На сите им беше сè

 starec.Sofronij.jpgЗа молитвата на архимандрит Софрониј

Старец Софрониј секогаш со солзи се молеше за Русија. Во беседите со браќата од нашиот манастир не еднаш го изразуваше своето беспокојство по повод на губењето на духовната традиција во Русија. На тоа прашање е посветена цела беседа „За целосноста на духовниот живот“. Еве ги точните зборови на старецот: „Разрушувањето, направено со седумдесетлетното безумно гонење против Христос, навистина ја разорило Црквата. И затоа што за тие седумдесет години народот бил отсечен од вистинското учење на Црквата за изминатите векови, сега се набљудува збрка во сознанието на луѓето“.
Старецот се растажуваше не само по повод на расколничките струи меѓу православните луѓе во Русија, но и заради неофитската самоувереност. Така тој се сеќавал: „Кога заминав во манастир, во св. Патнелејмон на Света Гора, таму слушав такви зборови, дека старите монаси гледале како на безумен на тој, кој што проживеал во манастир помалку од десет години, а веќе зборува за духовни работи“.
Старецот зборуваше за тоа, дека за да поучуваш некого, а уште повеќе да смируваш некого, треба да се има на тоа право. Самиот отец Софрониј многу редко ги изоблучуваше дури и своите најблиски духовни чеда. Тој повикуваше пред се со почит да се однесуваме кон секој човек. Се молеше со солзи за секого, а не укорувал, не наредувал. Тоа беше во духот на неговиот старец – преподобниот Силуан Атонски, кој никого не изобличувал, спомнувајќи си на кротките вразумувања во младоста од неговиот татко, и велел: „Ете таков старец би сакал јас да имам“.
Еднаш видов, како нашиот настојател дојде кај старец Софрониј во олтар на крај на литургија и просеше да му разреши некое прашање за немоќта на некој брат. Старецот рече: „Само молете се за него. Господ ќе помогне“. Отец Кирилл го примил духот на старецот – тој не казнува, не вика, не наредува, не го понижува човекот. Воопшто не се однесува како началник.
Тој се моли. Некогаш со години чека, човекот да ги разбере своите промаршувања, недостатоци, да се покае, и да почне да се исправува. Тоа е многу сложно. Колку е само полесно кога има строга надворешна дисциплина. Наредил – исполнил. А што лежи на душата во човекот?
Во манастирот во Есекс по благослов на старецот изобличувале само во случај на преголемо пројавување на гордост, и тоа на проповед, а не при строго справување. Така секогаш има опасност да се возмути човекот толку, од што би паднач во очајание.
Тука во Русија, често оправдуваат премногу конкретни, груби односи со тоа, дека „животот е премногу жесток, и ние не смееме да бидеме премногу меки“. А старец Софрониј велеше, дека секогаш задачата на христијанинот е една – да стекнува евангелско срце. Тоа е возможно само преку молитва. А ако гледаш дека човек е груб во однесувањето со луѓето (посебно ако тој е игумен на манастир или епископ, а дури и обичен мирјанин), тогаш тоа предизвикува внимателност. Заштоп вистинската молитва го облагородува човекот, го омекнува, го истенчува неговото срце. А ако е груб, значи нешто не е во ред во животот на тој човек. Работата не е во образованието, не е во називите и чиновите, а во покајанието. Така нè учеше старец Софрониј.
Сиот живот на старец Софрониј беше непрестаен стремеж кон Светлината на Лицето Божјо, кој „Оној, Кој Е“ (Исход. 3, 22). Како Мојсеј, десеттици години тој викал кон Бога со солзи: „Јави ми го Твоето Лице!“ Сиот негов живет беше исполнет со молитва, со болезнено барање на патот кон нашиот Творец, за да Го праша: „Зошто си ме создал?“ Старец Софрониј велеше: „Великиот Бог треба да го просиме за големи работи“.
Молитвата за старецот  беше сеопфатна. Повод за неа служело сè, што го опркужувало подвижникот. Неговата молитва се простираше кон Бога за сè. Секое движење, секое дејствите тој го започнувал и завршувал со чувство на Божественото присуство. Свеста за тоа осветувала сè. Дали црташе икони, зборуваше со луѓето или едноставно шеташе – тој „ја извршуваше светињата во страв Божји“. При беседа со старецот често возникнуваше  чувство дека тој и тебе те слуша, и истовремено предстои со духот пред Бога и се прислушува кон срцето: што ќе му открие Светиот Дух.
Старецот постојано повторуваше дека „молитвата сè исцелува, сè исправува, сè очистува, сè обновува“, и затоа за него не постоеја безнадежни ситуации. За единствен и верен пат за разрешување и пребродување на сите проблеми тој ја сметаше таквата „безумна“, очајана молитва, која излегува од нашата бедна состојба. Во било какви околности старецот повикуваше внатрено „да се вика“ кон Бога со болезнено (страдално) срце:
Господи, Боже Спасителу мој, благосклоно наклони го увото Твое кон молитвата моја; Ти гледаш, како гревовната смрт целиот ме проглолтува; Те молам: исцели го моето срце, исцели го мојот ум, исцели ја душата моја, исцели го сето мое битие со благоволението Твое, по молитвите на мојот духовен отец. Амин.
