логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


ѓакон Горан Стојчевски

ЗА ЦАРСТВОТО БОЖЈО

Zrze.Blagovestenie.jpgСо овоплотувањето на Логосот Божји , царството Божјо добива централно место во животот и историјата на човештвото. Господ Исус Христос ја започнува Својата спасителна проповед токму со објавувањето на радосната вест за царството Божјо, “покајте се зашто се приближи царството небесно” /Мат. 4.17/. Со тоа нашиот Спасител ни ја дава смислата на нашиот христијански  подвиг во светот, чија цел е царството Божјо кое е “крајната цел на човекот и светот.

 Царството Божјо е самата содржина на Евангелието, кое е Евангелие за Царството, кое како полнота на животот, полнота на радоста, полнота на знаењето, е објавено и ни е дарувано како  реалност  во  Христа  Богочовекот,  Кој  не  се откажал се да направи додека не нé возведе на Небото и додека царството Негово идно не ни го дарува. Оттука, произлегува вистинското прашање,  што е царството Божјо? -  Тоа е се она заради кое што Свето Троичниот Бог го создаде човекот и светот, а од кое човекот отпадна во гревот и самољубието, а кое Христос повторно ни го објавил и дарувал како наша конечна цел.

  За св. апостол Павле царството Божјо “ не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух “ /Рим. 14,17/, всушност тоа  е “сиот свет видлив и невидлив, создадените битија и несоздадената благодат Божја, свет кого Бог го замислил и создал да стане Црква, т.е. Дом на Бога Отца, Тело Христово, Ризница на Светиот Дух. Затоа, Црквата е соборно и собирно име за сите дела Божји, за сите добра Божји и за сите битија и творби кои ги создал Бог за да ги воведе во царството Свое на вечниот живот.  Оваа блага вест за царството на новиот живот во Христа кај нас во Македонија ни ја соопшти најпрво Св. апостол Павле, а во делото на Св. Климент Охридски патронот на нашата Света Македонска Православна Црква продолжи преку сите изминати векови па се до денес да ни биде цел на нашето постоење како личности и народ се до неговото исполнувње во вечноста.

 Благовестието за царството небесно значи спасение на човекот од гревот, смртта и ѓаволот и соединување со Христа Богочовекот во Телото Негово –Црквата. На тој начин човекот воцрковен т.е. вохристовен постанува син Божји по благодат и храм на Светиот Дух чија конечна цел е обожувањето односно единството со Бога. Тоа единствено претставува полнота и автентичност на вистинското битие и животот на човекот.

Човекот паѓајќи во грев, стана заробен од смртта и на тој начин ја промаши својата од Бога предназначена цел да стане син Божји и наследник на царството небесно. Карактеристично, е што самиот збор грев значи промашување, непогодување во целта, цел која Спасителот повторно ни ја претпоставува повикувајќи не преку покајанието и верата да влеземе во царството Божјо.

 Св. Исак Сирин разликува три етапи во патот кон царството небесно, покајание, очистување и совршенство, од кои даруваното покајание од Спасителот како почеток на овој пат е состојба што треба секогаш да трае и да биде став на оние што навистина се стремат кон единство со Бога во Неговото царство. Ова можеме да го потврдиме и со кажувањето на св. Јован Летвичник кој вели: “Браќа кога ќе замине душата наша пред Господа нема да бидеме судени затоа што не сме правеле чудо, или затоа што не сме станале теолози, ниту пак затоа што не сме достигнале созерцание, туку несомнено ќе одговараме пред Бога затоа што не сме се каеле постојано пред Бога.

 Со покајанието го прифаќаме и повикот за сораспнување со Христа и совоскреснување со него. Втемелувајќи го своето Евангелие на покајанието и објавувањето на царството Божјо, Спасителот Господ Исус Христос не вели “покај се”, туку “покајте се” во можина, повикувајќи го целиот народ и сите народи на земјата на преумување и нов живот воден во Црквата која е Негово Тело, како подготовка за среќавање со царството небесно кое наближи. Спасителот со проповедта за покајанието нагласува дека тој повик е соборен и сеопшт пат на спасение, повик на спасение, кој независно од сите историски промени е непроменлив и незаменлив, и продолжува низ сите епохи преку проповедта и благодатниот живот на Црквата, се до есхатолошкото исполнување на историјата во царството на идниот живот. Значи, покајанието и кога е лично секогаш има еклисиолошки карактер.

 Ако гревот ја носи смртта /Јаков, 1.15/ и оттуѓувањето од Бога и заедницата со Него, покајанието како очистување од гревот и нов живот во Христа е враќање на светотаинската заедница со Бога во Црквата, која е соборен и богочовечки организам,  живо Тело Христово и образ на царството Божјо кое што ќе дојде. Црквата е влезот во царството на вечниот живот во Бога,  кое го предвкусуваме уште овде и сега во заедница со Телото и Крвта Христови, кои очистуваат од секаков грев и нечистотија.

 Покајанието не само што претходи на крштевањето туку и следи по него, затоа се нарекува обновување на крштевањето. Ова “второ крштевање” за св. Јован Дамаскин се состои во “покајание и солзи” и го очистува човекот од гревовите направени по крштевањето, и повторно ја обновува благодатта и чистота здобиена во светата тајна крштавање. Затоа покајанието св. Исак Сирин го нарекува “благодат после благодат”.
 Според зборовите на нашиот Господ /Мар, 1.15/, вистинското покајание е невозможно без вистинска вера, ниту пак вистинска вера без вистинско покајание. Заеднички покајанието и верата во Христа Спасителот го раѓаат човекот за новиот живот во царството на Бога. Ако покајанието е тага по Бога која во Христа е радост на спасението /50 псалм/, верата е среќавање, вистинско среќавање на Оној по кого човекот тагува и се стреми. Блажени Августин најдобро зборува за верата “како жива претстава за она на кое што се надеваме и за верата како докажување на она што не се гледа” /Евр. 11.1/. “За Себе, вели бл. Августин, Си не создал Господи и нема да најдат спокој срцата наши во нас додека не те најдат тебе”. Значи, верата во христијанското искуство не е плод на некакво религиско знаење, ниту пак производ на било какво религиско размислување и анализа, бидејќи кажано со библискиот новозаветен јазик, кој е јазик на христијанството, верата е од Бога и таа во човекот се јавува по Божја иницијатива. Со други зборови, верата на која не повикува Спасителот е човечки одзив на Божјиот повик, таа е одговор на Бога со која човекот му се предава на Бога, Кој прв секогаш Себе се дарува на човекот.

Крштевањето во Црквата значи печат на нашата вера во Христа Богочовекот и прифаќање на Неговиот живот како наш живот чија цел е соединување со Него во вечен живот. Самиот збор крштевање,  значи потопување, а светите браќа Кирил и Методиј го превеле со крешеНИешто всушност е земање учество во крстот Христов. Значи, ние се потопуваме /крштеваме/, земаме учество во страдањата Христови и умираме со Него за да воскреснеме со Него за нов живот во царството небесно / Рим. 6,5 –10 /, кое не ќе има крај.

 Во Телото Христово - Црквата, христијаните се соединети преку крштението, кое за св. Атанасиј Велики е “коренот на нашето воскресение и спасение”, и преку него Црквата го сочинува “новиот народ, народот Божји соединет во Христа со вера и љубов”. На тој начин, секој човек роден “од вода и Дух”, станувајќи христијанин стапува во новиот народ Божји, кому му е ветено царството Божјо според зборовите на Спасителот: “небој се мало стадо, зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството” /Лука 12.32/, не е потребно само да се крстиме, туку е потребно крштението да го живееме, на тој начин што ќе го оствариме Евангелието Христово во својот живот, а тоа значи да се умре за гревот и да се живее за Бога за да речеме заедно со св. ап. Павле “јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене” /Гал. 2.20/, односно да ја исполниме волјата Божја и да живееме според Божјите Заповеди. На ова во своите поуки ни укажува и св. Марко Подвижник кој вели: “верата се состои не само во тоа да бидеме крстени во Христа Исуса, нашиот Господ, туку и во тоа - да ги извршуваме Неговите заповеди. Извршеното свето крштение ни дава совршенство, но не го прави совршен оној што не ги извршува заповедите”.

 Извршувањето на заповедите Божји треба да е израз на нашата слободна волја и решителност за единство со Бога, а пред се треба да е израз на нашата љубов кон Христа Богочовекот кој вели: “кој ги има заповедите Мои и ги пази, тој е оној што Ме љуби, а кој ме љуби Мене, возљубен ќе биде од Мојот Отец” /Јован,14.21/. Извршувајќи ги заповедите Божји се уподобуваме на Христа, вели св. Симеон Нов Богослов, бидејќи само подобни на Синот Божји ќе влеземе во царството Божјо. Но, еве што поточно вели св. Симеон: “Подобието се здобива преку исполнување на заповедите Божји, а исполнувањето на заповедите се врши од љубов кон Христа”, се додека Христос не се изобрази во нас /Гал. 4.19/. Исполнувањето на заповедите Божји не е потребно за човекот со нив да се оправда, бидејќи како што вели св. Марко Подвижник “царството небесно не е награда за дела, туку е благодат на Господ, приготвена за Неговите верни чеда”. Значи, исполнувањето на заповедите Божји е со цел според зборовите на светителот е да се чува и умножува благодатта на Светиот Дух здобиена во крштевањето. Затоа св. Петар Дамаскин ќе рече “божествените повелби Христови ни се дадени преку нив /исполнувајќи ги/  да се сочува благодатта на Светиот Дух примена во крштевањето, под услов крстениот да сака да ги запази и заповедите. Всушност, овие заповеди повеќе нас не чуваат отколку што ние нив ги чуваме, зашто токму тие се благодатта Божја што ни е дарувана”. 

 Царството Божјо кое ќе се открие во сета своја полнота со  Второ и Славно Христово доаѓање, а кое го очекуваме секогаш кога земаме учество на “Трпезата Господова”, во Литургијата на Црквата, собрани околу епископот кој е икона Христова, причестувајќи се со Телото и Крвта на нашиот Спасител. На тој начин, примајќи го Христа во себе, го вкусуваме царството Божјо откриено во Него, бидејќи во Божествена Евхаристија царството Божјо се отелотворува со самото Присуство на Христа меѓу Својот народ.

 Царство на вечниот живот во Бога дојде во Христа Исуса преку Неговото овоплотување, страдањата и крсната смрт, воскресението и вознесението и како плод на сето тоа што го направи за нас, со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, го направи веќе присутно во Неговото Тело – Црквата, која е влезот во царството на вечниот живот. Со влегувањето пак во Црквата учествувајќи во Евхаристијата, учествуваме во мирот и радоста на Светиот Дух, “јадејќи и пиејќи на Христовата трпеза” во царството Негово. Затоа “ Господ насладувањето на светите во идниот живот го нарекол Трпеза, вели св. Николај Кавасила, за да покаже дека таму нема ништо поголемо од оваа Трпеза”, во кое пречестувајќи се со Телото и Крвта Христова “веќе отпочна воскресението за вечен живот”.

Евхаристијата востановена од Спасителот на Тајната вечера /Мат. 26. 26.8/, укажува на есхатолошката природа на Црквата. Таа е тајна на царството Божјо како вознесување на Црквата кон трпезата Христова во Неговото царство. Значи, царството Божјо се открива во Литургијата каде верните во заедница со Телото и Крвта Христови постануваат Црква, едно Тело, воскреснатото и вознесеното Тело Христово, за да станат, како што се вели во молитвата што ја чита ѓаконот по причестувањето, наследници  на “невечерениот ден” во царството на Бога.

 Откривајќи ни го домостројот на нашето спасение, Литургијата започнува со зборовите “Благословено е царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови”, што укажува на тоа дека нашата крајна дестинација, која не ќе има крај е царството небесно. За почетокоѕт на Светата Литургија, протојереј А. Шмеман ќе рече: “со јазикот на Библијата, штое е јазик на Црквата, да се благослови царството не значи тоа дека едноставно го одобруваме, туку се изјаснуваме дека тоа е цел и исполнување на сите наши желби и интереси, на целиот наш живот, како највисока вредност на се што постои.. Значи, уште самиот почеток на Литургијата сведочи дека царството Божјо како полнота на животот откриено во Христа, можеме да го вкусиме и да учествуваме во него, уште овде на земјата во Евхаристијата “која е излез на Црквата од овој свет и влез во царството небесно”. Ова го потврдуваме пеејќи во херувимската песна “и сега да ги оставиме сите грижи од овој свет” и да земеме учество во царството Божјо, т.е. во реалноста што ги надминува времето и просторот”, “вознесувајќи се на небесата и допирајќи го вечниот живот. Согласно со словото на св. Јован Златоуст кој вели: “оние кои се причестуваат со Крвта Христова стојат заедно со ангелите, архангелите и небесните сили, облечени во царската одежда Христова, имајќи духовно оружје, но со ова јас не го искажав она највозвишеното, тие се облекуваат во самиот Цар”. Царството Божјо преку Евхаристијата на Црквата е присутно во материјалниот свет, во историјата и заедно со нив тоа е крај и укинување, т.е. исполнување на историјата, победа над времето и просторот кои раздвојуваат и изминуваат. Ова не значи дека светот и историјата сме ги напуштиле и дека повеќе не не интересираат, туку значи дека во Евхаристијата како дар го пренесуваме нашето време, просторот кое веќе не треба да ги сфаќаме во нивната човечка димензија, која е ограничена и затворена на начин на кој ги допираме, но треба да го разбереме како време кое во Бога непрестајно се одвива, бидејќи Бог е живот. Затоа таквото време не треба да го бараме и да го мериме со нашите човечки категории што произлегуваат од нашето телесно искуство, туку да го бараме во единство со Бога, Кој е единствено беспочетен и бескраен. Затоа, сите оние кои бараат емпириски докази за тоа наликуваат на фарисеите кои го молеле Спасителот за знаци од небото, а кои знаци не ги гледале во Него заради скаменетите срца полни со отсуство на љубов.

