Hristos.prekrasno52

ВО БЕЗДНАТА НА МАТЕРИЈАЛНОТО

         А Исус го праша, велејќи: „Како ти е името?“ Тој одговори: „Легион“, зашто многу демони беа влегле во него. И Го молеа Исус да не им наредува да одат во бездната. А таму, по ридот, пасеа многу сви¬њи; па Го молеа да им допушти да вле¬зат во нив. И им допушти. И откако излегоа лошите духови од човекот, влегоа во свињите; и крдото се стркала низ стрмнината и се удави во езерото. (Лука 8:30-33)
                Многу од нашите современици не признаваат дека настаните што се случуваат во светот имаат религиозен призвук. Тие имаат тенденција да ги објаснуваат природните процеси со „природни“ причини, човечките постапки со - рационална неопходност а одалечувањето од Христа со – научниот напредок. Во нивната слика за светот, речиси ниедно место не е резервирано за верување во Бог, освен во „најинтимните“ (знаете, речиси непостоечки) ќошиња на душата. Бог не може да влијае ниту на нивните животи ниту на нивните постапки, останувајќи некаде во периферијата на нивната свест како „спас“ во случаите кога „нешто ќе тргне наопаку“ или „работите ќе тргнат по зло“.
Би можеле да кажеме дека со протерувањето на Бога од својот живот, човекот, како и жителите на Гадаринската земја, ги придобива свињите, т.е. станува крајно зависен од земните добра.
Пред извесно време еден свештеник ми раскажа случка која идеално го илустрира овој феномен. Еднаш се сретнал со еден човек од парохијата и се заинтересирал зошто тој не дошол во храмот. „Што да ти кажам, оче“, одговори тој, „Немам доволно време“. Јас се грижам за свињите - наутро и навечер морам да ги хранам и потоа да ги исчистам“. „Значи им служиш на свињите, а кому му служиш, нему му стануваш роб! - одговорил свештеникот.

Hristos.prekrasno53
            Местото на свињите може да биде окупирано од различни нешта, хобија и задачи. Ако им го дадете целото свое време, порано или подоцна нема да има место за ништо друго. Повисоките стремежи, вредности и принципи ќе обраснат со „лој“ и ќе исчезнат во длабочините на материјалистичкото разбирање на животот. Добро е познат крајот на „свињите“ — опседнување од бесовите и самоубиство во морската бездна.
Всушност, колку и да се оградуваме со најразлични добра, никогаш нема да можеме да го замениме она што треба да го акумулираме внатре во себеси Човекот е недвосмислено религиозно суштество. И ако се обиде да го избрка Бога од својот живот, демонот ќе го заземе местото на Бога.


Автор: Хмелницки и Староконстантиновски архиепископ Виктор (Коцаба) / bogonosci.bg

 

За Преминпортал подготвил С.Стефковски
Write to Simeon Stefkovski

 

23.10.2023