„Вистина, вистина ви велам: секој што прави грев, роб му е на гревот." (Јован 8:34)
Додека му бевте робови на гревот, бевте слободни од праведноста. А каков плод имавте тогаш? Дела, од кои сега се срамувате, бидејќи нивниот крај е смртта... Зашто, платата, што ја дава гревот, е смрт.
Ослободувајќи се од гревот, вие станавте робови на праведноста... Сега, кога се ослободивте од гревот и Му станавте служители на Бога, имате плод кој води во светост, а крајот - животот вечен... Подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ. (Рим. 6:18-23)
Господ е Духот; а каде што е Духот Господов, таму има слобода. (2. Кор. 3:17)
Законот на Духот, кој дава живот во Христос Исус, ме ослободи од законот на гревот и на смртта. (Рим. 8:2)
Стојте во слободата, со која Христос не ослободи, и не се подавајте пак под ропски јарем! (Гал. 5:1)
Тогаш Исус им говореше на (луѓето) што беа поверувале во Него: „Ако вие останете во Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици; и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи„ (Јован 8:31-32)

СВЕТИТЕ ОТЦИ ЗА СЛОБОДАТА

Како што е Бог слободен и прави што сака, исто така и ти си слободен... Ако сакаш можеш да бидеш роб на страстите и ако сакаш можеш да бидеш слободен од страстите. Зашто Бог те создал слободен.
За слободни сметај ги луѓето кои се слободни според својот начин на живот, а не слободните по некоја случајност. На пример, лошите и распуштени моќници не треба да се мисли дека се вистински слободни. Тие се робови на страстите поврзани со предметите. А вистинската слобода и среќа за душата е ако е некој чист и не го преценува привременото.
Слободен е тој што не им е роб на уживањата и разумно и свесно владее над своето тело.
Свети Аитоннј Велики

Не мисли за себе дека си слободен се додека го натажуваш Господа. Зашто слободата не доаѓа се додека твоето срце е страсно приврзано за нешто светско.
Преподобен Ава Исаија

Никаква власт не не тера насила ниту да правиме добро, ниту да правиме зло, туку оној кому му служиме - било да е тоа Бог, било да е тоа ѓаволот - не поттикнува на се што ја претставува неговата област.
Законот на слободата (т.е. Евангелието) не поучува на секоја вистина. Многумина го читаат овој закон со разумот, но малку се тие што разбираат преку извршување на заповедите. Не барај го совршенството на овој закон (илинеја барај целосната слобода) во човечките квалитети, зашто нема да го најдеш. Совршенството на тој закон е сокриено во Христовиот Крст.
Свети Марко Подвижник

Нашето срце треба да го направиме слободно од сите погубни страсти и такво да го зачуваме. Заради таа главна цел, т.е. чистотата на срцето, треба да преземаме постови, бденија, осамување за молитва, поучување во Светото Писмо.
Свети Јован Касијан

Слободата до која човек може да стигне се состои од решителноста или нерешителноста да му се спротистави на ѓаволот. Но, иако има моќ да му се спротистави на ѓаволот, човекот нема целосна власт над страстите. Кога човечката природа би можела да им се спротистави на ѓаволските сплетки и без сеоружјето на Светиот Дух, тогаш Господ не би ни заповедил во молитвата да велиме: и не воведи не во искушение, но избави не од лукавиот. Според тоа, ако некој сака да ее ослободи од распа-лените стрели на лукавиот, да постигне бестрасност и да се причестува со божествената слава, секогаш нека биде предрасположен со сето срце и со сета сила да бара помош одозгора за да ги победува страстите и да победува постојано, па така да стаса во земјата на чистотата, без што никој нема да Го види Господа.
Свети Ефрем Сирин