логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


    

Отец Пимен – личност на годината затоа што не го продаде своето ментално Ферари

 Отец Пимен – личност на годината затоа што не го продаде своето ментално Ферари

Во малку беше верен, над многу ќе те поставам

(Мат. 25, 24)


Отец Пимен…
Во црковните хиерархиски кругови, Владика на Европска Епархија… Меѓу народот, обичен човек од крв и месо кој го сака животот и сите животни радости подеднакво како и обичните смртници. Владика, а сепак на прв поглед човек кој не сака да се одлепи од македонските животни стрмни патишта и покрај благодетите што со себе ги носи извезената митра и жезолот за владици чуван, човек во кој тече бунтовна македонска крв, за хејтери, ресенчанин кој одвреме – навреме преку својот виртуелен фејсбук профил лупи ”забрането” ресенско јаболко со слики покрај поршеа и убави луѓе, монах кој со ”фејсбук ракавици” пишува патувајќи, оној кој во бавчите на Трендо копа со оштра вербална мотика, притоа водејќи сметка да не удри по коренот што верба во Бога значи. За многумина,  црковен политичар кој со помош на влијанието на црквата се обидува да ги ”преобрати” верниците да веруваат во онаа во што политичарите не би сакале да се верува, но за сите останати, пастир на православните верници кој преку доза хумор и сатира испраќа порака човештвотото да не губи надеж во себе и кога е најтешко.
За неделникот ”Фокус”, личност на годината, за дијаспората – Владика кој во раце им го подаде клучот на новоотворената црква во Малме, со еден збор, своевиден херој на денешницата.

1454794_393707294097294_301630282_n
Со оглед на тоа што бевте номинарани за личност на годината во некои медиуми,  факт е дека сте едно од лицата што ја обележаа годинава што изминува. Како од таа перспектива ја оценувате 2013? Што  ви остави впечаток во неа ? Што според вас беше пресудно за вашиот избор ?


Годинава зад нас слободно можеме да ја оцениме како година на чудни случувања. Беше година во која бевме сведоци на чудни и за жал сѐуште недоразјаснети работи. Година во која добивме старо нови градоначалници при што политичките партии по кој знае кој пат си ги мереа силите на терен. Година во која се покажа силата на странските инвестиции со увозот на гласачка снага, која сепак не влијаеше на конечниот избор на гласачите. Година во која црквата се подмлади со нови владици. Година во која една невладина организација ја бранеше црквата од ”рушење”. Истата ја бранеше дури и од мене како од внатрешен непријател. Навистина нелогични ситуации кои ете кога човек без оглед на неговата улога и позиција во општеството ќе ги искритикува може да стане херој. Токму овие случувања од годинава зад нас потикнаа некои медиуми да ме номинираат за личност на годината. Слава Му на Бога во Фокус, и таа номинација успешно помина.
Што и колку ви значи оваа награда и кому би сакале да заблагодарите и да ја посветите истата?


Би сакал оваа награда да се ​​сфати како враќање на довербата кон Црквата, не како моја лична промоција. Би сакал оваа награда да биде сфатена и како можност преку правдољубљивоста и покрај сите опасности кои ги носи со себе, истата да може од обичниот човек да направи херој и почитувана личност. Затоа ми е особено драга оваа награда, бидејќи преку неа, некако насетувам можност за подобри времиња и ја посветувам на сите оние личности кои сакаат подобри времиња од овие.

najpovolnaFBponuda1-300x231


Забраната за користење Фејсбук донесена од страна на Светиот Синод на МПЦ е исто така едно од случувањата кои ја одбележаа годината зад нас. Вашиот став се разликуваше од ставот на поголемиот дел од Синодот. Сметате ли дека ФБ е моќна алатка во мисијата на црквата? Што е тоа што ве мотивираше да пркосите на оваа одлука?

Во сите овие споменати настани, фејсбукот одигра навистина важна улога. Токму првите пораки објавени на Фејсбук ме промовираа меѓу народот како Владика кој ги руши оние стереотипи за свештенството дека се луѓе кои не ги интересира ништо друго освен сопствениот комфорт, и луѓе кои поради тоа се вечни поданици на власта. Судејќи според коментарите на многу случајни луѓе кои ги сретнувам постојано меѓу обичниот народ, мислам дека успеав во тоа. Но, од друга страна, тоа предизвика една полемика внатре во црквата за користењето на социјалните мрежи, особено на ФБ која резултираше со една непопуларна одлука на Синодот за нивна забрана. После соочувањето со критиката добиена не само од домашната јавност, туку и критиката и чудењето на светската јавност за безполезноста на одлуката, како Синод ретериравме  во размислувањето и веќе е најавено ревидирање и ублажување на одлуката на првата следна седница. Верувам дека јавноста ќе знае да го поздрави тој чекор. Сепак станува збор за една корисна алатка која особено во дијаспората е неопходна за брзо пласирање на информации и организирање на разни црковни манифестации. Во голем дел, подмладувањето на црквата со верен народ, слободно може да се каже дека е заслуга токму на овие раздвижувања.


Сметате дека е значајно подмладувањето на црковните одбори низ вашата епархија ? Колку и како успевате да ја реализирате оваа ваша идеја и кој е ефектот од нивното ангажирање ?
Мојата заложба за промена на гореспоменатите одлуки  за користење на ФБ произлегува и беше мотивирано токму од идејата на младиот народ, во многу црковни општини втората или третата генерација да успееме да ја интегрираме во црковниот живот. Искуството од сите овие осум години митрополитски стаж низ Европската Епархија покажува дека онаму каде што помладите луѓе зедоа активно учество во црковните одбори, имаме еден друг дух, дух кој даде плодови во развојот на духовниот живот низ епархијата со многу нови градби, купувања на имоти, закуп на храмови, нивно внатрешно преуредување во православен дух, организирање на школи за веронаука и македонски јазик. Со еден збор, дух кој го сведочи присуството Божјо.
1400457_10151972447059587_975749449_o
Освен неколкуте досега започнати изградени и осветени цркви, годинава на Бога му принесовте уште еден храм во Малме во вашето епархиско седиште. Таа вест некако убаво проструи низ македонските медиуми. Дали сметате дека вашето поставување на чело на Европската Епархија беше пресудно за нејзиното би се рекло ребрендирање?


Не би сакал да верувам дека моето поставување на чело на Европската Епархија е пресудно за нејзиниот развој. Повеќе би рекол дека тоа е склоп на околности. Идејата и сонот на првите наши иселеници и нивното искуство, а поткрепени од ентузијазмот на младите луѓе веќе дава резултат. Размислувањата на првите наши генерации дека откако ќе спечалат доволно ќе се вратат во Македонија со нивните поколенија се менуваат. Сѐ повеќе сфаќаат дека таму е целиот нивен труд и живот, и дека покрај тоа што веќе купуваат свои живеалишта, размислуваат дека и црквата треба да биде дел од нивното опкружување во местата каде што живеат. Тоа услови градба на неколку цркви низ епархијата. Оваа година по молитвите на Светиот Наум Охридски – чудотворец, му принесовме на Бога уште еден прекрасен храм по повод јубилејот 1700 години од Миланскиот едикт. Тоа е прекрасниот храм во Малме, Шведска, кој благодарение на донациите на верниот народ од јужниот дел на Шведска и нивната сплотеност во идејата, а предводени од својот парохиски свештеник, оваа година со осветувањето го ставивме во целосна литургиска употреба.

Pimen

За крај, што би им порачале на нашите читатели по повод претстојните празници?
Честитајќи им го празникот на Рождество Христово и почетокот на новата календарска година на сиот верен народ, би сакал да им порачам дека Рождеството на Богомладенецот треба да се прифаќа и како раѓање на надежта за спасение на човекот. Токму таа, надежта, треба да ни даде сила да ги пребродиме со радост сите искушенија, и да Му благодариме на Бога за сите нив, бидејќи, оној кој знае да благодари и за најмалиот дар, може да се надева и на поголеми дарови согласно Христовите зборови: во малку беше верен, над многу ќе те поставам. Ако секој од нас како посебна личност и малку направи во подобрувањето на квалитетот на нашиот живот, многу би добиле како општество. Најголемиот дар што Бог му го дал на човекот е дарот на слободата, затоа тоа треба да го цениме и чуваме, и да не се согласуваме водени од стравот некој да ни го одземе овој дар. Само слобдниот човек може да се бори за совршенство, а Бог ни дали и заповед да бидеме совршени како што е совршен нашиот Отец Небесен.


Подготви: Сандра Томовска

Извор:http://www.kumanovskimuabeti.mk/%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%86-%D0%BF%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD-%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%BE%D0%B0-%D1%88/#

30.12.2013 год.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1014
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 980
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…