Вечноста и светоста се многу реални работи како и сите останати на кои сме повикани да одговориме во наШиот живот и не треба да ги оддалечуваме и отфрламе од нас.
 
Lit.Uspenie2.jpg

Многупати е пишувано за работи кои треба да ги направиме за да не биде како луЃе, народ, нација, граЃани, се нуделе разни предлози и алтернативи: религиозни, филозофски, морални, социјални, културни, психолошки, економски итн. Но, и на овие предлози и алтернативи секако треба да им се даде живот односно  да им се даде дух за да станат делотворни за решавање на одредени кризни ситуации кога сме дошле до констатација дека не не бива. Православното духовно искуство никогаш не ги заобиколувало проблемите, туку се трудело преку подвигот на љубовта Христова да ги преобрази и освети, и како такви не да ги негира, но, да им даде една нова смисла и подобра односно вечна перспектива. Кога се користи терминот вечно, не треба да се мисли дека тоа е нешто недофатливо и недостапно, туку дека е многу реално. Да не заборавиме дека човекот секогаш трагал и копнеел да го достигне она што претходно го сметал за недостижно, да го постигне она што претходно сметал дека е невозможно, потрагата никогаш не завршила.

Човекот светоста која ја отфрли од себе преку гревот /промашувањето на целта/ и вечноста од која што отпадна за која беше создаден и ја замени со смрт, не значи дека престанал да ги бара. Значи, и вечноста и светоста се многу реални работи како и сите останати на кои сме повикани да одговориме во наШиот живот и не треба да ги оддалечуваме и отфрламе од нас. Светоста не припаЃа на минатото или историјата на Црквата, таа секогаШ е активен подвиг на човекот кој се стреми да ја достигне, и секогаШ е присутна во оние кои ја примиле  љубовта Божја во себе, и се осветиле и светоста ја пренесуваат на секоја твар. Значи не само човекот со сите свои кризи, туку и светот со својата држава, опШтество со сите негови предзвици и проблеми, култура и природа се објекти на христијанскиот подвиг, кој е потрага по вечноста и светоста, затоа во Литургијата на Православната Црква го земаме сиот наШ живот и сиот тој свет и го принесуваме на Бога, а тука иако на момент веЌе се открива вечноста.

Христијанскиот пристап кон реШавањето на проблемите во наШиот живот, а исто така и проблемите во наШите односи со другите, како и во наШите односи кон опШтеството и светот во целина се темели на Божјиот повик на светост и соврШенство, но и на вечен живот во единство со Бога. Светителите се свети, затоа Што во својот живот го прифатиле и потврдиле Божјиот повик за вечен живот, за светост и соврШенство: бидете свети, бидејЌи Јас, Господ, ваШиот Бог, сум свет!(3Мој.19,2); Бидете соврШени како Што соврШен ваШиот Отец небесен, вели Христос, таа Негова порака е упатена до сите нас, без исклучок! Изборот е наШ. А, останува на Бога да не освети. Бог не може да одлучи наместо нас. За да не се случи “егзотично” како Што некои ги доживуваат празниците, или магиски  како со простотилакот на суеверието, да го сфатиме овој повик или пристап, треба да не заборавиме дека: светоста, вечноста и соврШенството не се дело на човекот, туку на Бога, кој е единствен вистински вечен, свет и соврШен, Кој преку Христос Богочовекот ни го дава тој дар, кој човекот треба да го направи свој и да го пренесе на светот.
Ете, тој пристап и подвиг го нуди Црквата.

А, еден голем православен американски мислител од 20 век кој ни го пренесува на разбирлив јазик Преданието на Црквата истакнал: “Црквата како Христова Света Тајна не е никаква “религиска” заедница на преобратени, ниту организација која треба да ги задоволува “религиските” потреби на човекот. Црквата е нов живот, и оттука таа го спасува сиот живот, севкупното битие на човекот. А тој живот на човекот, всуШност е свет во кој и со кој човекот живее. Црквата преку човекот го искупува и спасува светот. Во светот на Овоплотувањето, нема ниШто Што Ќе остане “неутрално”, ниШто не може да биде изземено од љубовта на Синот Човечки”.

Нова Македонија 29.07. 2008

 Посети:{moshits}