логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

Богослужбите не се забрануваат ниту некогаш треба да престанат. Тие се стожерот на живата црква и вера. Мерките, пак, не се репресија врз верата и догмите,туку се превентивен систем наменет за верниците и клириците. Вака директорот на Комисијата за односи со верските заедници во интервју за весникот ВЕЧЕР одговара на прашањето дали со владините мерки за справување со пандемијата на коронавирусот се забрануваат богослужбите. Сотировски ги коментира рестриктивните мерки и нивното влијание врз врските заедници, а го прашавме и за литиите на свештениците во Кавадарци и Велес кои предизвикаа големо внимание во јавноста, бидејќи освен што ги прскаа улиците со светена вода, среде пандемија повикуваа и на масовна молитва. Вели, социјалното дистанцирање на верниците во моментов е неопходно, но тоа не смее да се толкува како дистанцирање од Бог. Во пресрет на Велигден, на прашањето дали големиот христијански празник ќе го пречекаме во празни храмови без верници вели: „За мене најважно е да имаме исполнети срца за Велигден, тоа е денот со најдлабока суштина, ден кој дава смисла на животот“

 

Во екот на коронавирусот Владата донесе пакет-мерки со кои се забрануваат јавните собири, а со тоа се забрануваат и верските собири. Министерот за здравство Венко Филипче повеќе пати јавно апелираше верските заедници да не ги кршат усвоените мерки. Како го коментирате ова има ли право Владата да ги ограничува верските собири?

-Се наоѓаме во тешка глобална криза, пандемијата создава вонредни околности во секој аспект од нормалното општествено живеење. Мерките кои ги усвои Владата се предложени од стручни лица, епидемиолози, чиј глас и експертиза треба да бидат последниот збор во државата, доколку сакаме да се справиме со вирусот.

Во  согласност со член 8 од Законот за правна положба на црква и верска заедница слободата на изразување на верата може да се ограничи доколку е тоа неопходно и од интерес на јавното здравје. Со член 58, пак, од Законот за заштита на населението од заразни болести се предвидува можноста Владата да забрани или ограничи јавни собири. Оттаму, правна основа постои.

Се забрануваат ли богослужбите со донесените мерки?

-Богослужбите не се забрануваат ниту некогаш треба да престанат. Тие се стожерот на живата црква и вера. Мерките не се репресија врз верата и догмите туку се превентивен систем наменет за верниците и клириците. Мерките забрануваат собири со цел да се спречи можноста во маса луѓе веќе заразено лице да ја пренесе заразата на некој од можните начини на другите присутни. Вселенскиот патријарх Вартоломеј со право истакна дека во оваа криза не е во опасност верата туку верниците.

Оттаму, свештените лица, имамите и другите треба да продолжат да ги принесуваат службите, а верниците почитувајќи го послушанието најдобро е да се помолат од својот дом. Новата генерација на технологии овозможува пренесување на сите богослужби во домовите, тоа секако не е соодветна замена за личното учество во богослужбата, но сепак претставува добра можност.

Другите верски обреди, потреби и ритуали верските заедници треба самостојно да ги уредат и соопштат на верниците секако внимавајќи на мерките и анулирајќи ја секоја можност во толпа да се пренесе зараза од лице кое е носител, а можеби ние не знаеме за тоа.

Дали тоа значи клуч за храмовите за верниците?

3.angeli.so.truba

-Не. Храмовите може да бидат отворени за индивидуални молитви постојано во делот од денот кога нема рестрикции за слободно движење на населението.

Се придржуваат ли верските заедници на мерките?

Не би можел да дадам генерализиран воедначен одговор. Има населени места каде што се применуваат мерките во целост има некаде каде што тоа оди потешко. Така е и во другите држави. Со претседателот на Владата г-дин Оливер Спасовски имавме средба со верските лидери и многу отворено разговаравме за сите мерки за заштита.

Сепак не е само прашање на придржување до мерките за верските заедници како формални организации туку и до секој еден граѓанин кој според својата лична верска определба припаѓа на некоја вероисповед.

Како ги коментирате литиите на свештениците во Кавадарци и Велес кои освен што ги прскаа улиците со светена вода, среде пандемија повикуваа и на масовна молитва?

3.angeli.so.truba

Заштитата на јавното здравје не зависи од нашиот личен избор колку сериозно ќе ја сфатиме како поединци епидемијата, ова е глобален проблем кој не тангира сите како општествен колектив. Постојано расте бројот на заболени, имаме и жртви и треба да заборавиме на своето Јас и да мислиме малку на сите други.

Попрскувањето со света вода и изложувањето на свети мошти согласно верувањето на христијаните има големо значење и тоа како дејствие е целосно во ред. Повикувањето на масовни собири не може да се оправда кога е целосно во спротивност со она што ни е сега потребно. Социјалното дистанцирање не смее да се толкува како дистанцирање од Бог.

Од друга страна морам да ги осудам сите навреди и исмевања упатени од одредени граѓани до свештениците. Оние кои веруваат во современи вредности треба да сфатат дека слободата на верување е врвно граѓанско право, па очекувам истите како што се воздржуваат од коментари и морални квалификации за други манифестации и прашања, да се воздржуваат и од неоправдан гнев кон секоја христијанска манифестација на основните човекови права.

Можно ли е првпат да го пречекаме Велигден со празни храмови без верници?

Ова прашање буди многу емоции кај мене, а претпоставувам и кај другите. Сè уште е рано да кажеме, се надевам дека кризата побргу ќе заврши. Во католичкиот свет каде Воскресението се слави по Грегоријанскиот календар веќе се спремаат за првото прославување на Велигден на таков начин, а слушаме такви најави и од повеќе православни цркви.

За мене најважно е да имаме исполнети срца за Велигден, тоа е денот со најдлабока суштина, ден кој дава смисла на животот.

Елизабета АРСОСКА

https://www.vecer.press/%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%bd-%d1%81%d0%be%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%b7-%d1%81/?fbclid=IwAR2Z2ATG4mlB_9X55Q9w66poB0uo3vlXGvIcfqTQv0866afOXspHnTz8Y8w

 

2-ри април 2020 г.

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1107
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1046
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…