sv.PrprokElisej.jpg

Старците нé учеа дека мораме да ги избегнуваме малите грешки, ако сакаме да се сочуваме од поголемите и потешките, бидејќи воглавно од тие незначајни попуштања во душата се создава лоша навика и незабележливо се паѓа во сé поголеми престапи.

На пример, колку тешко нешто е осудувањето на другите, нашите ближни. Од тоа нема ништо полошо, тоа и Отците го велеле. А во тој голем грев човек паѓа невнимавајќи токму на тие наизглед мали и ништожни нешта.

Бидејќи, штом почнеме и најмалку да се сомневаме во другиот и да обрнуваме внимание на она што тој прави, нашиот ум веќе не внимава на своите грешки. А после тоа веќе доаѓа озборувањето, осудувањето и презирањето на другите, и на крај, неминовно – паѓање во оној ист грев, кој го осудуваме кај другите. Токму затоа што човек не се грижи за своите слабости и „не го оплакува својот мртовец“, како што велеле Отците, туку обрнува внимание на делата на ближните, не може да напредува во доброто. Гревот на осудувањето е толку потежок од другите, што Христос гревот на ближниот го нарекол раска, а осудувањето – греда (Лк. 6:42).

Извор:

http://maranata0.wordpress.com/