логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  V.Josif.MIA.jpg

 ДА СТОИМЕ СПОКОЈНИ И СМИРЕНИ

Последниве денови сме сведоци дека народот започна да се дели, а таа поделба потекна од луѓе од Црквата! Дали е тоа резултат на биполарност во Синодот, па не можејќи повеќе да се држи внатре, започна да се манифестира надвор, или причината е друга? Кој е Вашиот став за овие случувања?
- Жални и болни се овие состојби. Тие ни се случуваат затоа што некои не можат да ја разберат улогата на Црквата во современиот свет, а и воопшто Таа треба да обединува, да биде сведок за една поинаква реалност, дека овде на земјата не е нашата цел. Тоа нашиот народ добро гознае. Тој одсекогаш се потпирал на Црквата и сигурен сум дека така ќе биде и понатаму. Единствено што е потребно е ние од Црквата да се потпреме на верата и на црковната свест, зашто како што реков тоа од секогаш било главна потпора на нашиот народ. Само така ќе го зачуваме единството, кое што ни е најпотребно. Само ако ја негуваме свеста, дека сите ние заедно со народот сме едно семејство, една Црква, заедница која се спасува со силата Божја, нема да дозволиме да станеме робови на суетата и гордоста. Зашто слободата, и националната и духовната, сплотени сме ја оствариле, тоа било тешко и неизвесно зашто двесте години во континутет се обидувале да не скршат и предомислат. Таа слобода, колку што било тешко да се добие, еве уште потешко е да се сочува.

Со протестите кои започнаа заради најавата дека ќе се преистпува легалноста на одобренијата за градба на црквата Свети Константин и Елена, бевме сведоци за тоа дека народот беше поделен на верници и на оние кои не си ја знаат верата.
- Тоа не е став на Црквата, а ставови на поединци не коментирам никогаш, дури и не размислувам за нив кога гледам каква позадина имаат. Но, класифицирањето на народот според тоа колку ја познаваат верата е многу опасно, зашто е мерено со човечки разум.

Имлше ли политикa во сите тие настани?
-     Очигледно е дека некој се обиде да направи конфликт меѓу Црквата и народот, како и во самата Црква и меѓу народот, а за жал некој од црквата имаше обид и политички да профитира од целата ситуација, при тоа очигледно не разбирајќи ја својата улога и улогата на Црквата. Само политичарите треба да се занимаваат со политика и тоа е нивна задача, само ним народот им дал легитимитет да зборуваат за политика. Ние во Црквата немаме мандат да говориме за тоа, напротив народот нам не задолжил да се грижиме за Црквата, и само доколку нашите постапки ја изразуваат волјата на народот само тогаш се оправдани. Ние никогаш не сме се согласиле да ни ги рушат црквите, а и денес нема да останеме рамнодушни ако има таков обид. Одговорните, доколку на време се изјаснеа дека немаат намери да ја уриваат црквата, сигурно немаше да дојде до ова. А народот е секогаш во право, и никогаш не греши!

Значи, ги опрлвдувате постопките на поедини владици?
-     Ништо не оправдувам и ништо не осудувам, само знам дека никогаш не треба да се правдаме кога не клеветат, туку како христијани треба се да оставиме на Божјиот суд. Жалосно е кога го губиме внатрешниот мир и присебноста, бидејќи Господ се гледа. Не е долично ние да се јавуваме како судии, предизвикувачи или не дај Боже како месии кои нешто најавуваат. Нашиот одговор треба да биде поинаков, треба да го чуваме мирот во своето срце, за да можеме и со народот да се смириме. Нетреба да дозволуваме злобата да ја наруши нашата внатрешна состојба, за да не се случи таа злоба да го скрши нашиот народ. Секогаш треба да се молиме за нашите непријатели, а ние самите на себе како личност сме си најголемиот непријател, ако не се смириме пред Бога. Само така ќе можеме да ја привлечеме милоста Божја и Бог ќе влијае на нашиот животи како Црква и како Народ. Бог нека ни прости за сите соблазни и сите неправди што им ги нанесуваме на луѓето.

Сведоци сме дека досега, Црквата прилично компактно делуваше, постои ли опасност да излезе од колосекот по кој што повеќе од половина век сигурно одеше? Има ли капацитет и понатаму да остане критериум кога станува збор за националниот и духовниот идентитет на народот?
-     Црквата е една и вратите на пеколот не можатда ја надвладеат. Бог никогаш не не напуштил, туку секогаш ни дава голема бпагодат. Сеетиот Дух живее и дејствува во нас - во секој Македонец. Тоа јасно ни кажува дека не сме сами пред искушенијата, соблазните, провокациите, конфликтите... Колку и да изгледаат тешки сите проблеми кои ја измачуваат совеста на верниците, на крајот сигурен сум дека љубовта ќе надвладее. Навистина, видено однадвор, не од позиција на Црквата, состојбата изгледа многу тешка и неизвесна. Но, секогаш и секаде живее и дејствува Духот Свет, без разлика колку реалноста не соочува со радост и тага, љубов или предавство, добро или зло, вистина или лага.

МПЦ се прости од митрополитот Кирил. знаеме дека тој беше бедемот во Синодот. Ќе има ли сега некакви нови грулирања?
-     Секое некакво групирање најнапред значи некакво разделување. Ќе потсетам на аманетот на бпаженоупокоениот митрополит Кирил, дека никогаш не треба да си поигруваме со Црквата, ниту со збор, ниту со помисла, зашто таа е душата на нашиот народ.
Во периодот што ни претстои, треба, пред се, духовно да се подготвуваме за изборот на надлежен митрополит на полошко-кумановската епархија. Како Црковни лица и како верници, не смееме да се впуштаме во активности што ќе наликуваат на кампања за избор на лидер или создавање на некаква нова група. Сите наши активности треба да бидат во насока на зајакнување на љубовта и едномисленоста. Ние, за разлика од светот, треба сета своја надеж да ја полагаме единствено на волјата Господова, а за таа да се оствари треба смирено да се молиме Божјата бпагодат да не не остави. За нас е исклучително важно да се исполни Неговата, а не нашата волја!

МПЦ се соочуво со непризнавање, а митрополитот Кирил како потписник на одлуката за афтокефалност беше најтешко да се предомисли за некакви отстапки. Ќе се одвиваат ли сега побрзо настаните во врска по признавањето на МПЦ?
-  Никој и никогаш, однас, од тие преднас и од тие по нас, не размислува, не размислувал и нема да размислува дека некои од надвор треба да не учат како треба да се прекрстиме, или како свеќа да запалиме или како да заплачеме пред Бога. Овој народ уште од апостолско време научил како се живее христијански и како се умира христијански. Во далечната 1967 година, со целосното возобновување на афтокефалноста на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, се потврди решеноста дека православното исповедање на верата е исклучиво наша лична определба, определба на секој македонец и дека никој од надвор не може, не треба и нема да ни кажува како и во што треба да веруваме. Темата за статусот на Македонската Православна Црква во семејството на останатите помесни православни Цркви за нас од тогаш е затворена. Единствено што останува е нашите браќа по вера што поскоро да ја прифатат таа реалност, а кога тогаш итоа ќе се случи. Нам трпението нетреба да не напушта, зашто од тоа не ни зависи спасението.
Само ќе го повторам тоа што го кажав кога се простувавме со митрополитот Кирил, дека стоиме цврсто, стоиме спокојни и смирени, и сме со сигурен поглед во иднината која постепено се претопува во вечноста.

19. јуни 2013.
Јулијана Тануровска, МТВ

Извор: МИА



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5798
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6617
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6397
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5595
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная