7.Vselenski.sobor

Дали со верата може и планини да се преместуваат (Мт. 17:20)?

Несомнено дека може; и уште повеќе се може: со верата и самиот Бог може да се поттикне на милосрдие кон нас грешните. Во омиритскиот град Афар повеќето од жителите биле Евреи. Св. Григориј се трудел да ги преведе во христијанството. Тогаш Евреите му предложиле на св. Григориј и на царот Аврамиј расправа за верата, со тоа што, ако тие бидат победени со непобитни докази, сите Ќе преминат во Христовата вера. Неколку дена траела таа расправа во присуство на неколку илјади луѓе, Евреи и христијани.

Кога Евреите виделе дека ќе бидат победени со непобитни причини и докази од Григориј, побарале Григориј на некој начин да им го покаже Христа жив, така што и тие да Го видат со чувствените очи, па потоа ќе веруваат. Имајќи голема слобода пред Господа заради чистотата на своето срце, св. Григориј клекнал кон исток пред сите и почнал да се моли на Бога. Кога ја завршил молитвата, земјата се затресла и гром удрил и на исток се отворило небото. Од исток се кренал еден облак светол со огнен пламен и со блескави зраци, па полека се спуштал кон земјата, кон она место каде што биле насобрани луѓето. На средината на облакот стоел човек со неискажана убавина, со лице со необичен сјај и со облека како од молња исткаена. Тој се движел врз облакот сѐ додека не дошол над самиот епископ Григориј. Сите Го виделе во слава и во неискажана убавина и од страв попаднале со лицето кон земјата.

Григориј извикнал: Еден е свет, еден е Господ, Исус Христос, во слава на Бога Отецот, Амин! Тогаш се слушнал глас од славата Господова кон Евреите: Заради молитвата на епископот ве исцелува вас, Распнатиот од вашите татковци. И светлиот облак полека си заминал како што дошол. Потоа Евреите сите се крстиле.(Пролог)