starec.Serafim.Baradel.jpg

За монахот постојано треба да биде Пасха(Велигден)
Интервју со настојателот на Смоленскиот скит, схиихумен  Серафим

- Христос Воскресна, батјушка!
- Навистина воскресна!
- Започна Светлата седмица, какви чувства ве исполнуваат вас во овие денови?
- Вие знаете, за монахот постојано треба да биде Велигден! Но, ние поминавме повеќе од 40 денови од Великиот пост, чии одлики се покајанието, плачот,  воздишките – и јас мислам, дека таа состојба нам ни е посвојствена од пасхалната. Затоа навистина доаѓа да се говори само: „Го чекам воскресението на мртвите, и животот на идниот век“... Ние живееме со тоа очекување, со тоа есхатолошко очекување, но таа состојба – таа не е наша. Со исклучок, секако, на најголемите светители, како Серафим Сарофски. На крајот на својот живот тој имал постојана Пасха: „Радосте моја, Христос Воскресе!“. Тој пеел пасхални химни на крајот на таквиот подвиг, на крајот на таквиот пат...
- То ест, пасхалната радост – е најтешко достиглива состојба?
Секако, и тоа не им се дава на сите. Пасхалната радост се дава, кога човекот веќе претрпел секаква смрт, кога човекот веќе го победил секој грев во себе. Серафим Саровски велел: „Стекнувај дух мирен – и илјадници околу тебе ќе се спасат“. Тој го достигнал тоа, но та е една од најредките личности дури меѓу светителите. Старец Софрониј велеше, дека многу монаси и дури многу светители умирале во борба. Силуан Атонски исто така го достигнал мирот, тој го достигнал третиот период на благодатта, кога благодата се враќа веќе како достоинство на човекот, која тој ја стекнувал со својот пост, со своите солзи, со своите подвизи, со своите молитви. Но да се достигне тој трет период не е дадено на многумина.
 - Значи тогаш, достигнувањето на пасхалната радост - тоа е всушност достигнување на преображението?
 - Секако. Целата Страстна седмица е насочена есхатолошки, кон крајот на времињата, кон Второто пришествие, кон Спасението и Преображението. И тоа е многу важно да се разбере. Ете зошто тие приказни за Второто Пришествие и за Страшниот суд особено се споменуваат на почетокот на Страстната седмица. Затоа што страдањата Христови, Неговото Распетие и Воскресение – тоа е суд над историјата на целото човештво. Тоа е последниот пункт кој носи есхатолошки карактер.
 - Како се подразбира тоа, дека Пасха(Велигден) во историјата „се повторува“? Како нова можност да се приближиме кон преображението, да се помине нова етапа на очистување?
 - Да. Пасха ни се дава како еден вид прозорче, коие ни се приоткрива и ни свети на нашиот пат на Спасението. Кога после постот запеваме: „Христос Воскресе“! – нас нè опфаќа посебна радост – не од овој свет. Но, за жал, тоа е за минута. Долго да ја задржиме таа радост ние не можиме. Нам тоа ни е тешко, затоа што сеедно ние продолжуваме да живееме во нашите измерувања, во нашето време и пространство. Иако една во времето преку Воскресението се свршило Делото Христово – Спасението на човештвото, сепак историјата и црквата Христова на земјата продолжуваат да се развиваат, бидејќи полнотата сеуште не е достигната. И затоа е многу тешко секогаш да се преживуваат такви празници како Велигден или Преображението, имено по таа причина, дека тие се чисто есхатолошки.
 - Одат ли по патот на Спасението западните христијани? Некои наши познати богослови тврдат дека католиците и протестантите се наоѓаат во потполна заблуда во однос на тоа што е спасение и како тоа се достигнува.
 - Тие не се наоѓаат во полна заблуда. Најпрвин, треба да се разбира, дека Истокот и Западот се развивале одделно, и историски, и културно, што се одразило и на догмите. Треба јасно да се разбира, дека Истокот и Западот – тоа се два совршено различни светови, два совршено различни пристапи, два совршено различни образи на размислување. И расколот во 1054 година – тоа е само официјалниот печат на расколот, кој всушност започнал многу порано. Потоа, треба да се земат во предвид и многуте историски рани, кои измачуваат до денеска. Но и тој екуменизам, кого ние денеска го гледаме – е само еден одвратен флерт.
 - Што е тоа вистински екуменизам?
 - Старецот (ст. Софрониј Сахаров) велеше, дека вистинскиот екуменизам се состои во тоа, секој православен, католик, протестант, на своето место да би живеел по Евангелието, по заповедите на Христос. И тогаш, - ако навистина живееме по Евангелските заповеди, - меѓу нас ќе испаднат сите разделби. Зашто еден е Христос, едно е Евангелието, едни се заповедите. А ако има разделба, значи, има неправилно разбирање, неправилно живеење.
 - Што да се прави кога има не површински конфликт на мисли, а длабок конфликт на разни формации?
 - Најпрвин, ние сме должни да осознаеме, дека ако ние ја имаме полнотата на вистината, тогаш нема од што да се плашиме. Ние знаеме, дека вистината во целата нејзина полнота се наоѓа во православната Црква – тоа е од Божја страна, а од човечка? По човечки кај нас во православието има многу недостатоци и искривувања. Во Русија има силна фобија пред католиците и протестантите, но од што ние толку се плашиме, ако ја имаме полнотата на вистината? Значи, на човечки степен полнотата сеуште ја немаме, и имаме што да достигнеме и во што да се поучиме, и кај католиците,  дури и кај протестантите. Старецот кажа исто така многу важни зборови, дека вистината не се определува опозиционо, таа е. „Јас сум Патот, Вистината и Животот“(Јн. 14, 6) – вели Спасителот. „Јас сум“ – тоа е битие, и не се определува опозиционо. Ако вистината не се определува опозиционо, нема што да се плашиме. Ако се сеќавате, на пример, на историјата на свештеномаченикот архиепископот Иларион Троицки – во почетокот на 20-те години, тој излегувал на диспути со безбожници, комунисти, и не се плашел...
 -Зошто ние сме склони да го гледаме лошото пред доброто, ако воопшто сме способни да го забележиме доброто?
 - Затоа што ние цело време бараме надворешни непријатели. Тоа сè е истиот резултат на гревот, стравот и неполнотата. Доброто го бара љубовта. Доброто го бара светиот: тој го гледа гревот, но го покрива со својата љубов. Тој ја гледа само светлината, и дури и во најпаднатиот човек тој ќе види светлина. Ние треба да се научиме да гледаме на луѓето и на сета околина божествено, то ест, така како што гледа Бог. Во многу молитви има таков израз: погледни со милостивото око... Да се гледа со милостиво око на сите, на цел свет што нè опкружува, што не значи да ги оправдуваме неговите гревови, а да ги покриваме со љубов.

Интервју за весникот „Валаамска светлина“
Схиигумен Серафим Барадељ

 

За Преминпортал:

Златко Дивјаковски