7.Vselenski.sobor

✣✤✣
Кога свештеникот благословува, произнесувајки ја молитвата: "Во името на Отца и Сина и Светиот Дух", се извршува тајна: благодатта на Светиот Дух снисходи врз благословуваниот човек. А кога некој човек, дури и само со устата се одрекува од Бога, благодатта отстапува од него, сите сваќања му се променуваат, тој станува сосема друг.
(Преподобен Никон Оптински)
✣✤✣
Со векови потврдуваното искуство покажува дека крсниот знак има голема сила врз сите дејствија на човекот, преку целиот негов живот. Поради тоа треба да се погрижиме во децата да го вкорениме обичајот почесто да се оградуваат со крсниот знак, особено пред јадење или пиење, пред легнување и станување, пред патување, пред излегување некаде, како и да не го прават тоа небрежно или од мода, туку со прецизност, започнувајки од челото, па градите и на крајот двете рамења, за да може крстот правилно да биде изобразен.
(Преподобен Амвросиј Оптински)
✣✤✣
Освен вечен живот, Господ сака да стекнеме и искуство, а без скрб тоа не може да се случи. Христос воскресна од мртвите, со смртта смртта ја порази. Следствено и ние, ако сакаме да ја умртвиме својата смрт, треба да ја умртвиме сопствената волја.
(Преподобен Анатолиј Оптински)
✣✤✣
Случајот на Јов е закон за секој човек. Додека е богат, славен благородник во благосостојба, Бог не одговара. Кога човекот е на буниште, отфрлен од сите, тогаш Бог се јавува и Самиот беседи со човекот, а последниот само слуша и повикува: "Господи помилуј!"
(Преподобен Нектариј Оптински)
✣✤✣
Ако сакате постојано да имате мир, со никого не се разделувајте со омраза во срцето, туку од петни жили од дното на душата трудете се да простувате на сите дури и при можност да ги умиротворите (успокоите), за да се разделите со мирен дух. Тогаш и самите ќе се насладувате на душевно спокојство.
(Преподобен Мојсеј Оптински)
✣✤✣
Запомни: На Бога попријатен му е грешникот што се кае, одошто вообразениот праведник.


(Преподобен Анатолиј Оптински)
Оптински Цветник+++

 

Избор од фб профил на

Тимотеј Соколов Македонски

 

21.12.2019 лето Господово