TVIT338

             Еден селанец се враќал дома од нивата. Поминувајќи покрај една бара наеднаш чул повик за помош. Селанецот потрчал по тој глас и погледал момче кое беспомошно глибе во тлото на барата.Човекот нашол некоја гранка и му помогнал на детето да излезе на суво. Момчето треперело и плачело кога излегло надвор.
,,Дојди кај мене дома, мора да се згрееш и смириш,,му рекол селанецот.
,,Не можам,татко ми ме чека, веројатно е многу загрижен,, рекло момчето и истрчало.
Утрото селанецот видел два чистокрвни коња со кочија како приоѓаат кон неговата куќа. Добро облечен господин излезе од кочијата.
             ,,Дали вие вчера го спасивте мојот син?
,,Да јас,, одговорил селанецот.
,,Колку ти должам?
,,Немојте да ме вреѓате господине, ништо не ми должите, го направив она што секоја нормална личност би го направила,,
,,Не, не можам така, бидејќи тој е мој син кажете ми брзо кој износ!,,
            ,, Не сакам да зборувам повеќе за тоа. Збогум!,, селанецот се свртел и заминал. А тогаш неговиот син истрчал од куќата.
,,Ова е твојот син? прашал гостинот.
,,Да,, гордо рекол селанецот, галејќи го детето по глава.
            ,,Ајде да направиме вака. Ќе го одведам твојот син во град и ќе платам за неговото образование. Доколку е племенит како својот татко тогаш ни ти, ни јас нема да зажалиме поради своите одлуки,,
Поминале неколку години синот на селанецот завршил средно училиште, потоа медицински факултет и набрзо неговото име станало светски познато. Тоа момче се викало Александар Флеминг, човекот кој го пронајде пеницилинот.
            Пред војната синот на тој господин влегол во болница со најтешката форма на воспаление на бели дробови. Што мислите, што му го спасило овој пат животот!?. Да, пеницилинот кој го открил Александар Флеминг. Името на господинот кој го платил образованието на Флеминг било Рандолф Черчил, а негов син Винстон Черчил кој подоцна станал премиер на Англија.
Можеби точно на овие настани се сетил Винстон Черчил кога рекол „Она што сте го направиле ќе ви се врати!"

 2023

 

fbMarija Hristova