3. ЗОШТО СВЕТИ ТАЈНИ?

igor.bitie5.jpgОвие забелешки ги почнав со некои општи разгледувања на ситуацијата на Црквата, затоа што сум далабоко убеден дека новото интересирање за светите Тајни, за светотаинската пракса и дисциплина, потекнува од оваа криза и е директно поврзана со неа. Убеден сум дека прашањето на учеството на световните луѓе во светите Тајни е, навистина, клучно прашање за нашпот црковен живот. Од решението на ова прашање зависи иднината на Црквата - нејзииата дефинитивиа обнова, или неизбежна пропаст.
Убеден сум дека, кога Евхаристијата и Причеста повторно ќе станат, според зборовите на отец Сергеј Четвериков, центар на христијанскиот живот, трагичните смалувања и дефекти, коишто се наведени погоре, ќе бидат превозмогнати и исцелени. Ако цковниот живот не е, пред се, заснован на Христа — а тоа значи на постојало и живо заедничарство со Него, во светата Тајна на Неговата присутност - тогаш, неизбежно, произлегува нешто друго и доминира како центар, како фокус на парохиските преокупации и активности. Тоа може да биде "имотот" или празноверниот културен "етницизам" или едноставно, материјалниот услов како единствена цел... Ако тоа не е Христос, тогаш е нешто друго - световно, па дури и грешно, нешто што по неопходност ќе го вообличува, а истовремено и ќе го дезинтегрира животот на Црквата.

Можеби се до неодамна и било можно да не се сфаќа итноста на овој "или-или" предлог. Навистина, низ долгиот имигрантски период на историјата на православието во Америка, нашите парохии, како додаток на нивната чисто религиска функција, имале еден вид сосема разбирлива "секуларна" функција или основа: етничка, народна, линвистичка. Тие биле неопходен облик и средство, коешто ги обединувало имигрантите во потребата на корпоративниот идентитет заради преживување во американското општество, коешто, пред се им било туѓо, а понекогаш дури и непријателско. Меѓутоа сега, овој имигрантски или иселенички период се приведува кон крај. "Природната" - етичка и лингвистичка - основа на нашата Црква, просто бледнее и постепено православниот народ почна да не разбира ниту еден друг јазик освен англискиот, а во некои наши парохии речиси половината од парохијаните се преобратени во православието. Во тој случај, се поставува прашањето: што ќе ги замени овие основи? Зарем не е доволно јасно дека, ако тие не бидат заменети со централна вера, а исто така, со доживувањето на Црквата како единство, живот и раст во Христа, т.е. со оригиналната религиска содржина на православието, тогаш,  едноставно,  парохијата и самата Црква ќе почнат полека но неизбежно да пропаѓаат и да се дезинтегрираат. Тогаш, ако не се единствени во нешто или за нешто, луѓето ќе се обединат против нешто. Во ова лежи трагичната итност и длабочина на нашата сегашна ситуација.

И токму поради тоа, прашањето на светите Тајни е толку важно. Само во нив и, се разбира, над се во светата Тајна на Христовата Присутност и нашето единство со Него и во Него, ние можеме повторно да го пронајдеме, не негативниот, туку позитивниот принцип, кој, очигледно, толку недостасува во нашата Црква денес. Само во нив се корените за можноста за промена и обнова на умот на лаикот, кој веќе подолго време бил отсечен од изворот и доживувањето на Црквата. И, ако во нашите дни, ова прашање бара таква итност, тоа е затоа што се повеќе и повеќе луѓе, свесно или несвесно, бараат таква обнова, ги бараат оние основи, коишто се единственото нешто што може да и помогне на Црквата и на парохијата повторно да ја најде својата религиска длабочина и да ја запре својата брза секуларизација.

Јас сум потполно свесен дека меѓу православните постои тенденција да ги решат сите проблеми, сите горливи и тешки проблеми, вклучувајќи го и проблемот за кој ние овде дискутираме, т.е. за учеството на лаикот во божествените Тајни, просто, со повикување на минатото, т.е. на она што е правено триесет, педесет или сто години порано, или на она што се уште се прави во Русија, Грција, Полска, Србија итн. Оваа тенденција, меѓутоа, не е од голема помош и понекогаш може да донесе повеќе штета отколку корист. Таа не може да помогне, затоа што се што се случувало во минатото, во Русија, во Грција или каде и да е, било 1рѕо ѓас!:о вистински православно. За да го сфатиме ова, треба да ги читаме, на пример, размислувањата на руските епископи од почетокот на овој век, во времето на подготовките на руската Црква за нејзиниот долго подготвуван народен собор (којшто е свикан во 1917, но бил прекинат поради револуциското насилство, а заседавал и во 1918 година, но не е завршен). Без исклучок, руските   епископи,   коишто   веројатно   во   тоа  време   биле најобразовани во целата православна Црква, и неоспорно конзервативни, сметале дека црковната ситуација, духовна, литургиска и организациска - е многу дефицитарна и дека е неопходна нужна реформа.

Што се однесува до руското богословие, сите негови претставници еднодушно одбивале да му се предадат на западниот схоластицизам и легализам, и тоа баш во тешката област на светотаинското богословие. Познат е извештајот до рускиот Свет Синод, на еден од водачите на рускиот епископат, архиепископот Антониј Храповицки, којшто предлагал физичко рушење на руските богословски училишта и нивна повторна изградба со сосема друг пристап кон верското воспитување. Светиот отец Јован Кронштадски неуморно ја одбиваше и ја осудуваше млаката и формална побожност на руското општество, редукцијата на светата Причест на "обврска еднаш годишно", и на сведувањето на црковниот живот на ниво на обичај.

Имајќи го предвид сето ова, не е доволно едноставното повикување и апелирање на минатото, затоа што самото тоа минато треба да биде преоценето во светлоста на вистинското, првобитно православно Предание. Единствен критериум, секогаш и сегде е самото свето Предание - а наша пастирска грижа е како да го примениме на нашата ситуација, којашто радикално се разликува од онаа што била во минатото.

(продолжува)

отец Александар Шмеман

Великиот пост

 Издавач: ИКОНА

 1. НЕКОЛКУ ЗАБЕЛЕШКИ ВО ВРСКА СО ПРИМАЊЕТО НА СВЕТАТА ТАЈНА ПРИЧЕСТ

2. НЕРЕЛИГИОЗНА РЕЛИГИЈА

Посети:{moshits}