 Во Литургијата, царството Божјо е веќе присутно пред Христа и во Христа, Кој е Бог и човек, Богочовек. Причестувајќи се со Него, ја придобиваме  благодатта Божја, така што, иако по природа смртни и ограничени, стануваме по благодат беспочетни насекаде присутни и бесмртни, не по природа, туку по благодат. Само на овој начин, го предвкусуваме царството на вечниот живот во Бога, кое што го очекуваме и кое не ќе има крај.

 Но, да не заборавиме како што вели авва Исаиј, “кој сака да јаде и пие на Христовата трпеза, треба да оди заедно со Него на крст, ... бидејќи апостолот рекол: “оние пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите” /Гал. 5.24/, а на Тимотеја, своето чедо, пишувајќи, му вели: “Ако со Него сме умреле, со Него ќе живееме, ако трпиме, со Него и ќе царуваме” /2 Тим. 2.11-12/. Според зборовите на авва Исаиј, само преку подвиг и вистински живот во Христа стануваме учесници на “Трпезата Негова во царството Негово”, кое се пројавува и открива во Литургијата на Црквата кога “јадеме и пиеме” т.е. се храниме со нашиот Спасител Кој рекол: “Кој го јаде Моето Тело и ја пие мојата Крв, има живот вечен и јас ќе го воскреснам во последниот ден” /Јован, 6.54/.
Преку средбата во Литургијата на човечкото време и вечноста Божја, реалноста на просторот и времето станува нова, зашто токму во Литургијата секој миг, час, ден... резултира со победоносните зборови на нашиот Господ: “Ете, се ново создавам... Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот” /Откр. 21. 5-6/. Во таа литургиска средба на времето и вечноста, на таинствен начин царството Божјо е веќе присутно и го вкусуваме, очекувајќи ја неговата полнота што ќе се открие при Второто и славно Христово доаѓање кое секогаш во Литургијата на Црквата го очекуваме “да, дојди Господи Исусе” /Откр. 22.20/, “да дојде Царството Твое”. Тоа е молитвата на Црквата.

 Царство Божјо  е приготвено за луѓето, кои се создадени според образот и подобието на Свето Троичниот Бог.  Луѓето се создадени да бидат вечни битија, да бидат носители на вечниот живот кој со Христовото Воскресение им постана реалност, им овозможи да го “наследат” царството на вечниот живот во Бога.

 Царството Небесно, Бог ни го дава во “наследство”, како нешто што ни припаѓа, како нешто сопствено, како нешто што ни следува, како што синот наследува од својот татко, така и ние ќе го наследиме царството небесно, како што вели св. Григориј Палама “од нашиот заеднички Отец”, бидејќи во Христа примивме посиновение /Гал. 4.6/, и облекувајќи се во Него постануваме Негови браќа и благодатни синови на Отецот. Затоа како на Свои чеда, “Бог, како што вели св. Максим Исповедник, сака преку благодат да ни го даде сето она што Он го има по природа”.

 Царството на вечниот живот, како што вели нашиот Господ е  “приготвено” за луѓето уште од почетокот на светот, значи, тоа не е отпосле дадено, туку Триипостасниот Бог во Својот Домострој на спасението го создаде “од почетокот на светот”. “Навистина, вели св. Григориј Палама, тоа била целта уште од почетокот на светот, и заради таа цел Бог го создаде човекот не само според Својот образ, туку и според Своето подобие, за да смести во Своето возвишено Божествено царство... Овој почеток св. Василиј Велики го гледа надвор од седумте дена на создавањето и го нарекува осми ден, кој што во Црквата го празнуваме во денот Господен - недела, а кој ќе биде денот на Воскресението, невечерен ден, почеток на вечноста во царството Божјо.

