Објављено октобар 7, 2014
 Духовен разговор со старец Пајсиј Светогорец разговор – Старче Старче, дајте ми благослов  (= послушание).
Благословувам да правиш духовен карневал како света Исидора [1] јуродива,  за да изградиш една добра дволичност.[2]
 
Гледаш, бедниците на овој свет ја слават својата светска дволичност, облекувајќи на себе она што е во нив. (3)  Некогаш луѓето се маскирале само еднаш годишно­ -  на поклади. Денес, повеќето постојано носат маска...

Некогаш, можеше да видиш маскирани една недела, додека трае Поклади. А сега, секој ден гледаш...Секој се облекува така како што помислата му кажува!

 Луѓето денес, навистина станаа чудни. Полудеа!  Малкумина се оние кои се прибрани, чесни, било да се во прашање мажи, жени или деца. Жените пак, се особено грозни.
 
Кога денес отидов во градот, видов една со лента ( во косата) толку широка, како завој, со чизми до горе и во сосема краток фустан.
Ми велат: „Тоа е мода!“
Други пак одат на толку тенки потпетици! Ако малку им се искриви ногата со нив, ќе мораат кај ортопед да одат...А какви ли се фризурите, немој ниту да прашуваш!

Гледам една друга – нека Бог ми прости – какво ли е тоа човечко суштество?
Со некој бесен израз на лицето, со цигара во устата, пуши, а очите и` се  црвени!... Сега велат дека е некое правило, дома да не пушат кога имаат мали деца. Меѓутоа, тие кутри деца се родиле...
Отиде благодата Божја. Сосема ги напушти!
 
Се сеќавам, кога бев во Синај, и таму беше...ма,  не прашувај! Колку само ме болеше кога ги гледав туристките кои доаѓаа во манастирот! Како грдо беше тоа! Како да гледав прекрасни византиски икони, фрлени во ѓубре, само што овие самите се фрлиле.
 
Еднаш видов една девојка која носеше нешто како фелон (4) и си реков:
 „Фала на Бога некој да носи нешто пристојно, макар и само да личи на наметка, но барем не е како овие другите“.
Но, кога се сврте, имам што да видам, сета беше раскопчана!
До каде ли стигна светот!...

Ми испратија фотографија на една невеста (= млада) за да се помолам за среќа во нејзиниот брак. Имаше врз себе една грозна венчаница. Таква облека претставува  непочитување на Светите Тајни и светото црковно тло.
 Духовни луѓе, а не размислуваат! Што другите да прават?
 
Ова го кажувам, зашто, ако во манастирите не се држат правилата, каде ќе ги почитуваат? Денес луѓето ги  изгубија сите мерила.
 
Порано, кога биле јуродивите ради Христа, имало помалку луди во светот. Можеби е потребно да ги замолиме јуродивите да ги исцелат оние, кои се по природа луди, за подобро да се видат оние, кои се луѓе заради Христа?
 
Денес насекаде гледаш и слушаш најчудни работи. Еден ми вели – се осенив со крстот кога слушнав дека денес е модерно кај овие мрзеливците, да ја  испокинат својата облека, да ја исечат, а по тоа да стават закрпи.
Добро, нормално е некој работник така да изгледа, но така да изгледа некоја мрза!...

Тој, што ова ми го рече, уште ми додаде:
 „ Да ти кажам старче, нешто уште почудно: мојата жена еднаш отиде во Омонија и таму видела како детето од фамилијата на наши пријатели има пантолони, искинати одзади. „Дете мое, му рекла, погледни се одзади...“ „Ма, пушти ме, рекло, мода е тоа“! Кутрите    тие деца!
 
- Старче, да ли е правилно тоа што некои на гардеробата носат ликови на Светители?
 
- Ако е на блузата или на маицата, добро, не пречи . Подобро така, отколку ѓаволот да го стават. Но, ако е на пантолоните, тогаш навистина не оди, тогаш е тоа безбожно, Постојат и побожни кои прават такви работи.
 Ете, кога Патријархот Димитриј одел во Америка, некои правеле маици со ликот на патријархот и црквата Света Софија.

- Тоа го правеле од благочестивост?

- Па  не го правеле тоа Евреите, туку христијаните.  Има и некои кои чинат добри дела, како што постојат и добри лекари, но и шарлатани

- Старче,  сето ова безаконие, дали е под влијание на странците?
- А од каде и  би било? За тоа во мое време се говорело:
„ Луѓето од Смирна се...“ Зашто, тоа беше приморски град и таму доаѓале многу странци. Свети Арсениј беше многу строг по овие прашања.
 
Имаше таму на Фарос некоја млада која носеше некоја шарена од смирненска шамија Секогаш Светиот и` повторуваше да ја исфрли и да носи таква каква што носеле останатите жени. Но, таа не го слушала.
 
Еден ден, кога свети Арсениј  видел  дека повторно ја носи таа шарена марама, строго и` рекол:
 „ Болештините француски на Фарос не ги сакам.
 Ако не послушаш, децата кои ќе ги родиш, откако ќе се крстат, како ангели ќе отидат, а ти нема да имаш кому да се радуваш“!
И ниту тогаш не послушала.   И двете деца и` умреле.
 Дури тогаш дошла при себе, ја фрлила онаа марама и отишла кај светиот Арсениј да бара простување.

 
- Старче,  дали темната облека  му помага во духовниот живот на оној кој сака да постане монах?

- Да, темната облека многу помага. На тој начин човекот се одалечува од светот, додека со шарената, се врзува за светот. Оној кој вели:
 „Ќе одам во манастир и таму ќе носам црнина. Ќе одам во манастир и таму ќе извршувам правила“, таквиот и кога би отишол таму ќе прави црни (лоши = погрешни) работи.

 Кога е некој во светот и кога со радост го прави тоа за што копнеат и го прават монасите, таквиот и во светот духовно се радува, а и во монаштвото ќе напредува два по два и три по три скалила.

 
- Старче, често пати , младите кои се побожни и кои се облекуваат благочестиво имаат многу  проблеми со возрасните .

- Ако веруваат и ако тоа од срце го прават ќе ги приведат на своја страна и возрасните. Знам една девојка која носеше црнина и долги ракави. Беше благочестива! И вели еднаш една модерна старица :
 „Не се срамиш ли девојко, да носиш црнина и долги ракави? “
 А таа и одговори:
 „Бидејќи не го гледаме вашиот пример, тогаш, ние ќе носиме црнина“.  Така ја ставила на место.

 Гледаш, таа жена неодамна стана вдовица, а шарено носела. Но, што да кажеш?

 Мојата сестра од дваесет и три години остана вдовица, но се` до својата смрт не ја симнувала црнината. Јас ги сметам за блажени вдовиците кои ја носат целиот живот црнината и кои живеат чист дуговен живот, без роптање, прославувајќи го Бога, додека за несреќнички ги сметам оние, кои носат шарена облека и во склад со таквата облека и живеат!

Напомени:
1.  Светата Исидора живеела во манастирот Тавенисиоти кој го основал Преподобен Пахомиј во почетокот на четвртиуот век.
„Христа ради“ се направила луда (= јуродива – заб. прев.) смирувајќи се и понизувајќи се самата себе. На главата носела некаква крпа. Никогаш не носела чевли. Иако често добивала навреди и ќотек, никогаш не роптала, ниту некого навредила. Нејзината голема светост била откриена во видението на големиот подвижник Патирон, кој го посетил манастирот и пред целото сестринство открил, дека Исидора, која сите за луда ја сметаат, всушност е духовна мајка.
 
2.  Старецот тука под „добра дволичност“ очигледно го има на ум подвигот на јуродивоста. Во тој подвиг, личноста која инаку е ментално здрава, се преправа (значи „дволичи“) пред другите дека не е нормална, за на тој начин да ја уништи во себе секоја суета и превознесување.
 
            3. Старецот го има на ум карневалот во кој што луѓето се претвораат, додека всушност секогаш се во себе преправени – те. лицемерни   (заб. прев).
 
4.   Дел од одеждата на свештениците кои го прекриваат горниот дел на телото (заб. прев).

  Од книгата:

 Starac-pajsije-Svetogorac-CUVAJTE-DUSU_slika_XL_25116353

 http://istokpravoslavni.org/rs/?p=13766

 


 

Подготви: Мина Даниловска