логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


28 март, ден по 27 март

И сега колку се' ова е важно! Сите се заплеткавме во оваа мрежа и сите паднавме. По настанот излезе дека не сме се разбрале. Едните демек, не биле против изградба на храм, туку на каков било објект на плоштадот, а другите демек ревноста кон верата ги кренала... сите тие биле за мирен протест. Како и да е, било и да не се повтори, оти како сме тргнале, не дај Боже, крваво ќе биде на камен-темелникот зашто тогаш во нечии раце ќе има и лопати

Pimen.It.jpg

Браво, успешни избори, конечно убава тема која ќе ја потисне онаа од минатата сабота. По саботниот настан во очите на јавноста сите учесници погрешија. Погреши дури и јавноста оттаму што сите што гледаа отстрана или на телевизија се огрешија и осудија бидејќи секој од нас гледачите зазеде една страна и ја оправда, а ја осуди другата или, пак, ги осуди сите што учествуваа. Малку беше тоа, па затоа сите во пакет без исклучок, и учесници и набљудувачи ја осудија и полицијата, понатаму и позицијата и опозицијата. Човечки е да се греши, а уште почовечки е вината да се префрли на друг. Оваа, поговорка или реалност во овој свет произлегува од човекоцентричното поимање на работите. Затоа и почна ловот на „вештерки“ веднаш по оваа гротеска, за да го најдеме виновникот. Сомневања и сомнителни на сите страни, и барање вина, на секој во секого.

Се' беше споменато, тргнувајќи од црквата, дали владиката дал или не амин за собирот, до премиерот како лидер на позицијата, преку министерот за внатрешни работи што несоодветно реагирала полицијата, со кандидатите за градоначалници што го организирале овој собир токму во овој момент за да собираат политички поени пред избори, до претседателот на државата како лидер во најава на опозицијата, и претседателскиот кандидат, зашто роднини на неговиот штабен изборен шеф се појавиле во организација на протестот или собирот, потоа претседателот на студентската унија кој не застанал на страна на студентите, како и ќерката на некој од базата на претседателски кандидат, која испраќала имејлови за протестот, па дури и новинарите што дотуриле оган на маслосанава ситуација зашто пристрасно известувале, поединечни основачи на медиуми и уредници кои како неправославни демек, смислено работеле против идејата за изградба на православен храм, и православието... и секој ден овој список на сомнителни лица се зголемува. И сега колку се' ова е важно!

Кој почнал, кога сите се заплеткавме во оваа мрежа и сите паднавме. Уште поинтересно е, што на крај веднаш по настанот излезе дека не сме се разбрале. Едните демек, не биле разбрани дека не се против изградба на храм, туку на каков било објект на плоштадот, а другите демек ревноста кон верата ги кренала... сите тие биле за мирен протест, но сега, се' е по свадба тапани, вклучително и анализите од сите стручни лица, па ајде и јас да се вбројам тука. Како и да е, било и да не се повтори, зашто како сме тргнале, не дај Боже, крваво ќе биде на камен-темелникот зашто тогаш во нечии раце ќе има и лопати.

Мислев оваа тема да ја оставам на страна бидејќи и онака и' се даде голем публицитет, па дури води како топ-тема еве повеќе од 10 дена. Но, во целата оваа непотребна ситуација ме вознемири една анализа во која којзнае веќе по кој пат се опомена на уривање на секуларниот карактер на државата, односно членот 19 од Уставот на Р. Македонија. Од вознемиреноста, искрено ме фати и паника дека еден ден ќе отидам и јас на Уставен суд (се' е можно, ништо не е исклучено, за мене дури извесно читајќи го Новиот завет), како сериозен загрозувач на секуларизмот на или во државата, бидејќи еве пишувам, за некого можеби и наметнувам мислење, што го водам народот кон верата секој вторник и тоа не од црковниот амвон, туку од дневно гласило. Па каде го има ова ? Во секуларна Франција ?

Тоа е првата секуларна држава на светот во која живеев две студентски години, а која е толку горда заради секуларизмот, но во неа, не само што ја има верската поука низ дневниот или неделниот печат, туку и на државната телевизија секоја недела наутро се емитува проповед или поуки од неколку религии што живеат на нејзина територија. И таа горда и секуларна Франција, има еден збир религиозни празници кои се почитуваат и се неработни денови. Поранешната СФРЈ, иако во тој поглед беше поригорозна, немаше почит кон верските празници, не ги есапеше бидејќи воведе свои пандан-празници, но устав како устав со секуларноста што произлегува од него го почитувавме, но таа поранешна социјалистичка земја исто горда на својата секуларност и комунистички просперитет, сепак имаше и правеше отстапки пред верата и верските чувства и исповеданија.