 Приготвеното царство ќе биде за оние кои ја стекнале и покажале љубовта кон Бога преку подвигот на љубовта кон ближниот создаден според образот Христов. Секој човек е носител на Христа Богочовекот во себе, бидејќи Он преку благодатта постојано се воплотува во секое човечко битие, во гладниот, во жедниот, во гостинот, во необлечениот, во затвореникот /Мат. 25, 35-36/, преку Својата благодат Христос присуствува во секој од нив и се поистоветева со најмалиот брат /Мат. 25.40/, кој го носи Евангелието на царството за нас, го носи спасениео за нас, го носи единството наше со Создателот. Дали ќе станеме носители на вечниот  живот во царството на Бога, зависи од нашиот однос кон секој човек, кој е однос кон Самиот Христос кој вели: “доколку сте го направиле тоа на еден од Моите најмали браќа Мене сте ми го направиле” /Мат. 15.40/.

 Љубовта кон ближниот е предзнак во овој свет за стекнување на љубовта Божја. Во љубовта кон Бога и ближниот секоја човечка личност го наоѓа своето совршенство, кое што ќе се открие во сета своја полнота во царството небесно, како полнота на љубовта, која како што вели св. Павле “никогаш не престанува” /1Кор. 13.8/, бидејќи царството Божјо “не ќе има крај”.

 Оние, што не ја стекнале љубовта Божја уште овде и сега на земјата, се судруваат со можноста да отпаднат од својата предназначена цел, од својата татковина /Фил. 3.20/. За нив како што вели св. Максим Исповедник “љубовта ќе стане неподносливо измачување”. Тоа се оние кои не ја покажале љубовта кон Христа, т.е кон Неговите најмали браќа, /Мат, 25.45/, за нив св. Исак Сирин ќе рече: “оние што ќе се најдат во пеколот камшикувани со стапот на љубовта, колку горчливо и сурово ќе биде ова измачување со љубовта. Оние што сфаќаат дека грешеле против љубовта, трпат поголемо страдање од страдањето што го причинуваат и најстрашните маки. Болката што го обзема срцето на кое му недостасува љубов, е постара од секоја друга мака. Не е точно да се рече дека во пеколот грешниците ќе бидат лишени од љубовта Божја..., но љубовта делува на два различни начини, таа станува страдање во осудените и радост во блажените”.

 Значи, човекот сам со својата слободна волја одлучува дали Второто Христово доаѓање за него ќе биде страшен суд кој ќе го оддалечи од царството на љубовта, или пак ќе биде радост и мир во Светиот Дух за него и за целиот свет во единство со Бога.
 Не само човекот, туку и целиот свет е повикан да влезе во Црквата, да стане Црква Христова за да биде преобразен преку обожувањето кое треба да премине од човекот на светот кон вечното царство на Бога, т.е. обожената состојба човекот преку благодатта Божја ќе ја пренесе на целото создание, бидејќи и светот е дело на Бог и е создаден да биде обожен, за да биде Бог сî во сî. Во есхаталошкото исполнување на историјата не само човекот, туку и целината, создадениот универзум ќе влезе во единство со Бога во царството Негово.

Од сето погореспоменато, а преполно со цитати и научено теоретско-теолошки, Светите Отци до денес, а и денес ја оставаат само следната порака (исклучиво низ опит на дело) за сите кои се стремат кон единство со Бога во Неговото Царство, и велат: по мерата од нашето  воцрквовување, ние ќе го чувствуваме присуството на царството Божјо внатре во себе и ќе учествуваме во него,  кога во подвигот на љубовта преку благодатта на Светиот Дух ќе го очистиме срцето од гревот и прелеста, и ќе го просветлиме умот и ќе се обожиме. Токму со покајанието исполнето со плач и непрестајна молитва, Господи Исусе Сине Божји помилуј ме... вклучени во евхаристискиот живот на Црквата ние ќе го постигнеме единството со Бога во Неговото Царство.Бидејќи секогаш кога земаме учество во Литургијата на Црквата, а особено онаа која се служи во денот Господен, секој од нас дури и во најмала мера и за неколку мига учествува во радоста на Воскресението и вечниот живот т.е. во полнотата на Царството Божјо кое не ќе има крај. 

 

храм Св. Преображение, Зрзе; фото: Марјан Бајевски, Виктор Синадиновски

Посети: {moshits}

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5802
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6402
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5597
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная