✣✤✣ Одделувањето на душата ✣✤✣
Voskresenie.viz.jpg

Жената кога раѓа, не се тревожи само за самото раѓање, туку таа се измачува од болка. Истите болки и тревоги ги чувствува и човек кога се наоѓа пред последните мигови од животот. Тој преминува низ виорот на едно врз друго чувство, кое потсетува на породилните болки. Да ги проследиме:
Исправен пред непознатото!
Човекот кој е на издивнување, разбира дека настапил мигот, кога тој, ке го напушти овој свет, и неговата тревога ја достига врвната точка. Каде ке попадне сега? Патиштата, тесните патеки кон другиот живот му се целосно непознати! Чувствува дека се наоѓа пред еден бескраен хаос, кој, тој треба да го премине!
"Ако, за да отидеме во туѓ град, ние имаме потреба од патоказ, тогаш колку повеќе и е потребно на душата која треба да отпатува на другиот свет! Затоа многу често, кога таа тргнува да излегува од телото, се преплашува и се враќа наѕад во него; излегува на површината, но потоа пак се враќа наѕад кон длабочините! Се ужаснува од непознатото!" (Св. Јован Златоуст, Според приказната за Лазар и богатиот 2).*
"Ми излезе душата!"
"Ми излезе душата!"- така велиме во крајнотешки и опасни ситуации. со тој израз народот ни пракја порака кон тоа колку ужасен е моментот, кога од душата се сака против нејзина волја да се збогува со "возљубениот сопатник" сопственото тело!(в. Опело)
Таа плаче и тагува! Затоа што не сака да се распадне тоа толку прекрасно и хармонично сопружништво! Само шшто, сакала или не-сакала, тоа ке се распадне! Дури ни ангелите не можат да и помогнат, да и направат услуга, тоа никогаш да не се случи! "Нема милост во тоа"(Опело). Се истргнува душата, се одзема од нејзиниот сопатник, како кога се дели кожа од тело! "Како да ти ги објаснам болките низ кои поминав, додека да се оддели мојата душа од телото!", раскажува покојната Теодора на монахот Григориј (Монах Григориј, Таинството на смртта, Атина, стр. 6).
"Ослободи го Својот раб од таа неподнослива болка", моли Црквата за легнатиот на смртен одар (в. Последование за полесно напуштање на душата).
Демоните
Не е доволно што душата ужасно страда од насилното разделување со нејзиното тело, но таа бива напаѓана и од демоните, кои како гладни волци ги очекуваат тие нејзини смртни моменти. Како што "волкот се радува на темната магла" (притајувајки се во нејзиниот мрак, тој ги граба овците), така демоните се радуваат на темнината по време на нашата смрт! Можат да ја грабнат и лесно да ја повлечат својата жртва! За нив тоа е последна шанса! Ја играат својата последната рунда! Го мобилизираат целото свое лукавство! Облетуваат со страст врз оној кој издивнува, спуштајки го до длабочините на очајот! "Ја гледа(смртникот)смртта со своите очи"*
Божјата благодат
Во тие мигови, најприродното нешто е благиот и човекољубив по природа Бог, од Своја страна, да застане до сопственото создание, во тие, за него тешки мигови, кога кутрото се бори со смртта! И се разбира дека Тој застанува до него. Го покрива со Својата божествена благодат, за да не испадне душата во очај и безутешност! (в. Евергетинос, т.1, случај 7). Затоа, ако видиме покојник, дури и да е атеист, со спокоен израз на лицето, тоа сосема не означува дека тој атеист бил светец, а просто, себлагиот Господ му помогнал и тој безболно издивнал.
Само што Господ не е обврзан со тоа. Кога Неговата премудрост процени Тој ги остава Своите раби да вкусат според нивните сили, не само тревога, но и од ужасот на смртта! (Навистина страшно!) И тоа, за полза на нивните души! Било за простување на нивните души, било за придобивање на поголема слава во Царството Небесно! (Евергетинос, т. 3 стр. 237, 12 и 241,1).
И уште, ако видиме покојник, дури и светец, со лице кое покажува тревожност, или дури и очај, тоа не означува дека покојникот бил грешник, туку дека пламено се борел со смртта, излегол победник и неговата душа ќе биде овенчена!
Да повториме, семилостивиот Господ дури и до последниот час бара разни возможности да не покрие со Својата милост!
______
* Забележано е дека во тој критичен момент, многу луѓе, кога се веке пред смртниот час, гледаат свои блиски и роднини:мајка, татко, брат и "започнуваат разговор" со нив! Бог им ги испраќа, за да им бидат поткрепа во нивното предстојното патување кон непознатото!
** Во тој кризен момент кога човек се бори со смртта, има нужда од нашата по,ош! Од нашата горлива молитва пред Утешителот Господ ! "Браќа мои! Благодарение само на вашите молитви, драконот не ме проголта..! Избега"Кажал еден речиси смртник на своите браќа монаси, кои се молеле за него во часот на неговата смрт! (Евергетинос, т.1 с.126). "Пресвета Богородице! Земи ја мајка ми од твојата десна страна!" горливо извикала Ангелики З. кога видела дека мајка и стравува додека настапувала смртта! И мајка и веднаш ја предала својата душа во мир. Благодарение само на молитвениот повик!

ОТАДЕ СМРТТА - архимандрит Василис Бакојанис
Каде се нашите упокоени и како да се погрижиме за нив!


продолжува..

  hram.zraci.jpg

Агапи