Тагува душата моја за Бога и му се моли дење и ноќе, бидејќи името Господово и е слатко на душата која што се моли, распламтувајќи во неа љубов спрема Бога.
 Долго проживеав на земјата. Многу видов и слушнав. Слушав музика и уживав во неа. Мислев: кога оваа музика ми е толку пријатна, колку ли пак душата ужива во небесните песни низ кои преку Светиот Дух се прославува Господ заради Неговите страдања.
 Душата долго живее на земјата и тука ја возљубуваубавината на овој свет. Таа го возљубува небото и Сонцето, ги возљубува цветните вртови, морињата, реките, шумите и луговите, ја возљубува музиката и сето тоа земско ја насладува душата. Но, кога ќе го запознае нашиот Господ, Исус Христос, таа веќе не сака да го набљудува она што е земско.
 Ја видов славата на земските цареви и многу ја ценев, но, кога душата ќе го запознае Господа, тогаш не внимава многу за сета царска слава. Тогаш душата непрестано тагува за Господа и незаситно и дење и ноќе, сака да го види – Невидливиот, да го дофати – Недофатливиот.
 Духот Свети на онаа душа која што Го познава, ќе и даде да свати на кој начин Он ја учи душата да го знае Господа и каква сладост е во тоа.
 О милостиви Господи, просвети ги народите Свои за да Те познаат и увидат колку не љубиш!

 Чудни се делата Божји. Он од земјата го создал човекот и на него, од прашина создаден му дал да Го спознае Духот Свети, така да човекот говори: „ Господ мој и Бог мој!“ Ова тој го зборува од изобилство на вера и љубов.
 Што повеќе може душата да бара на земјата?
 Душата одеднаш го спознава својот Творец и Неговата љубов, тоа е големо чудо.
 Кога душата согледува колку е кроток и смирен Господ, се смирува до крајност и ништо друго не сака така како Христовото смирение. Колку и да живее на земјата таа секогаш ќе го сака и тражи тоа непоимливо смирение кое што не се заборава.
 Господи, колку многу го сакаш Ти човекот!

(Продолжува)

Извор: