„Љубете ги непријателите свои,благословувајте ги оние што ве колнат,

правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат.

( Матеј5, 44)

 


 Благословот во Новиот Завет

ѓакон Горан Стојчевски

Човекот, создаден според образот и подобието на Триипостасниот Бог, е образ Божји и икона Божја, па така секој човек во себе го носи ликот Божји. Бог луѓето не ги дели на пријатели и непријатели. Он неизмерно ја излева несоздадената благодат Своја на секое Свое создадание, бидејќи .Бог е љубов. (1. Јов. 4,16). Богочовечката љубов е суштина на новозаветниот човек, пресоздаден преку нашиот Спасител Господ Исус Христос. Новиот Завет е нов со таа богочовечка љубов и благослов кон непријателите. И затоа што е
љубов, Бог постана човек за да нè спаси нас луѓето од гревот, смртта и ѓаволот, и да нè направи .богови по благодат.. И како што љубовта прави Бог да стане човек, така љубовта прави човекот да стане .бог по благодат., затоа и благословот и љубовта кон непријателите истите ќе ги направи пријатели. Да се љубат и благословуваат непријателите свои е дол‘ност на секој Христов следбеник. Кој ја нема таа љубов не е Христов, бидејќи Богочовекот Христос е Христос и Спасител со тоа што ги љуби непријателите свои. А ние луѓето со своите гревови сме непријатели Бо‘ји, бидејќи гревот е непријателство против Бога (Рим. 8, 7). И љубејќи нè нас луѓето, кои сме доброволни робови на гревот (Рим. 6, 17), а со тоа и непријатели Бо‘ји, Он постана човек, и какоБогочовек, преку Кого ние луѓето се измиривме со Бога, го спаси светот. За да ја стекнеме љубовта кон непријателите потребно е најпрвин да ја достигнеме и стекнеме љубовта кон Бога, која според свети Исак Сирин е најголемата добродетел и во која се стекнува мистичното единство со Бога, а оваа најголема добродетел е плод на постојаната молитва. Според свети Исак Сирин постојат три етапи во стекнувањето на љубовта Божја и во патот до единството со Бога во Царството Небесно: покајанието, очистувањето на срцето . односно промената на волјата и очистувањето од страстите . и стекнување на љубовта, која е полнота на благодатта. Но ако покајанието е почеток, тогаш, пак, како што вели свети Григориј Палама, .силата на молитвата ја извршува светата тајна на нашето единство со Бога.. Молитвата, според епископ Теофан, е огнот на благодатта, кој паѓа во срцето... и кога оваа искра Божја се наоѓа во срцето, молитвата во која го повикуваме името Господово ја разгорува таа искра и ја претвора во пламен, исправајќи ја душата пред Господа. А плод на молитвата е љубовта Божја. Но, љубовта кон Бога секогаш и нужно е врзана за љубовта кон ближниот, но и кон непријателите. Само благиот збор или благословот во молитвите и за непријателите е сепобедителното ору‘је на христијанинот против неговите  видливи и невидливи непријатели. Затоа и во Литургијата на свети Василиј Велики се молиме Господ да ги спомене .и оние што нè мразат и оние кои ни заповедале нам недостојните, да се молиме за нив..


 hristos.voskresenie1.jpg


 Оче, прости им,
оти не знаат
што прават
(Лука 23, 34)

Само доколку ја стекнеме богочовечката љубов, можеме да ги благословуваме и љубиме своите непријатели, кога евхаристиски благодатно и крвно се соединуваме  со совршениот Господ Христос преку причестувањето со Неговото тело и крв. За благословот кон непријателите свети Јован Златоуст ќе рече: .Сите Свои заповеди Спасителот ги украсува со прекрасниот венец, велејќи . благословувајте ги оние што ве колнат... и молете се за оние што ве навредуваат и гонат (Мат. 5,44), на тој начин издигнувајќи ги Своите ученици на највисокиот врв на философијата, на највисокиот врв на богочовечката мудрост и светост... бидејќи да ги благословуваш оние кои те гонат е далеку пова‘но отколку да бидеш гонет. Ете како Господ, малку по малку, нè воведува на самото небо..Ако ги благословува и љуби човекот непријателите свои, тоа е знак дека веќе постанал син Бо‘ји и е знак дека веќе Го има Бога за свој Отец и дека ‘ивее со Него и дека ги има особините на Својот Создател, Кој тие особини му ги дава преку благодатта. На тој начин човекот не со свое, туку со окото Божјо ќе го види целиот свет, сите созданија, луѓе, пријатели и непријатели. Бидејќи Бог ги љуби сите . и добрите и праведните, и злите и неправедните, и пријателите и непријателите. Само оваа совршена љубов ќе го направи човекот сличен на Христа и ќе му овозможи да земе учество во љубовта Бо‘ја и да биде учесник во врвното совршенство на заедничката природа на Света Троица, бидејќи, како што вели свети Григориј Ниски, љубовта е .самиот живот на Божјата природа..

Извор: Православен пат

Посети:{moshits}