… во еден обичен миг од животот,
кога невистината беше рушител на добрите надежи
во едно наивно срце раздробено од маката
на подметнатите реалности.

 
Сакам да пишувам без да барам соодветни зборови, без да размислувам како ќе звучи… едноставно да испишам сe во еден здив излеани зборови…

bogorodica.k.dol.jpg
                   
          Секој човек има свој јазик, искуство, чувствувања, кодови на однесување кои во заедничкото живеење претставуваат еден комплексен свет дури и во вистинските пројави на личностите, а кога ќе се појават невистините, прикриеностите и манипулациите, тој свет станува растечки тежок и понекогаш содржи неиздржливо количество на несигурност. Во таква атмосфера на несигурност и лага дури и нашите обични секојдневни задачи стануваат предмет на решавање на проблеми: дешифрирање на нечие однесување, размислување за нејасни ситуации… Трагедијата на несигурноста е што ја одзема слободата и одговорноста, и се прашувам зошто да го живееме овој чуден парадокс на лагата. Наместо нашите можности за дејствување да се прошируваат (со вистината), ние се чувствуваме с# повеќе и повеќе под притисок: мораме често да се судираме со реалноста на лагата и неодговорноста и нестабилноста.
          Лагата создава психолошки проблеми и верига афективни нарушувања. Секогаш кога човек се соочува со лагата доживува чувство на загуба… фрагментација на односот, порекнување и расцепување на својата внатрешна реалност… И тоа е бесконечен и исцрпувачки круг. Нема сомнение дека последица на лагите се нарушени односи и продлабочувања на личната комуникација (да не зборувам за љубовта, бидејќи каде има лага нема љубов)! За да изградиме некаков надворешен свет лажеме, а за сметка на тоа го рушиме внатрешниот свет. Во лагата се одзема кружниот однос меѓу личностите и нема присутност!!!!
          Да се биде вистински не е спонтана способност на човекот, тоа е рефлективен став, нешто што треба да се изгради, научи или приспособи преку животните процеси, настани и односи. Оттука произлегува прашањето: ,,Како може лагата да стане помошно средство за одржување на некој однос?” Да го погледнеме нашиот живот. Еден основен начин на градење на нашите решенија и доживувања е преку вистината. Во живот изграден на лага е с# посложено и помрачно, пострадално. Дисконтинуитетот од лагите што ги живееме се многу повредливи за нашите внатрешни доживувања, чувства, мисли, претстави и сигурност. Лагата го отежнува сведувањето на леснотијата на довербата и пријателството. Сегашноста ја претвора во безвредна мера на чувството за нештата. С# се распаѓа. Меѓу с# постои строга причинско-последична врска, и претходните настани ги предизвикуваат настаните што следат.
          Вистината е еднообразна, таа ни помага да се определиме за иднината, да сме слободни да стигнеме до длабокото лично, индивидуалното, таа има поинакви особености.
          Меѓу лагата и вистината има провалија….
          Секој збор кој се упатува до другиот човек кај него предизвикува чувства, мисли, слики, мигови… па ако се тие лага, создаваат неподвижност, отсуство на реалност, празнина… и с# останува во лажната фиксирана, неподвижна точка. Никако не може да се помири судирот меѓу лагата и вистината кој доведува до болест.
          Секој кој упатува некаква содржина кон другиот гради некакво доживување, другиот тоа го прима, го анализира, го предава на помнењето, и на крај кога ја дознава невистина целото тоа количество на доживеани претстави му се руши и го затрупува. Се создава бездомност на личниот идентитет.
          Лагата е катастрофална… го тера човекот да го постојано предефинира своето помнење, да гради нова врска со настаните …. Бесконечност на катастрофата!!!! која го уништува човекот со несигурноста!!!! А созревањето и преуспевањето на личноста се случува во единството и еднозначноста на вистината, во континуитетот што таа го дава, а не животот да се помине во постојано одново дефинирање на сегашноста, иднината.. да се поништуваат одлуките и изборите. Со вистината се живее во сегашноста… единствено, неповторливо во која човекот се реализира себеси.
          Во вистината можеме да се задржиме ако сме способни да се отвораме и затвораме… смисловно да комуницираме, а притоа да не го поништуваме сопственото внатрешно битие. Вистината ја создава внатрешната целост. Вистината ги обединува јас и ти… Вистината е неопходна мудрост за понепосредна перцепција, интуитивна свесност и здраво живеење.
          Односот меѓу луѓето постои само во вистината, во заедничкото откривање и потврдување еден со друг. А лагата внесува непредвидености и ризик во нашите односи, и ги претвора во поле на болка и повреди. Вистината ни е потребна за да можеме да се справиме со толкуте многу комплексни ситуации во животот.
          Лагата ја напаѓа нашата реалност, драматично ни ја нарушува внатрешната сила и влијае длабоко на другиот.
           ТРЕБА ДА СЕ ИЗГРАДИ НОВА ПРАКТИКА НА СВЕСТА!!!! Само самосвесно може да се осигура сигурност во единството и контонуитетот на вистината. Внатрешниот свет е сетилност, перцепции и претстави кои се соочуваат со надворешните сигнали од другите, што ги примаме однадвор. Секој од нас е отворен да восприема тука и сега.
Односите со другите стануваат можност за препознавање на нови вредности. Вистината е основа за комуникација. Оттаму, да се комуницира означува да се биде искрен и длабок.
За вистината е потребна ВНАТРЕШНА ДЛАБОЧИНА!!!

 

Лето Господово 2010