55 начела на христијански живот

1. Секогаш бидете со Христа.
2. Молете се кога можете, не кога вие сакате.
3. Имајте молитвено правило што дисциплинирано ќе го следите во текот на денот, секој ден.
4. Кажувајте ја Господовата молитва по неколку пати на ден.
5. Имајте си кратка молитва која ќе ја повторувате секогаш кога вашиот ум нема да биде зафатен со други нешта.
6. Понекогаш, кога сте во можност, правете метании кога ќе се молите.
7. Јадете здрава храна во умерени количини.
8. Придржувајте се до правилата за постење на Црквата.
9. Поминете одредено време во тишина секој ден.
10. Правете милостина често, без да се фалите со неа.
11. Посетувајте редовно литургии во црква.
12. Исповедувајте се и причестувајте се редовно.
13. Не навлегувајте во анализа на помислите што ви предизвикуваат немир. Искоренете ги уште во почетокот.
14. Откривајте ги и искажувајте ги вашите мисли и чувства редовно на личност од доверба.
15. Читајте ја Библијата редовно.
16. Читајте добри книги по малку секој ден.
17. Изградете заедница со светителите.
18. Однесувајте се како обична личност.
19. Бидете љубезни со сите.
20. Одржувајте го редот и чистотата во вашиот дом.
21. Во слободно време уживајте во здраво хоби што ве исполнува.
22. Вежбајте редовно, секој ден.
23. Живејте го секој дел од денот во свое време. Бидете присутни во моментот со целиот свој ум додека работите нешто.
24. Бидете искрени, пред сè со себеси.
25. Сведочете ја својата вера преку мали нешта и во обични, на изглед небитни секојдневни ситуации.
26. Изработете ја својата работа, а потоа заборавете ја.
27. Направете ги најпрвин најтешките и најболните работи.
28. Соочете се со реалноста.
29. Бидете благодарни за сè што ви се случува.
30. Бидете расположени.
31. Бидете едноставни, прикриени, тивки и незабележливи.
32. Никогаш не привлекувајте внимание на себеси.
33. Слушајте ги луѓето кога ви зборуваат.
34. Бидете будни и внимавајте.
35. Мислете и зборувајте за нештата не повеќе од потребното.
36. Кога зборувате, зборувајте едноставно, чисто, јасно и директно.
37. Избегнувајте фантазии и анализи.
38. Избегнувајте животински, блудни нагони, во првиот момент кога ќе се појават кај вас.
39. Избегнувајте жалење, мрморење и „плачење“ за тоа колку ви е тешко.
40. Не се споредувајте со никого.
41. Не очекувајте и не барајте пофалби или сожалување од никого.
42. Не судете никому за ништо.
43. Не обидувајте се да убедите никого за ништо.
44. Не се бранете и не се оправдувајте себеси.
45. Единствено Бог нека ве ограничува.
46. Прифаќајте ги критиките со благодарност, но тестирајте ја нивната издржаност критички.
47. Давајте совет некому само кога е тоа побарано од вас или пак со служба сте обврзани на тоа.
48. Не правете нешто за некого што може, и треба, да го направи самиот.
49. Изработете дневен распоред на активности, притоа избегнувајќи жалење и каприци.
50. Бидете милостиви кон себеси и кон другите.
51. Немајте никакви очекувања во животот освен да бидете жестоко искушувани до последниот здив.
52. Насочете се единствено кон Бога и светлината, наместо кон гревот и темнината.
53. Издржете го судот од вашите недостатоци и гревови смирено, затоа што знаете дека Божјата милост е поголема од вашата огревовеност.
54. Кога ќе паднете, станете веднаш и почнете одново.
55. Побарајте помош кога ви е потребна, без страв или срам.

отец Томас Хопко

Извор: Манастир Зрзе

 

Друго:

26/03/2015

Отец Томас Хопко се упокои во Бога пред десетина дена. Освен многуте негови книги, написи и служби, отец Томас има објавено и кратки и едноставни, но од друга страна силни препораки за правилен духовен развој, кои циркулираа низ Интернет со години.