За титулите и човечката слава

Отсекогаш ме чудело тоа како некои луѓе и’ придаваат поголема важност на славата од овој свет,отколку на славата Божја што не’ чека кога ќе заминеме од човечката слава.Од каква корист ќе ни биде,ако го добиеме и највисокиот чин што постои и ако целиот свет не’ слави и не’ фали?Дали овие светски слави ќе не одведат во рајот или само ќе ни помогнат што полесно да се урнеме во пеколот?Што рекол Христос?

Од луѓе слава не примам(Јн.5,41)

Што би ми користело кога од монах би можел да станам јеромонах,владика,патријарх.Зар титулите би ми помогнале да се спасам или би биле уште поголемо бреме за плеќите на еден слаб Пајсиј,па би ме турнале на дното на пеколот?Ако не постои друг живот,една таква глупост би можела да биде и оправдана.Но оној што има за цел да ја спаси својата душа,се смета за отпад(Филип.3,8) и не бара титули.

Бог го испратил Мојсеј за да ги ослободи Евреите од Египет.Сепак,не го удостоил со влегување во ветената земја,затоа што поради народот негодувал кон Бога,односно се разгневил на Бога.Постојано живеел со тие незадоволни и непокорни луѓе и еднаш почнал да негодува.Рекол:

Бараат од мене вода.Па каде да им најдам?(види,4 Мојс.20,10)

Но неодам,на си удрил камен,потече вода и си им дал!Зар беше тешко тоа?Меѓутоа,главата му била преполна со миси за разните обврски и проблемите на народот,па заборавил дека неодамна направил да потече вода за пиење.Поради многуте грижи,дури и не сватил дека погрешил за да побара прошка од Бога.А ако го побарал тоа,Бог ќе му простел.Тоа што не влегол во ветената земја било една мала Божја казна,една мала епитимија за неговото негодување.Секако,Бог го примил во рајот и го прославил;го испратил со пророкот Илија на гората Тавор за време на Господовото Преображение.Сите овие настани ни помагаат да сватиме колку секој висок чин,поради одговорноста што ја носи со себе,станува голема препрека за влегувањето на еден христијанин во рајот.

Некои луѓе,иако би требало да се радуваат што Бог уредил така да бидат слободни од секаква одговорност,сепак бараат и тие да бидат одговорни за нешто,бараат да бидат на висока положба,па кога не ќе добијат,пукаат од мака и ги уништуваат и својата душа и своето тело,кое е храм Божји,според апостолот Павле(1 кор.3,16).Иако Христос им подготвува небесна слава,тие сакаат со човечката слава да го добијат рајот.Можеби некој ќе ме праша:Како тоа некои луѓе прво ќе ги прослави светот,а после ги прославува и Бг?Работата е во тоа што никој нема да ја стекне Божјата слава,ако самиот бера човечка слава.Никогаш самите не барајте да бидете одговорни за нешто.Човек слободен од секаква одговоност треба да се радува зашто,според духовните закони,секоја одговорност со себе донесува-немир.Ако човек не се радува на тоа што е слободен од одговорност,значи дека во него притаено живее гордост.Не треба да бараме високи чинови за да се прославиме преку нив зашто тоа упатува на една поодмината болест;упатува на тоа дека в нашата (духовна)заболеност одиме по некој пат спротивен на патот на смиреноумноста,по кој оделе некогаш светите отци,така стекнувајки го рајот.

Имаме толку примери од светите отци кои избегнувале секаков вид на одговорност:игуменство,свештенство и одбивале да станат и владици.некои ги сечеле рацете,некои ушите,а некои и јазиците за да не бидат ракоположени поради телесните недостатоци.На некои им ги тргале покривите од ќелиите па одозгора ги ракополагале;некои ги ракополагале одалеку,како на пример,свети Амфилохиј.Тие биле образовани луѓе,а покрај тоа и-свети.Сваќајки колку вреди душата и колкава тежина носи одговорноста-таа голема препрека за спасението,тие ја избегнувале.Тие луѓе навистина го нашле(единствениот)правилен пат.

На Света Гора,некои монаси свештенството го сметале како препрека за духовниот живот.Покрај останатите обврски што ги имаат,јеромонасите треба да присуствуваат на пречекот на разни владици,да одат на слави/секако ,не оние духовни,иако ни тие духовните не и’ донесуваат мир на душата.Додека живеев во општежителен манастир,познавав еден јероѓакон.Остаре и умре во ѓаконски чин.Уште додека бил млад монах,во манастирот немало ниту еден ѓакон.Затоа го ракоположиле него.Подоцна во братството дошле млади монаси.Тие станувале јероѓакони и јеромонаси,а нашиот ѓакон секогаш својот ред им го отстапуваше на другите.Така и остана ѓакон.кога му предлагале да прими свештенички чин,им велел:Манастирот повеќе нема потреба за тоа.Слава му на Бога,тука се помладите браќа.Му дадоа послушание во канцеларијата.Но кога во манастирот дојдоа некои образовани монаси,замоли да го разрешат од тоа послушание.Во една прилика манастирот се наоѓаше во некоја многу тешка ситуација.Тогаш овој побожен ѓакон замоли еден добродетелен свештеник да ја прифати игуменската должност.Овој на тоа му рекол:Баш убаво од тебе!Ти сакаш да ја избегнеш одговорноста,а да ми ја натовариш мене на вратот?Ако ти бидеш намесник,прифаќам да бидам игумен.Така јеромонахот стана игумен,а овој јероѓакон намесник.но штом се доведе во ред состојбата во манастирот,јероѓаконот ја напушти должноста намесник.

Неговиот пример ми беше од голема корист.

Тој човек стекна обилна Божја благодат.за секој сериозен проблем што ќе се појавеше,го повикуваа во Свештената општина на Света Гора за да го изнесе своето,од Бога просветлено,мислење

СТАРЕЦ ПАЈСИЈ СВЕТОГОРЕЦ

Избор: Слово против сектите