30-ти мај, лето Господово 2013

 Sv.Gora.karpi.jpg

 Луѓето го имаат изгубено трпението        


                                                                   
  - Старче, зошто денес нема трпение?
                                                
 
- Денешната состојба никако не му помага на светот. Некогаш животот бил мирен и луѓето биле мирни, и биле многу издржливи во трпeнието. Денес цело ова брзање кое има влезено во светот ги има направено луѓето нестрпливи. Некогаш човекот знаел дека патлиџанот ќе го јаде кон крајот на јуни и тоа не му создавало грижи. Го чекал месецот август за да јаде лубеница. Знаел дека тогаш и тогаш ќе проба смокви и тогаш и тогаш  'е вкуси диња. А денес што се случува? Ќе се напрегнат да донесат домат од Египет порано; не му годат веќе портокалите кои имаат исти витамини. „Аман чедо мое, стрпи се малку и јади сега нешто друго.“ Не, тој по секоја цена за Египет да донесе домат. А други пак на Крит, штом го виделе сето тоа, веднаш побрзале да направат стаклени бавчи, за да добијат порано патлиџан. И така, само и за да можат и во зима да јадат патлиџани. Се убиваат од работа, само за да направат стаклена бавча со сите можни видови на билки, за да би можеле во сите годишни времиња да имаат се, за да не чекаат. Bо ред ако е тоа до тука. Но тие одат и понатаму! Одвечер патлиџанот е зелен, а наутро е црвен и сиот набабрен! Искарав еден министер, и му реков: „ Да кажеме дека стаклениците поминуваат. Но да се вбризгуваат хормони, за да во една ноќ созрее и зеленчукот и овошјето и се живо, па тогаш оние сироти луѓе кои веќе имаат некаков хормонски проблем, да им се случи нешто кое е уште полошо?! Е, тоа навистина не го разбирам“. И животните ги осакатија. Што да кажам за пилињата и за телињата? На оние кои имаат по 40 дена, со хормоните ги “растат“ како да се со шест месеци. И човекот тоа го јаде. И може ли да има било каква корист од тоа? Постојано, постојано хормони, како кравите би давале повеќе млеко, и на крајот произведувачите не можат да пласираат толкава количина на пазарот. Потоа  има и штрајкови, го истураат млекото по улиците бидејќи цената му опаѓа, а светот пие млеко со хормони. А да го оставеа сето тоа така како што Бог им го оставил, се уредно би течело по својот тек и би пиеле здраво млеко. И со тие инекции се е бесвкусно. бесвкусни намирници, бесвкусни луѓе , се бесвкусно! Така сега ни нивниот живот нема вкус. Ако ги запрашаш денес младите: “ Што ве одмора најмногу ?“, ќе ти одговорат: “Ништо“. А момчето само така си стои.  "Што ти причинува задоволство да правиш?" "Ништо".
До каде само може да стигне човекот. Тој мисли дека со се што прави всушност ќе го поправа Бог. Од ноќта прават ден, само за да носат кокошките јајца. а и тие јајца какви се?! Да ја создадел Бог таква месечината за да може да свети како сонце, луѓето би се поместиле од умот. Иако Бог ја создал ноќта за да можат луѓето да се одморат,тие види до каде стигнаа.
Луѓето го изгубија спокојството. И стаклениците, и тие вбризгувања на хормони и се друго, сето тоа исто така допринесе светот да го изгуби трпението. Порано се знаело колку часови се потребни за да се стигне до тоа и тоа место, и се знаело тој кој што има најиздржливи нозе, ќе го помине патот малку побрзо. Потоа измислиле кочии.Малку подоцна и автомобили, па авиони и се така по ред. Постојано се напрегаат да најдат што е можно побрзо превозно средство. Направија и некои авиони со кои од Франција до Америка стигнуваш за три часа. Но, луѓе мои, кога човек со толкава брзина ја менува климата, и самата таа промена мора да го зашемети. Брзање, брзање, постојано брзање... Наскоро човекот ќе го стават во куршум, ќе го повлечат чкрапецот, куршумот ќе излета, ќе се распрсне во парчиња, а од него ќе излезе еден будала! Може ли да биде поинаку? Дотаму ќе стигне. Права лудница!

Извор: Монах Агапије

Подготви: Сузана Стефановска