Во опитот на старецот, молитвата беше живо општење со Живиот Бог, и како таква таа примаше бесконечно различни форми, соодветни на разните состојби на оној што се моли. Тој велеше: „Секогаш започнувајте ја молитвата, раскажувајќи му на Бога за својата состојба“. Како длабоко личен и интимен акт, молитвата не е подлежна на никакви надворешни закони или ограничувања. Таа треба да биде внатрешна духовна неопходносст и треба да се совршува во духовна слобода. Затоа уставната молитва(по типик) во неговите очи имаше само подготвително, педагошко значење, несомнено вредно, посебно на почетокот, за да се проникне со правилниот молитвен дух на Православната Цркква, сеедно и далеку недоволно за да го доведе човекот до состојба на совршен маж, во мера на полната на растот Христов, за Бог да биде „во сите сè“. „Молитвата е внатрешен акт на нашиот дух. Тој може да се изразува во најразлични форми. Неретко дури, можеби и многу често во нашето молчание пред Бога. Молчиме, затоа што Бог ја знае сета длабочина на нашите мисли, сите чајанија (исчекувања) на нашето срце, а да ги изразиме со зборови не секогаш сме способни... Да се стои пред Бога – воопшто не значи да се стои пред икони, но да Го чувствуваме Него во своето длабоко сознание како Оној кој со Себе наполнува  сè. За тоа може да биде удобна секоја состојба на телото: и лежејќи, и одејќи, и седејќи, и стоејќи и.т.н.“
Токму затоа старецот не сакаше да дава молитвени правила. Тој до крај му доверуваше на секој човек, гледајќи ги во него најсовршените, највисоките потенцијални можности, и сакаше преку таа слобода да го доведе секого до осознавање на личната одговорност пред Бога. „За да се најде вистинскиот пат, најдобро од сè е да се проси за тоа од Бога во молитва:
Господи, Ти сам научи ме на сè. Дај ми ја радоста на познавањето на Твојата волја и патиштата Твои. Научи ме навистина да Те љубам со сета моја сушност, како што си ни заповедал. Устрои го мојот живот така, како што Самиот Ти во предвечниот Твој совет си мислел за мене... да, дури и за мене, зашто Ти никого не си го заборавил и никого не си го создал за погибнување. Јас безумно ги потрошив силите што си ми ги дал, но сега, на крајот на мојот живот, Ти Сам, сè исправи, и Сам научи ме на сè, но така,  за навистина Твојата волја да би се исполнила во мојот живот, било да го разбирам јас тоа или не во времето. Не допуштај да одам по туѓи патишта, кои водат во темнина, но пред да заспијам со смртен сон, дај ми, мене недостојниот, да ја видам Твојата Светлина, Светлино на светот.
И со свои зборови моли се за истото. Ќе помине некое време, и силата на тие зборови ќе проникне внатре во твоето битие, и тогаш животот ќе потече сам по себе точно така, како што сака Господ; а надворешно расудувајќи, ние ништо нема да решиме“.
За старецот, молитвата, бивајќи вселенски и сеопфатен акт во пространството и во времето, ја достигнуваше својата кулминација во совршувањето на Божествената литургија, заради кога сè се свршило и која се јавува срцевина на целиот ден и извор на жива сила за него. Тој велеше: „Литургиската молитва со често причестување – е полнота. Вистина, за тоа неопходно е нејзе да ја живееме и разбираме. Тогаш ќе ни се открие, дека литургијата ќе го опфати во себе сиот наш живот; во неа се заклучени сите планови на нашето битие во неговата насоченост кон Бога. Литургијата, само ако се живее со целото наше битие, ни дава да ја живееме како вистински Божествен акт, кој го вмешува не само сиот видлив свет, но и кој излегува безмерно зад неговите граници“.
Како литургиско свештенодејствие, неговата молитва сецело беше насочена кон Христос Спасителот и преку него кон Отецот и Духот Свет. Таа непрестајно се вдахновуваше со великото дело на спасение на светот во Христос, прегрнувајќи го сето битие – и Божествено и човечко – во акт на пожртвувана христоподобна љубов. Старецот безмерно ги љубеше молитвите на Педесетница, Богородичните догматици, но особено анафората(принесувањето) на литургијата на св. Василиј Велики, на која тој често се повикуваше како на најсовршен образ на таа состојба, кога созерцанието се претвора во молитвена форма, која постојано ја хранеше неговата сопствена молитва.
Во молитвата, принесена во подобен дух, старецот гледаше акт на вечната вредност, и затоа тој го преживуваше секое молитвено дејствие како нов настан. Ние можеме да заборавиме, дека сме се молеле, и за што сме се молеле, но енергијата на молитвата пребива во Бога и ќе совоскресне со нас во денот на воскресението.
Тој исто така велеше, дека „молитвата дејствува бавно и благородно“. Нејзиното дејство може да биде моментално, но тоа исто така може да се пројави после пет, десет или дваесет години после тоа, кога се помолил човекот, зашто ни една молитвена воздишка не пропаѓа пред Бога. Така тој гледал, на пример, на сесветското и љубовно почитување во нашите денови на преп. Серафим Сарофски, на плодот на неговиот покаен подвиг на камен, кој досега тајно дејствува во светот. Пред сè тој често укажуваше на непрекинатото дејствие на Гетсиманската молитва на Господ наш Иисус Христос, на неговото животворно присуство во битието на светот, од тој момент кога било принесено.

Серафим Барадељ, духовно чедо на старец Софрониј Сахаров

Подготви: Златко Дивјаковски

 Лето Господово 2012

Друго:

Старец Софрониј 

Арх. Софрониј Сахаров - Писмо