Ќе се сетат постарите машки генерации што отслужиле воен рок во тогашната ЈНА, ако не ми верувате мене, прашајте ги нив да ви потврдат, дека секогаш се водеше сметка за војниците од исламската вероисповед да има алтернативно јадење доколку главното јадење беше од свинско месо. Нели тоа беше почитување на нечија верска определба. Имаше и опција за оние што заради своето верско учење не сакаа да носат оружје да отслужуваат подолг воен рок во воената администрација? Зошто ова никогаш не беше повод да се опомене дека се загрозува секуларноста и другите револуционерни придобивки инкорпорирани во Уставот, а таа СФРЈ застапуваше секуларност, но во овој случај не поголема од секуларноста што се сака да се воспостави денес во Македонија.

Ајде да погледнеме и од друг аспект. Црквата според милитантниот секуларизам или атеизам, најмногу е обвинувана за конзерватизам заради тоа што нејзиното учење се темели на догмите ? Тоа е нешто неменливо, установено учење од кое нема отстапување, а нели се' тече, се' се менува освен ние конзервативните верници и нашите догматски размислувања, ако нешто тврдиме дека е неменливо свесни сме и конзервативни, но нашите догми се стари повеќе од два милениума, а опстоиле и при страшни прогони, и иноверни напади, дури и во времето на прогресивната социјалистичка мисла, па и сега во времето на либералниот капитализам со секуларни устави, бидејќи тие се од Бога установени, а произлегуваат од живиот опит во Христа Богочовекот, Вистината, која на секоја литургија на црквата реално ја вкусуваме преку причестувањето со Неговото Тело и Крв.

Имало обиди да се направат и догми против Бога, но слабо опстоиле, иако сведоци сме дека сосема не исчезнале. Се провлекуваат постојано низ историјата. Па така, сега и кај нас се повампириле, а има и една идеја секуларноста да се издигне на ниво на догма. Па нели е тоа уставна категорија ? И како таква никако не се менува и станува рамна, но само во неменливоста исто како и црковните догми, слично е и со физичките закони кои се утврдени како неменливи, значи и тие се догми. Се' уште стојам на тоа дека секуларноста е посилна и од Уставот, бидејќи сведоци бевме дека и Уставот може да се промени, но членот за секуларноста никако бидејќи си го чуваме како очите во главата. А имаме и толку многу душегрижници околу него. Затоа постојано ќе потсетуваат дека црквата не смее да се меша со државата. Потоа, дека изучувањето на веронаука во училиштата ни ја загрозувала секуларноста, дека градењето на храмови и џамии е исто толку опасно и водело кон десекуларизација, дека влегувањето на Богословскиот факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е рамно на потоп на секуларноста, а од друга страна ќе ги замолат сите верски лидери да се соберат и да зборуваат за соживот и да даваат апели до своите верници за мирни, фер и демократски избори.

Простете ми, но вознемирен сум кога некој ќе се чука в гради дека го чува и почитува Уставот и овој фамозен член во него, оваа реченица ставена на хартија, а нема да ме чува и почитува мене и мојата вероисповед иако со него го делам и ова парче земја. Како оние што не веруваат и бараат да имаме разбирање за нив, така нели и ние како рамноправни граѓани можеме да побараме да се има и слух и за нас. Но, се' ќе се најде некоја третокласна партија која немајќи програма ниту членство ниту, пак, можност некако да се врати на политичката сцена како давеник за сламка ќе се фати и ќе се обиде да поентира со чувањето на секуларноста сметајќи најверојатно дека сите оние граѓани кои се индиферентни кон верата ќе се приклучат кон нив и ќе ги поддржат или, пак, само да покажат дека едноставно се живи и да се оди контра на позицијата. И толку лукаво чекаат погоден момент за напад. Случајно ли е што по некоја афера во црквата кога се намалува нејзиниот авторитет, правопропорционално се зголемуваат нивните пенавења за спас на секуларноста.

Само се чудам како некој не се сетил да не' даде на Уставен суд, па да ни забрани нам свештенството да се шетаме низ град со мантија, зашто и тоа е нарушување на секуларноста? Па поборници на секуларноста, размислете и за оваа идеја ако веќе се испукавте за се' друго, бидејќи веќе втор пат ги отворате истите прашања пред Уставниот суд, со излитени и веќе слушнати тези.

Но..., денес е Благовец, а благата вест за воплотувањето на Христос е почеток на нашето спасение. По молитвите на Пресвета Богородица, Господ нека не' помилува и благослови сите!

Митрополит Европски g. Пимен

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5813
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6417
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5611
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная