TVIT770

Православие.Мк †
·
† Зошто се осветува грозјето на Преображение?


          Грозје и житни зрна се принесуваат во Црквата за благословување од една страна - во знак на благодарност на Бога, Кој ги дарува овие плодови за живот на луѓето, а од друга страна и затоа што од тие плодови ги приготвуваме виното и лебот за свештенодејствие, зашто и третото апостолско правило и 28-то на шестиот Вселенски собор дозволува тие плодови да се внесуваат во црквата.
Истата намера, со која се принесуват и овие плодови во црквата, опишана е и во молитвите на нивното благословување, т.е. за Господ Бог да ги благослови плодовите давајќи им „дожд, благорастворен воздух, и погодно време за нивно созревање, за да ни бидат храна, а исто така и да се принесуваат како дар во храмот за осветување на Светите Тајни Христови”. Свети Василиј Велики (во беседата за 32 псалм) посочува на причината за ова молитва: „земјоделецот добива плодови од земјата не толку за своите трудови, туку поради Божјата добрина.”
Кај нас осветувањето се извршува на празникот „Преображение”, а во северните делови од земјата осветувањето се извршува подоцна (на „Успение”), бидејќи подоцна созреваат плодовите.

Dejan.Trajkov.Preobrazenie4
Молитва за благословување на грозје (овошје)
Боже, Спасителу наш, Кој благоволи да Го наречеш лозје Единородниот Твој Син, Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, и преку Него ни го дарува Плодот на бесмртноста, Самиот Ти, и сега благослови го овој лозов пллод, и нас - Твоите слуги, кои вкусуваме од него, направи нè причесници Твоето вистинско лозје; запази го неоштетен нашиот живот, и дарувај ни секогаш мир; животот наш украси го со Твоите вечни и неисцрпни дарови, по молитвите на Пречистата Владичица наша Богородица и секогаш Дева Марија, и на сите Твои светии кои од памтивек Ти угодиле, зашто си добар и Човекољубев Бог, и Тебе слава Ти вознесуваме, на беспочетниот Твој Отец, со Единородниот Твој Син, и со благиот и животворен Твој Дух, сега и секогаш, и во веки веков. Амин.

 

2023