maki.freski9.jpg

ЗА ОСУДУВАЊЕТО  КОЕ СЕ ОПРАВДУВА КАКО РЕВНОСТ ЗА ВИСТИНАТА

„ Сакам да споделам со вас едно свое горчливо искуство. Своевремено се занимавав со истражување на „миротворното“ движење  на Црквата, почнувајќи некаде  од 80 – тите години.
Од манастирот ни испраќаа „Списание на Московската Патријаршија“, званични документи, во кои се опишува  сета дејност, различните  екуменистички контакти итн....Кога  го читав  тоа списание, душата тагуваше и се јавуваа помисли на незадоволство и роптање на нашите архиереи.

Во списанието  ја пишуваше и следната фраза:
„ Да се стои на страната на светот – тоа е задача на секој христијанин“.


 Да не се исполнуваат Христовите заповеди, а  да се стои на  стража на светот. Иако е речено  дека „светот во зло лежи“ и дека  „оној кој што му е пријател на светот, непријател Му е на Бога“.


Секако, душата се` ова ја болеше, болно беше.  И така, еднаш после редовното читање  на списанието, започнав да се молам, но ми надоаѓаа матни помисли за архиереите, за Синодот, за Патријархот.
 Се молев; „Госпое, помогни ми!“
И ми дојде јасна помисла:
„А ти погедај на себе и погледни на нив.  Тие учествуваат во екуменистичкиот  покрет , се занимаваат со таа и таа политичка дејност , се занимаваат и со други работи кои што ги условуваат луѓето и околностите.
А ти се наоѓаш тука, во келијата и не трпиш никакви непријатности , ниту од луѓето, ниту од околностите, па, со кого ти разговараш?
Почнуваш со обраќање кон Бога , а завршуваш со помислите, кои што ти ги уфрлува ѓаволот и завршуваш во разговор со него. Така што, кој е во полоша состојба : ти или тие?“

И кога станав свесен за тоа, од дното на душата извикав:  „Господи помилуј!“
И заради тоа треба да се сеќаваме на зборовите на Свети Игнатиј (Брјанчанинов), кој пишувал дека е неопходно „да се запознае духот на времето, да се изучи, за по можност да се избегне неговото влијание“.
 И понатаму заклучува:
 „Солзи за тебе и за целото човештво“.
 Најправилната реакција на вистинскиот христијанин на апостасија е – молитва, пост и солзи, а не осуда, прекорување, злословие... итн, и дури тогаш ќе бидеме вистински христијани.
Во спротивно, незабележливо ќе ги правиме истите работи како и ѓаволот.

Сметаш дека пројавуваш ревност за Православието?
Не. Општиш со сатаната.
 И ќе кажеш дека не е така?
Така е. Заради тоа ние плачеме за себеси и за целото човештво.

Уште повеќе ме „приземји“ таа „ревност“ во мера и да ја држам во рамките на здравиот разум, поточно – на светоотечкото учење, кога дознав дека во едно видување на еден човек му било откриено следното, во моментот кога Господ му ги покажал и рајот и адот:

„Ги видов во адот оние, кои не сакав таму да ги видам. И во рајот ги видов оние, кои не очекував таму да ги видам“. Тоест луѓето кои ги осудуваме може да се најдат во рајот. А постојат луѓе, за кои другите мислат дека се спасуваат, а тие тонат во адот.

 Покрај тоа, постои уште еден доказ кој ме порази:
 „Сретнав во адот голем број ревнители. Адот беше полн со ревнители“.
 А зошто? |
Затоа што осудувале, а немале сочувство за другите луѓе. И заради тоа, според зборовите на Нил Мироточивиот, оној кој го осудува братот е полош од демон. Осудувањето ја изгонува благодатта на Светиот дух и тој човек прави три пати повеќе зло.

 И на друго место уште е речено дека оној кој го осудува ближниот свој е антихрист, заради тоа што го зазема престолот на Христос Судијата, Кој е Единствениот Праведен Судија.
 И заради тоа, оној кој осудува вака расудува:
„На овие им е потребно тоа, а на овие – ова.
Овие треба да се предадат на анатема, а овие другите – на ова, а третите – на нешто трето“.

 И заради тоа тој веќе суди заземајќи го Христовиот престол, Кој е Единствениот Вистински и Праведен Судија.

И заради тоа ние не треба да судиме и да го осудуваме свештенството, кое можеби денес прави ваква или онаква грешка, заради тоа што ќе дојде време кога тие ќе се покаат, а ние кои ги осудуваме не знаеме каде ќе завршиме.

Би сакал да завршам со следната изјава - да ги вознесеме молитвите за нашите пастири, архипастири, за сиот православен свет.
Заради тоа што навистина ќе има војна.
 И тоа многу сериозна војна, војна на живот и смрт.
 
 И неопходно е да се има такво настроение, дека треба да сочувствуваме со луѓето и да се молиме. И заради тоа треба да се запамети еден факт дека по мирјанинот оди „еден“ демон, по монахот „седум“, по еромонахот – „77“.
 А колкумина, тогаш, одат по архиерејот? ...
Поразително! И заради тоа, треба тоа да го сфатиме и спрема тоа да се однесуваме со сочувство.“

Превод: М.  Даниловска


Старецот Константин Апхазиски,
Превод од руски Др. Р. М.

6-ти март, лето Господово 2013