Еден монах, кој се подвизувал во Капсала (на Света Гора), размислувал кој од упокоените луѓе од светската историја е најлош и во моментов, во другиот живот, е во најнеповолна состојба. Сето ова го мислел за да се зафати со бројаницата за неговата душа, и да се моли Бог да се смилува на него. После некое време, тој го избрал Сталин, мислејќи дека тој ја носи титулата „Најлош човек“, со тоа што убил милиони руски христијани и нехристијани.

Истиот ден кога започнал да се моли за Сталин, пошол да го посети светиот старец Паисиј. Старецот го погледнал, му се насмевнал, и уште пред овој да каже нешто, му ги открил помислите и му рекол:

– Сталин, а?


Извор: http://agapi.mk/starets-paisij-i-monahot-shto-se-molel-za-stalin/