајни?“ Тие одговориле: „Затоа што нам, како и тебе, ни се случи ненадејна смрт.“ Татјана сфатила дека се наоѓа меѓу мртвите и ја обзел уште поголем ужас. Во тој момент и’ пришол ангелот чувар, блескајќи со неземна светлина и заповедал да оди по него. Тој и’ ги покажал митарствата на кои на душата после исходот од телото и’ се суди за престапите кои ги има н аправено на земјата. Ја одвел и до местото на вечни маки. Таму една просторија била исполнета со души на умрени мажи и жени, возрасни и деца. На Татјана и’ рекоа дека нивните души ќе обитаваат на тоа место се’ до Страшниот Суд. Татјана жално ги гледала, а потоа прашала: „Со што се занимавате вие тука? Дали се молите на Бога? Го гледате ли својот Творец?“ Тешко и’ одговорија: „За несреќа, ние Бога не го гледаме, ниту да се молиме не можеме! Заради нашите духовни негрижи и мрзливост во земниот живот, сега ние пребиваме во јад и жалост. Иако немаме направено тешки гревови, сепак бевме рамнодушни кон Евангелските барања и Христовите заповеди. Ни се чинеше дека барањето да се молиме непрестајно (1 Сол. 5,17), т.е. да ја твориме Исусовата молитва, не се однесува на нас. Сега гледаме дека тоа се однесува и на луѓето од светот. Со помош на Исусовата молитва требаше да ја стекнеме благодатта на Светиот Дух и да се соединиме со Христос. Нашите очистени срца требаше да станат храм Божји, додека тие беа расадници на минливи желби. Како што без воздухот не може да живее нашето тело, така без молитва нашата душа не може да се роди за вечен живот.“ Слушајќи го тоа, монахињата Татјана се прекрстила. После извесно молчење, нејзиниот соговорник додал: „Ние сме осудени на вечна мака. Нашите молби не доаѓаат до Бога. Само нашите православни браќа кои живеат на земјата, можат да ни помогнат со усрдна молитва за нашите души.“

Тогаш придружникот и’ рекол на Татјана: „Иако ти си монахиња, заслужуваш слична казна, затоа што за време на својот живот ја занемаруваше Исусовата молитва. Ти не си Христова невеста. Со твоето срце завладеале грижи од лажливиот свет. „Ах – воздивнала Татјана – во себе чувствувам страшна мака, како мојата душа да обитава во оган. Ах, колку сакам да умрам и веднаш да се вознесам на небо одминувајќи ги овие страшни митарства!“ „Така умираат само светите – одговорил Ангелот – Светите кои сиот свој живот во срцето ја чувале Исусовата молитва и присуството на нашиот Господ Исус Христос. Само тие се вознесуваат право во Рајот, затоа што нивните души станале Рај на земјата. Каде што е Господ Бог, таму е Рајот. Знај дека ако човекот се научи постојано да ја твори Исусовата молитва и дојде неговиот смртен час, неговата душа ќе Го прими Самиот Христос и таа вечно ќе пребива со Него. Така и молитвата кон Пресвета Богородица ќе Ја придоби да биде наша застапница во вечниот живот. Во каква состојба смртта ќе го затекне човекот, во таква ќе му биде и судено. Кој умира со името на Исуса Христа на своите усни, тој засекогаш ќе биде со Него во Неговото Царство. Кој на својот грб ги носи сите грижи на својот живот, не надевајќи се на Бога, на тој ниту Господ нема да му помогне. Сега ќе ти го покажам местото на мачење на немарните монаси и монахињи.

Татјана здогледала групи монаси, нивните прегрешенија од кои не се очистиле со покајание, нивните вечни страдања и маки. Опростувајќи се со Татјана, Ангелот чувар и’ заповедал се’ што видела да го опише и раскаже на луѓето кои живеат на земјата заради нивното исправување и спасение.

Штом Татјана се разбудила, се прекрстила искажувајќи ги зборовите на Исусовата молитва и со олеснување рекла: „Слава Му на Бога што ова беше само сон!“ Штом ги изговорила овие зборови, нејзината душа повторно се нашла пред нејзиниот придружник – Ангелот чувар, кој започнал да ја прекорува, велејќи: „Немој да мислиш дека тоа беше само сон. Твојата душа навистина беше од другата страна на животот. За да се увериш во тоа, сега ќе бидеш пратена 20 дена на она место кое заслужуваш.“ Татјана очајно се фрлила пред неговите нозе и со голема усрдност и солзи почнала да го моли својот Ангел да и’ прости на нејзината слаба вера и да и’ даде време за покајание. Ангелот Го замолил Бога да и’ ги прости гревовите и и’ дозволил да се врати на земјата под услов да ја исполни наложената заповед. Разбудувајќи се по втор пат, монахињата се упатила кон игуманијата на својот манастир и во присуство на сите сестри, го раскажала она што го видела и чула.

Вистинитоста на своето видение го потврдила со неодложно исправување на својот начин на живот и станала усрдна и побожна монахиња. Во секоја можна прилика го проверувала она што го доживеала во задгробниот живот.

Оној кој поверува во вистинитоста на ова видение и го искористи тоа знаење во својот живот, ништо не губи, туку само добива, затоа што едно е несомнено – сите ние еднаш ќе умреме.

Извор: Аргита Атева- Facebook

Argireta Ateva